Забава
Славните личности испратија порака: Доста е, земјата мора да се промени

Американски актери и музичари го кренаа гласот по трагедијата што се случи во основно училиште во Тексас и повикаа на построга контрола на оружјето во земјата.
Актерката Блејк Лајвли сподели серија твитови со податоци за деца што настрадале од оружје во САД и порача дека е крајно време да се стави крај на насилството предизвикано со оружје.
„Доколку чекавте знак за да се вклучите во движењето EndGunViolence, ова е тоa“, твитна Лајвли.
Клинт Смит твитна: „Ова беа ученици од основно училиште. Тие се разбудиле ова утро, ги изеле своите омилени житни зрна за појадок, се смееле со своите другари во автобусот, а сега повеќе од 10 се мртви. Ова не е нормално. И не мора да биде вака. И не смее да биде вака“.
„Мака ми е. Испраќам љубов и молитви до семејствата погодени од оваа трагедија“, напиша Кендал Џенер.
Моделот Криси Тајген исто така повика на посилна контрола на оружјето.
Се огласи и Ким Кардашјан. Таа сподели графичка порака дека ништо не се презема систематски за да се спречат вакви настани.
Се огласи и актерката Кери Вашингтон. „Како мајка, ова ми е трагично незамисливо. Училиштето треба да биде БЕЗБЕДНО место. Моето срце се кине од болката и страдањето на секој член на семејствата и личностите поврзани со денешните настани во Тексас. Моите молитви се со вас“, напиша таа.
„Нешто треба да се промени во оваа земја!“, порачаа членовите на бендот Chainsmoker. „Ние сме единствената земја во која децата одат на училиште и може да завршат застрелани“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.