Забава
Синот на Николас Кејџ избегна затвор, ќе се лекува на психијатрија

Вестон Кејџ Копола, син на актерите Николас Кејџ и Кристинa Фултон, избегна да оди во затвор, но ќе мора да учествува во двегодишна програма за психијатриски третман.
Вестон Кејџ е обвинет за насилен напад на мајка си и нејзин пријател пред неговиот стан минатата година.
„Господин Кејџ страда од ментално нарушување, кое го квалификува за оваа програма“, рече судијата од Лос Анџелес, Енрике Монгија, на сослушувањето, пренесува „Ролинг стоунс“.
Адвокатот на Вестон побара да му се определи поинаков третман наведувајќи дека неговиот клиент бил подложен на интензивно болничко и амбулантно лекување по инцидентот на 28 април 2024 година. Тој исто така додаде дека Вестон оттогаш е целосно трезен.
„Тој не се чувствувал толку добро со години. Тој е ментално стабилен, набргу ќе се ожени, се пресели од својот стар стан и навистина напредува“, рече адвокатот Мајкл А. Голдстајн.
Кристина Фултон, мајката на Вестон, присуствуваше на сослушувањето и рече дека го поддржува третманот како алтернатива на затворот.
Таа претходно го опиша нападот во стравотно сведочење велејќи дека за малку ќе го загубeла животот. „Ништо не ме подготви за 28 април 2024 година ноќта кога мојот син за малку ќе ми го одземеше животот“, рече Фултон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) По чоколадата, Дубаи доби нов гастрономски хит!

По виралната „дубаи чоколада“, од Емиратите доаѓа нов гастрономски тренд – кроасан пица.
Станува збор за комбинација на слоевит кроасан кој служи како кора, со сос од домати, сирење и преливи. Новитетот првпат го претстави Papa John’s во Дубаи, а реакциите на публиката се одлични.
@ahlanlivedubai @Papa Johns AE ♬ ECE Marketing Airball – EC Equine Marketing
Кроасан пицата веќе е хит на TikTok и Instagram, каде инфлуенсери и блогери објавуваат видеа со своите први залци. Очекувањата се дека наскоро ќе се појави и во пицерии низ светот.
Забава
Четири хороскопски знаци кои најчесто ги изневеруваат своите партнери

Астролозите издвојуваат четири знаци кои, поради својата природа, се посклони кон неверство:
Близнаци – брзо им здосадува, па во потрага по ново возбудување често преминуваат граници.
Стрелец – љубители на слобода и авантура, кога врската станува рутина бараат возбуда на друго место.
Вага – нивната потреба за внимание и шармантност лесно ги носат во паралелни односи.
Риби – емотивни и чувствителни, кога се чувствуваат осамено или неразбрано бараат утеха кај друг.
Забава
(Видео) Инфлуенсерка нападна жена во теретана бидејќи ѝ упаднала во кадар, реакциите жестоки

Видеоснимка од теретана стана вирална на TikTok откако инфлуенсерката Џенифер (@jenniferrpicone) остро реагирала на жена која вежбала во позадина додека таа снимала.
„Зошто стоиш таму?“ ја прашала, а кога добила одговор „Што ти е гајле?“, инфлуенсерката возвратила: „Затоа што ме нервираш“.
@jenniferrpicone She did that 💩on purpose 🤪 #gymtok #fyp ♬ original sound – Jennifer R. Picone
Видеото завршува со нејзина порака: „Лекција од бонтон во теретана #47: Не фотобомбирај креатор на содржина“.
Реакциите на TikTok беа бурни – многумина ја обвинија за ароганција и ја потсетија дека правилото број еден во теретана е „биди пристоен“.
Познатиот фитнес инфлуенсер Џои Свол ја нарече нејзината реакција глупава и ѝ порача дека ако не сака луѓе во кадар – треба да си изгради домашна теретана.