Забава
Сер Елтон Џон го критикува одбивањето на Ватикан да благослови истополови бракови
73-годишниот музичар – кој се венча со Дејвид Фурниш во 2014 година – се насочи против Ватикан и папата Франциско кога во понеделникот (15 март), беше објавено дека Католичката црква нема да благословува истополови бракови бидејќи тие сè уште сметаат дека тоа е грев.
Елтон ја нападна институцијата на „Твитер“ посочувајќи дека Ватикан вложил милиони долари во неговиот биографски филм „Рокетман“, кој детаљно го опишува неговиот подем до музичка ѕвезда и евентуален брак со Дејвид, и така заработил пари од приказната за ЛГБТК.
Тој напиша: „Како може Ватикан да одбие да ги благослови хомосексуалните бракови затоа што тие наводно се грев, но сепак среќно да профитира од инвестирање милиони во ‘Рокетман’, филм што го слави моето пронаоѓање среќа во бракот со Дејвид? Лицемерство“.
Хиткејкерот – кој со Давид ги има синовите Захари (10) и Елајџа (8) – додаде и скриншот од напис во 2019 година, кој известува за финансиите на Ватикан и ја потенцира сумата од 4,5 милиони долари што Ватикан ги донирал за два филма во 2019 година – „Рокетмен“ и „Луѓе во црно: Интернационала“.
Твитот на Елтон доаѓа откако Ватикан објави документ на две страници, во кој се објаснува нивната одлука да не благословуваат истополови бракови.
Ватикан исто така инсистира на тоа дека Католичката црква сè уште ќе ги пречекува и благословува ЛГБТК луѓето, но не и нивните правни заедници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Астролозите тврдат: Овие хороскопски знаци се најдобри шефови
Некои хороскопски знаци, според астролозите, особено добро се снаоѓаат во улога на раководители. Наведени се четири знаци кои важат за најуспешни шефови, бидејќи умеат да мотивираат, да носат одлуки и да создадат стабилна и продуктивна работна атмосфера.
Лав
Шеф што мотивира со харизма и самодоверба. Создава средина во која луѓето се чувствуваат ценети и охрабрени. Знае да претвори блокади во можности и да поттикне ентузијазам.
Јарец
Професионален и дисциплиниран лидер на кого му се верува. Донесува промислени и долгорочни одлуки, поставува јасна структура и ги вреднува резултатите, но и трудот на тимот.
Вага
Шеф кој одржува мир и праведност. Создава работна атмосфера во која луѓето се чувствуваат почитувани. Спречува и решава конфликти дипломатски и поттикнува тимски дијалог.
Водолија
Визионерски и иновативен тип лидер. Охрабрува нови идеи и креативни пристапи, не води строго хиерархиски, туку преку отвореност и слобода за истражување и предлози.
Забава
Леонардо ди Каприо откри кој му е омилен актер на сите времиња
Леонардо ди Каприо, кој во кариера долга повеќе од три децении соработувал со бројни филмски легенди, изјави дека неговиот омилен актер на сите времиња е Роберт де Ниро.
Ди Каприо првпат работел со Де Ниро како тинејџер во драмата „Животот на момчето“, каде што актерот бил лично избран од Де Ниро, што ја означило почетната точка на неговата кариера. Ди Каприо се сеќава дека имал 15 години и дека снимањето било пресвртно искуство: „Да се гледа неговата посветеност на сет беше едно од највлијателните искуства во мојот живот“, изјавил тој за „Тајм аут“.
Де Ниро и Ди Каприо важат за актери најтесно поврзани со Скорсезе – Де Ниро има снимано 10 филмови, а Ди Каприо шест со него.
Забава
Трајна забрана за приближување за сопругот на Дениз Ричардс по обвинувања за злоупотреба
Дениз Ричардс изјави дека се чувствува добро откако судот одобрил трајна забрана за приближување за нејзиниот отуѓен сопруг, со важност до 7 ноември 2030 година. Забраната опфаќа приближување на помалку од 90 метри до актерката и нејзиното работно место, како и целосна забрана за контакт.
Ричардс настанот го прокоментирала на „Браво Кон“, наведувајќи дека процесот е тежок и дека има силна поддршка. Таа оценила дека е многу застрашувачки да се минува низ развод во јавност и дека во реалити-програмите приватниот живот е целосно изложен.
Актерката во јули поднела барање за развод, обвинувајќи го својот сопруг Арон Фајперс за често и насилно злоупотребување. Фајперс ги негира обвинувањата и по судската одлука изјавил дека сакал пресудата да биде поинаква.
Во октомври, за време на сослушување за продолжување на привремената мерка, сведочела и неговата братучетка Кетлин Мекалистер, по што Фајперс бил уапсен во судницата. Минатиот месец против него биле подигнати обвиненија за нанесување телесни повреди на сопружник и за попречување на сведоци со сила или закана. Тој бил пуштен на слобода по уплата на кауција од 200.000 долари.
Фајперс, пак, возвратно ја обвинил Ричардс за неверство и вознемирување – обвинувања што актерката ги демантира. Постапката за развод сè уште трае.

