Забава
Синот на Бритни Спирс: Би сакал повторно да ја видам, се надевам дека ќе разговараме нормално
По изјавата на поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, претходно овој месец дека нивните синови Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15) не сакаат да ја видат мајка си, Џејден за британските медиуми изјави дека и тој и Престон го сакаат само најдоброто за својата мајка.
Во серија интервјуа, кои сè уште не се емитувани, Џејден, како што пренесува весникот „Сан“, ѝ порачува на својата мајка: „Те сакам и ти посакувам само најдобро. Можеби еден ден ќе седнеме заедно и ќе разговараме нормално“.

Тој додава дека околината што таа ја создала не била погодна за него и за брат му. „Кога имаш 10 или 11 години, тогаш почнуваш да разбираш некои работи. Нема омраза таму… Навистина би сакал да ја видам повторно. Тоа би ме направило среќен, а и Престон“.
Момчињата моментно живеат во Лос Анџелес со татко им и неговата сопруга Викторија Принс, поранешна одбојкарка. Тие не се појавија на венчавката на Бритни и Сем Асгари иако беа поканети.
„Едноставно, не беше вистинското време за тоа. Не велам дека не сум среќен за неа. Среќен сум за нив, но таа не го покани целото семејство. Да отидевме само јас и Престон, тоа сигурно ќе завршеше со семејна кавга“, вели Џејден.
Бритни позира со синовите Џејден (лево) и Шон (десно) на стадионот „Доџер“ во 2013 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ана Ивановиќ објави фотографии од дочекот на Нова година: Еве што си посака себеси
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ објави неколку фотографии на кои позира покрај елка и ја покажува модната комбинација што ја носеше за Нова Година. Таа е облечена во сребрен фустан со светки и сребрени сандали, а комбинацијата ја комплетираше со часовник и обетки.
„2025… ти благодарам што си и најсилниот и најубавиот учител што некогаш можев да го побарам. Ти благодарам за лекциите, предизвиците и што ми покажа каде сè уште треба да растам. Влегувам во 2026 година со мир во срцето и голеа возбудува за сè што доаѓа. И низ сето тоа, засекогаш сум благодарна на моето семејство и пријатели – твојата љубов ме носеше повеќе отколку што некогаш ќе знаеш.“,
View this post on Instagram
За потсетување, 2025 година на Ана беше обележана со крајот на нејзиниот брак. Нејзиниот адвокат Кристијан Шерц потврди за германскиот „Билд“ кон крајот на јули дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал Бастијан Швајнштајгер официјално се разделиле.
Ивановиќ и Швајнштајгер се венчаа во Венеција во 2016 година. Заедно имаат три сина: Лука, Леон и Тео, а својот семеен живот го поминуваа помеѓу Чикаго, Белград, Минхен и Мајорка.
фото/ЕПА
Забава
Ќерката на Томи Ли Џонс пронајдена мртва во хотел
Викторија Џонс, 34-годишната ќерка на славниот актер Томи Ли Џонс, беше пронајдена мртва во четврток, 1 јануари, во хотелска соба во Сан Франциско, објави People.
Веста првпат ја објави TMZ, повикувајќи се на полициски извори. Противпожарната служба на Сан Франциско потврди дека добиле повик за итна медицинска интервенција во хотелот Сан Франциско Фермонт кратко пред 3 часот наутро по локално време на Нова Година.
Полициската служба на Сан Франциско, исто така, потврди дека нивните полицајци отишле на местото на настанот каде што е пронајдено мртво возрасно женско лице. Иако идентитетот не е официјално објавен, полициски извор изјави за NBC Bay Area дека се верува дека станува збор за Викторија. Причината за смртта сè уште не е позната.
Викторија е ќерка на 79-годишниот Томи и неговата поранешна сопруга Кимберли Клафли. Двојката има и 43-годишен син, Остин Џонс.
Во помладите денови, таа се обидела да глуми. Првата улога ја имала во 2002 година во филмот на нејзиниот татко „Мажи во црно II“. Три години подоцна, таа се појави во филмот „Трите погреби на Мелкијадес Естрада“, кој го режираше нејзиниот татко. Таа, исто така, се појави како гостин во епизода од популарната тинејџерска серија „One Tree Hill“ во 2003 година.
Нејзиниот татко, Томи Ли Џонс, е познат добитник на Оскар, а ја освои и престижната награда за најдобар спореден глумец во 1993 година за неговата улога во филмот „Бегалецот“. Тој е познат и по своите улоги во филмови како „JFK“, франшизата „Мажи во црно“, „Нема земја за стари луѓе“ и „Линколн“.
Претставниците на Томи Ли Џонс сè уште не дале коментар за трагичниот настан.
фото/депозитфотос
Забава
(Видео) Даниел Данн објави нова песна „Ќе се шекнам“
Даниел Данн со новиот сингл и видео запис „Ќе се шекнам“ ја започнува новата година. Песната е дел од EP изданието „TOP“, објавено под етикетата UP28 Music.
Автор и продуцент на песната е Александар Ристовски – Принц, кој со својата поддршка и креативна соработка придонесе Daniel Dann повторно активно да се врати на музичкото творештво и да започне со реализација на нови проекти.
Видеото е реализирано во продукција на Hit Maker, кои воедно му ја доделија и наградата за машки артист на годината. Во спотот учествуваат истакнати танчери и кореографи Даниел Коцев, Леонтина Ѓорѓиевска и Стефи Здравковска, додека за мејкапот е задолжена Марија Лазарова (Trend AS by ML).
„Среќен сум што токму со ‘Ќе се шекнам’ ја започнувам новата година. Овој проект за мене претставува нов почеток и силна мотивација со уште поголема посветеност да продолжам со реализација на следните музички проекти.“, вели Даниел Данн.
Песната „Ќе се шекнам“ од денес е достапна на сите музички платформи.

