Забава
Салма Хаек почна кампања за борба против семејното насилство за време на самоизолација
Актерката номинирана за„ Оскар“, Салма Хаек, во средата почна кампања за бротив против насилството врз жените заглавени дома со мерките за самоизолација среде пандемија и ги повика своите милиони следачи на социјалните мрежи да бидат солидарни со жените.
Кампањата #StandWithWomen ќе ја води иницијативата на модниот бренд „Гучи“, Chime For Change, основана од брендот, актерката Хаек и пејачката Бијонсе во 2013 година, и ќе помогне во финансирање организации што се борат против семејното насилство во светот.

„Се повлекуваме во нашите домови за да се заштитиме од заканата од Ковид-19, но што ако нашиот дом e закана?“ вели Хаје во видеото што таа го сподели за своите речиси 15 милиони следачи на „Инстаграм“.
„Важно е да застанеме против родово базирано насилство… Ние можеме да постигнеме промена ако нашите гласови се зближат и заврескаат: Нема повеќе“.
Земји во светот издадоа наредби за престој во домашни услови за да се спречи ширењето на коронавирусот, но мерките може да ги остават жените заробени дома со своите насилници, а не може да бараат помош, пишува „Ројтерс“.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика државите да преземат итна акција за справување со застрашувачкиот глобален пораст на семејното насилство додавајќи дека за многу жени и девојчиња честопати е најопасно кога се во својот дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Три знака кои секогаш ги кршат срцата на оние што се заљубуваат во нив: Харизматични и згодни, но…
Некои луѓе влегуваат во врски со најдобри намери и искреност, но честопати завршуваат со скршени срца.
Не станува збор за намерна суровост, туку за несовпаѓање на очекувањата, непредвидливо однесување или едноставно природа што е тешко да се скроти. Астрологијата покажува дека одредени хороскопски знаци, иако харизматични и привлечни, несвесно предизвикуваат болка кај оние што се заљубуваат во нив. Ова се трите знака кои, дури и кога не сакаат, честопати оставаат емоционални лузни.
Близнаци
Близнаците зрачат со шарм и духовитост, што ги прави исклучително привлечни. Сепак, нивната потреба за слобода и промени е често неподнослива за оние кои бараат стабилност. Во еден момент тие се целосно присутни, а во следниот се дистанцирани. Нивната немирност може да го скрши срцето на секој што се обидува да ги задржи.
Шкорпија
Шкорпиите сакаат интензивно и длабоко, но нивните емоции можат да бидат меч со две острици. Тие имаат високи очекувања, тешко простуваат и брзо ја затвораат вратата ако почувствуваат предавство. Кога ќе се повлечат, тоа го прават нагло и без објаснување, оставајќи ги зад себе луѓето кои не разбираат што се случило.
Стрелец
Стрелците пленат со својата искреност, ентузијазам и позитивна енергија. Но, нивната постојана потрага по слобода и искуства честопати ги води подалеку, додека други штотуку почнале да прават планови. Тие не се злобни, но се недостижни, а ова може да биде најголемата болка за оние што ги сакаат.
Забава
(Видео) Амал Клуни покажа две модни изданија кои ја натераа Италија да ја обожава
Холивудскиот пар Амал и Џорџ Клуни се појавуваат заедно на секој голем настан, па затоа не сакаа да ја пропуштат церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Италија е „центар на светот“ во изминатите неколку дена и ќе остане така до 22 февруари, а големи „виновници“ за ова се познатите ѕвезди кои привлекуваат внимание со својот изглед и модни изданија.
Бидејќи Амал со години важи за една од најстилските жени, логично е да се очекува дека таа и Џорџ ќе бидат следени на секој чекор. Моментално, две нејзини изданија ги воодушевуваат сите, првото при пристигнувањето, а второто за време на гала вечерата организирана во чест на Зимските олимписки игри.
За нејзиното пристигнување во Милано, Амал избра краток црн фустан во комбинација со чизми со животински принт, кои беа ѕвезда на овој аутфит. Станува збор за модел на Версаче кој совршено ги истакна нејзините долги и витки нозе.
Сепак, Амал брзо успеа да ја засени претходната комбинација, појавувајќи се на галата во елегантен фустан со смел деколте, украсен со детали од тил, а сето тоа го комбинираше со црни чевли.
Спектакуларни обетки и чанта заокружија сè, а Клуни блескаше покрај неа во класичен црн костум.
Забава
(Фото) Без филтри, шминка и апликации за разубавување – Адријана Лима го покажа своето вистинско лице
Адријана Лима се смета за една од најубавите жени во светот. Нејзината убавина и заводлив поглед ги освоија луѓето ширум светот, особено познатите дизајнери и модни куќи за кои таа е вечна инспирација и муза.
Често ја гледаме во гламурозни стајлинзи кои привлекуваат воздишки и погледи, но многу ретко во лежерни комбинации. Сепак, сега таа одлучи да нè изненади сите и да ни покаже сосема природен изглед.
Адријана Лима неодамна беше фотографирана на аеродромот во Буенос Аирес, а ги пречека фотографите на странските медиуми со широка насмевка. Познатата Бразилка носеше лежерна комбинација за оваа пригода – широки фармерки и најобична бела маица, кои ја истакнуваа нејзината фигура слична на модел.
Додаде црни очила за да го скрие погледот од љубопитните фотографи, но оваа намера не успеа. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за ниска пунџа која го откриваше нејзиното лице.
New : Adriana Lima at the airport in Buenos Aires pic.twitter.com/HysmUyZs9U
— Victoria’s Secret Actu (@vsactu) February 7, 2026
Со овој изглед, Лима докажа дека не ѝ треба скапа шминка или апликации за убавина за да изгледа беспрекорно.
Затоа, меѓу другото, таа е најбараниот ангел на „Викторијас Сикрет“!

