Забава
Сергеј Трифуновиќ пуштен од болницата за кардиоваскуларни болести

Сè почнало нормално, полна сала, актерите Сергеј Трифуновиќ и Воја Брајовиќ на сцената, а потоа, по пет минути, заминуваат еден по друг од сцената и не се враќаат долго.
Кога почнало шушкањето во публиката, Сергеј се вратил на сцената и изјавил дека се обидел да игра, но не успеал бидејќи не се чувствува добро и ја замолил публиката да разбере дека мора да ја откаже претставата вечерта.
Кога му се слошило, актерот бил транспортиран на Институтот за кардиоваскуларни болести, каде што бил детаљно прегледан, а потоа пуштен со совет да се јави кај својот лекар за натамошни контроли.
Како потсетување, на актерот му се слоши само неколку минути по почетокот на претставата „Воз“, која требаше да се одржи во Младинскиот театар во Нови Сад.
Новосадската публика го испрати со аплауз, а дел од публиката остана да седи на своите седишта надевајќи се дека тоа е театарски трик, пренесуваат новосадските медиуми. Меѓутоа, многу бргу стана јасно дека претставата навистина е откажана, особено по сирените на брзата помош, која на носила го внесе актерот во возилото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Снимка од настап на Лејди Гага стана вирална, микрофонот и се расипа среде песна: „Барем знаете дека пеам во живо!“

Лејди Гага доживеа незгода за време на нејзиниот настап на вториот викенд на фестивалот Коачела. Среде изведување на песната Абракадабра, на пејачката и се расипа микрофонот, но таа продолжи да пее.
Некој од публиката објави видео од незгодата на Икс. На видеото Гага им се обрати на присутните коментирајќи го инцидентот. „Простете ми што накратко ми се расипа микрофонот… Барем знаете дека пеам во живо!“, се пошегува таа.
Забава
Познатата манекенка отворено зборуваше за естетските зафати кои ги имала

Манекенката Кристи Бринкли (71) продолжува да привлекува внимание со својот младешки изглед, а сега отворено проговори за естетските третмани на кои повремено се подложува, нагласувајќи дека нејзиното здравје е поважно од совршената кожа.
Во интервју за „Пипл“, таа откри дека користи ласерски третмани, повремено се одлучува за филери и дека ботоксот не и е непознат. Сепак, Бринкли тврди дека нејзината цел не е целосно да ги избрише знаците на стареење: „Најчесто правам ласери. Не се обидувам да се ослободам од секоја брчка“, рече таа.
„Пробав филери и одам на лекар, но не сакам да изгледам испеглано или вештачко. Неодамна направив Fraxel затоа што имав рак на кожата – тој третман помага да се отстранат преканцерозните клетки. За мене тоа сега е повеќе здравствен проблем”, додаде таа.
Бринкли, чија автобиографија Uptown Girl излегува на крајот на април, претходно нагласи дека не сака да ги избрише сите траги од животот од нејзиното лице: „Сакам да задржам неколку брчки. Тоа е мојот начин да го прифатам стареењето“.
Покрај ласер, таа признава дека двапати користела ботокс, но не била воодушевена: „Моето чело изгледаше мазно, но првиот пат веѓата ми се спушти. Не ми беше удобно“.
Денес, таа користи инјекции само еднаш годишно, за фините линии околу устата. „Сега сум повеќе во ред со тоа што работите остануваат такви какви што се“, рече таа.
Забава
Мадона сними видео за „Тик-ток“ со своето момче, го покажа лицето без шминка

Мадона (66) објави видео на „Тик-ток“ со нејзиното момче Аким Морис (28).
Во видеото, пејачката и нејзиното момче го рекреираат танцот од серијата „Принцот од Бел-Ер“. Во видеото Мадона нема шминка на лицето.
@madonna 👀 #fyp ♬ Anxiety – Doechii
Мадона ја објави нивната врска на Инстаграм во јули минатата година кога објави фотографии од нив на социјалните мрежи. Тие, наводно, се разделиле во октомври 2024 година, но брзо се помириле.