Забава
Сем Хјуган е фаворит на фановите за следниот Џејмс Бонд
Шкотскиот актер oд „Странец“ (Outlander), кој претходно бил на аудиција за да го глуми тајниот агент 007 во 2006 година, но загубил од Даниел Крег, сега води во најновата анкета во која одговараа речиси 80.000 фанови од целиот свет. Резултатите покажуваат дека 30 отсто од тие што гласале сакаат тој да ја преземе функцијата 007.

Тим Гленфилд, главен уредник и директор на RadioTimes.com, кој го спроведе истражувањето, рече: „Сем е очигледно многу популарен кај фановите, а оваа победа ја зацврстува неговата позиција како еден од главните фаворити за оваа најпожелна филмска улога“.

„Со многуте неверојатни таленти што ќе го наследат Даниел Крег, Сем сигурно има силна конкуренција – но, ова големо гласање за доверба сигурно ќе биде земено предвид од страна на продуцентите на ‘Бонд 26’“.
Актерската легенда Том Харди се најде на „далечното“ второ место со 14 проценти од гласовите (речиси двојно помалку од Сем), а sвездата на Man From UNC.L.E, Хенри Кевил, е трет фаворит со 11 проценти.
Идрис Елба го зазеде четвртото место со 10 проценти од гласовите, а Том Хидлстон ги заокружи првите пет фаворити со пет проценти.
Читателите на „Радио тајмс“ доставија сугестии и предлози на „Твитер“, од кои 20 кандидати во потесен избор, вклучувајќи и две актерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Кралицата на прекрасните облини „гори“ во тесен фустан
Познатата плус-сајз манекенка Ешли Греам повторно блесна, овој пат на гала вечерта „Room to Grow“ во Њујорк и сите гледаа во неа. Плус-сајз е повторно во тренд, ако ја прашате неа!

Ешли беше прогласена за најсекси жена на светот, а со нејзиното неодамнешно појавување на ревијата на Викторија Сикрет, ги остави сите без здив. Но, таа исто така нè потсети уште еднаш на важноста на плус-сајз манекенките, како и на фактот дека стандардите за убавина се менуваат, без разлика дали ни се допаѓа или не.

Овој пат, Ешли беше совршено елегантна. За гала вечерата, таа избра тесен црн фустан покриен со ситни светки, со што ги истакна облините што ја направија позната.
Своето модно издание го комплетираше со спектакуларни сребрени обетки, минимална вечерна шминка и лабава коса. Уште еднаш, Ешли Греам покажа дека не секоја девојка треба да изгледа исто и дека различноста е повеќе од неопходна за сите нас.

Патем, организацијата „Room to Grow“ е хуманитарна организација која обезбедува поддршка на семејства со мали деца, а Ешли е во нејзиниот одбор на директори.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) „Не ме интересира што мислат луѓето, забавно е да се носи секси фустан“
Познатата актерка Дакота Џонсон често е предмет на внимание поради нејзиниот стил на облекување. Холивудската убавица обожава да биде провокативна, но со умереност, а некои дури ја обвинуваат дека е премногу секси.
Дакота се смета и за една од најдуховитите познати личности, а неодамна привлече внимание со изјава за мажите.
Сепак, нејзините голи фустани, по кои е позната, секогаш се многу повеќе во центарот на вниманието, а за ова таа зборуваше во интервју за германското издание на „Вог“.

Новинар ја праша дали проѕирниот фустан е можеби премногу секси, а Дакота имаше подготвен одговор.
„Навистина не ми е гајле. Имав можност да носам некои од најубавите фустани и се чувствувам убаво во нив, па затоа ги носам. Понекогаш тие фустани ми стојат добро, но има и некои што не ми стојат добро. Ако најдам прекрасен фустан во кој се чувствувам удобно, секако дека сакам да го носам. И забавно е да се носи секси фустан“, рече актерката.

Дакота Џонсон најмногу блеска во дизајните на Гучи, и како што истакна, нејзината мајка Мелани Грифит развила силна слика за нејзиното тело уште од мала возраст.
„Мајка ми беше многу отворена за темата тело. Нè научи како да се грижиме за нашите тела и да ги сакаме и мислам дека тоа е навистина важно за едно младо девојче бидејќи постојано ни се вели дека не сме доволно добри“, рече Дакота.

фото: принтскрин
Забава
(Фото) Фаталната манекенка ја покажа својата наследничка: убавицата личи на татка си
Прославената манекенка Алесандра Амбросио воодушеви на црвениот тепих со својата ќерка Ања Амбросио Мазур (17). Мајката и ќерката се појавија на премиерата на „The Secret Agent“ на филмскиот фестивал Браво.
Алесандра ретко се појавува со своите деца, па ова беше вистински исклучок, а подоцна нејзиното момче Бак Палмер им се придружи пред фотографите.

Ова е воедно и нивно прво појавување по големата модна ревија на Викторија Сикрет, каде што манекенката ја „разнесе“ конкуренцијата.
Фаталната Бразилка позираше во долг бел фустан, додека нејзината ќерка Ања се одлучи за сосема спротивното, избирајќи црна креација.

Палмер не заостануваше, а за оваа пригода избра класично црно одело со обична маичка под неа.
Покрај Ања, Алесандра има и син, Ноа, кој има 13 години, а го доби во врската со Џејми Мазур.

Алесандра и Џејми беа во врска десет години, а потоа во 2018 година ставија крај на својата љубов.
фото: принтскрин

