Забава
Се сеќавате на момчето од чоколадо киндер: можеби ќе ве изненади како изгледа сега
Препознатливото лице на насмеано момче го красеше чоколадното пакување киндер од 2004 до 2019 година, а многумина се прашуваа кое е всушност момчето. Извесен период имаше шпекулации дека станува збор за англискиот модел Џош Бејтсон, но манекенот Матео Фарнети од Болоња ја разреши мистеријата кога беше објавено интервју со него во италијанскиот медиум „Кориере дела сера“.
View this post on Instagram
„Јас сум детето од амбалажата на популарната детска чоколада!“, изјави 31-годишниот модел Матео откривајќи дека тој бил лицето на пакувањето во тој период.
Неговото тврдење го потврди и „Фереро“, а Матео објасни дека со години морал да ја крие вистината поради договорот со Фереро.
View this post on Instagram
„Поради договорот со ‘Фереро’ не можев да давам интервјуа“, објасни тој и додаде дека решил да стави крај на шпекулациите бидејќи со текот на годините се појавувале разни модели кои тврделе дека тие се заштитно лице на амбалажата.
„Решив да ставам крај. Не е пријатно кога гледаш како другите ја покажуваат твојата фотографија и тврдат дека тоа се тие“, објасни тој. Сепак, тој откри дека со задоволство се сеќава на своето време како заштитно лице на чоколадото.
View this post on Instagram
„На училиште, на ручек, моите пријатели извадија чоколадо и ме прашаа: ‘Мати, тоа ти ли си’“?, се присетува Матео, кој денес работи како модел и студира спортски менаџмент, а неговите објави го привлекуваат вниманието на женските следбеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знаци кои успеваат и кога се под најголем притисок
Постојат луѓе кои под притисок не губат концентрација, туку стануваат поефикасни. Според хороскопот, овие знаци најчесто успеваат дури и кога условите се најтешки:
Јарец – најдобро функционира кога е најтешко. Не се плаши од одговорност и секогаш останува рационален и смирен, користејќи го притисокот во своја корист.
Шкорпија – има силна внатрешна контрола и не паничи кога другите го прават тоа. Знае да ги анализира ситуациите и да донесе ладнокрвни одлуки.
Девица – логична, организирана и аналитична. Во кризни моменти не губи време, туку веднаш бара решение.
Овен – се мотивира кога ситуацијата станува сериозна. Притисокот кај него го буди натпреварувачкиот дух и ја засилува одлучноста.
Забава
Се скри зад долгата коса и брада: никој не го препозна познатиот актер на црвениот тепих
Познатиот британски актер Дејвид Трелфол ги изненади сите со своето најново појавување на црвениот тепих, каде што многумина не го препознаа. Со долга седа коса, брада и опуштен изглед – панталони, маица, сако и сив шал – актерот изгледал сосема поинаку од порано.
Трелфол е најпознат по улогата на Френк Галагер во серијата „Шејмлес“, но ретко се појавува во јавност и го чува приватниот живот подалеку од медиумите. Познато е дека од 1995 година е во брак со босанската актерка Брана Бајиќ.
Во новата серија „Смртта на Бани Манро“ тој го толкува ликот на постариот Бани, кој по самоубиството на сопругата се обидува да се справи со родителството и сопствената зависност од секс.
Забава
Француска казна за „мачор-престапник“ – сопственичка плати 1.250 евра бидејќи мачката одела кај соседот
Суд во францускиот град Безје ја казнил Доминик Валдије со 1.250 евра затоа што нејзиниот портокалов мачор Реми редовно одел кај соседот и правел штета — оставајќи траги од шепи, мокрејќи по ќебиња и вршејќи нужда во дворот. Пресудата предвидува и дополнителна глоба од 30 евра секој пат кога мачорот повторно ќе ја премине оградата.
Организацијата за заштита на животни (SPA) предупреди дека случајот може да создаде правен преседан што би ја ограничил слободата на мачките да се движат во својата околина и би ги одвратил луѓето од нивно вдомување.
Валдије вели дека сега го држи Реми затворен во куќата: „Се здебели и стана агресивен. Како да му е изречена домашна казна.“ Дел од соседите ја поддржуваат, оценувајќи дека пресудата е апсурдна и штетна за сите сопственици на животни.

