Забава
Сите дадилки што Џенифер Лопез ги ангажирала за своите деца си заминале за седум дена: причината е прилично бизарна
Познатата Џенифер Лопез ги има близнаците Максимилијан и Ема со својот поранешен сопруг, пејачот Марк Ентони.
Како што еднаш и самата призна, на почетокот имала големи проблеми да најде дадилка за своите деца.
„Не можете да замислите како е да се биде мајка додека не станеш мајка. Постојано им давав совети на пријателите што имаат деца, а тие ме гледаа како да имам три глави. А потоа, кога ги добив двајцата, буквално им се извинив на сите мои пријатели“, изјавила тогаш таа, пренесува Yourtango.
Како што еднаш рекол извор близок до Лопез, првата дадилка што таа и Марк ја ангажирале дала отказ по една недела.
„Обично луѓето што заработуваат огромни суми пари и имаат многу професионални и социјални обврски ангажираат дадилка за секое дете, особено за новороденчиња. Но, како Џенифер да очекувала дека дадилката не само што треба да се грижи за близнаците туку и да работи 16 часа, седум дена во неделата“, рекол извор за „Тудеј“, пренесува споменатиот медиум.
Меѓутоа, тоа се случило и со другата дадилка.
„Тие најмија друга дадилка, која беше прекрасна со близнаците, но таа не можеше да работи толку многу часови без пауза. По отказот на дадилката, парот почна очајно да бара трета дадилка“, додал тогаш изворот.
Самата Џенифер пред неколку години истакна дека нејзината работа многу влијае на времето што го поминува со своите деца.
„Мојот син неодамна ми рече: Мамо, би сакал да имам пикник со тебе оваа недела бидејќи знам дека си работелa напорно. Беше со мене во Њујорк, но сепак ми рече: Би сакал да закажам пикник за следниот петок бидејќи ни треба повеќе квалитетно време. Јас му одговорив: Во ред, душо“, истакна таа, пренесува Yourtango.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Ноќта на вештерките
Меѓу контроверзиите околу градежните работи во Белата куќа, Меланија Трамп ги покажа своите декорации за Ноќта на вештерките, подготвувајќи се за традиционалната прослава што ќе се одржи недалеку од срушеното Источно крило.
Нејзината канцеларија објави фотографии од подготовките со порака: „Белата куќа се подготвува за Ноќта на вештерките 🎃“.
The @whitehouse is getting ready for Halloween 🎃 pic.twitter.com/J7LAs6hqfl
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) October 28, 2025
Есенска атмосфера и многу тикви
За разлика од претходните години, Меланија се чини дека се одлучила за поедноставна декорација за претстојната Ноќ на вештерките. Задниот влез и скалите се покриени со тикви, додека шарени лисја ги красат столбовите на тремот. Целокупниот впечаток повеќе потсетува на есенска тема отколку на Ноќта на вештерките, што можеби била намерна одлука за да не се исплашат најмладите гости кои доаѓаат на традиционалното собирање слатки.
Забава
Меган Фокс за мајчинството: Не сум спиела седум месеци
Американската актерка Меган Фокс (39) искрено проговори за предизвиците на мајчинството по раѓањето на ќерката Сага, која ја доби со свршеникот Колсон Бејкер.
На проекција на филмот Jennifer’s Body во Лос Анџелес, Фокс откри дека по породувањето, се соочува со силна исцрпеност.
„Само што родив бебе и страдам. Не сум спиела седум месеци“, изјавила таа објаснувајќи дека има тешкотии со концентрацијата и со меморијата.
Актерката додала дека по породувањето, се споредила со трансформацијата на својот лик во чудовиште од филмот, алудирајќи на психолошките промени што ги чувствува.
Иако постојат шпекулации за развод, таа и сопругот останале заедно и по тешкиот период, вклучувајќи го губењето на бременоста во 2023 година, што Меган го опиша како длабоко емотивно и болно искуство.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон во спектакуларен фустан: актерката во креација на „Валентино“ по шест години
Популарната актерка Дакота Џонсон блесна на настанот Vogue World 2025: Hollywood кога се појави во спектакуларен фустан од модната куќа „Валентино“ и покажа зошто е една од најзаводливите холивудски ѕвезди.
Интересно е што таа не ги носела креациите на оваа престижна италијанска модна куќа на црвениот тепих веќе шест години, но соработката е обновена и сигурно ќе уживаме во нејзините спектакуларни изданија и во наредниот период.
@dakotajohnsonarg this cutieeeee!!! 💗🤏🏻🥹 #dakotajohnson #VogueWorld #vogue #voguemagazine #hollywood ♬ what is love haddaway – whitelinesprettybabyy
Дакота, во соработка со стилистката Кејт Јанг, избра многу впечатлива креација од колекцијата пролет 2026, фустан украсен со мониста во нежни, пастелни бои по целата должина.
Инспириран е од 20-тите, а е посебен поради везот на деколтето и делумно проѕирниот дел од тил во нежно розова боја. Друг интересен детаљ е високата јака, која исто така е изработена од тил, но во друга боја. Со овој фантастичен фустан Дакота избра нежно розови чевли од „Валентино“, како и дискретен накит.
@gbr.mag me encontro obcecada pelo look da dakota johnson no vogue world 🥹🤍 #tiktokfashion #dakotajohnson #vogueworld #fashion #moda ♬ original sound – lana del rey ୨୧
Провокативната и ефектна комбинација ја комплетира со црна чанта, а додека фотографите ја фотографираа, таа не можеше да ја тргне насмевката од лицето.
фото: принтскрин

