Забава
Славни личности што кралицата Елизабета Втора ги прогласи за витези и дами
Елизабета Втора во текот на своето владеење додели многубројни медали од Кралскиот викторијански ред, а некои од нив добија и познати и славни личности.
Еден од музичарите што ја доби титулата сер е секако славниот „битлс“ Пол Макартни. Мекартни ја доби честа во 1997 година, неколку децении по крајот на битлманијата. Во таа пригода изјави дека се гордее што е Британец и дека поминал долг пат „од малата тераса во Ливерпул“, а титулата им ја посвети на своите колеги од бендот.

Следната година таа го прогласи Елтон Џон за витез. Тој ѝ беше долгогодишен пријател на принцезата Дијана. Џон ја доби титулата за неговото музичко дело, но и за неговото добротворство. „Исклучително се гордеам. Ја сакам мојата земја и мило ми е што ме препознаваат на овој начин“, изјави пејачот.
На почетокот на милениумот кралицата ѝ ја додели титулата дама на актерката Елизабет Тејлор за нејзината уметничка работа, но и за нејзиниот придонес во истражувањето на сидата.
Неколку години подоцна, во 2003 година, актерката Хелен Мирен исто така беше прогласена за дама. Таа призна дека на почетокот се двоумела во врска со прифаќањето на титулата бидејќи не сакала да биде дел од естаблишментот, но на крајот ја прифатила поради сеќавањето на нејзините родители. Мирен ја глуми Елизабета Втора во филмот „Кралицата“ од 2006 година. За оваа улога таа доби „Оскар“.
Еден од познатите што кралицата го прогласи за витез, а кој не е од светот на музиката или филмот, е Бил Гејтс. Основачот на „Мајкрософт“ стана почесен витез во 2005 година за неговата посветена филантропија.

Анџелина Џоли стана почесна дама истата година. Кралицата ја почести за нејзината хуманитарна работа и борбата против сексуалното насилство.

„Ова признание ми значи многу бидејќи сакам да го посветам целиот мој живот на борбата против сексуалното насилство“, изјави Џоли за Би-би-си во таа пригода.
Меѓу прогласените титула дама добија и Ема Томпсон, Џуди Денч, Меги Смит, Хелен Мирен, Лиз Тејлор и Џули Ендрјус, а сер добија Пол Макартни, Мик Џегер и Мајкл Кејн.
Во 2017 година главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур, беше прогласена за дама.

Кога кралицата Елизабета ѝ го подари брошот на Винтур, монархињата се потруди да го закачи на облеката на славната уредничка. Винтур ги извади препознатливите очила, што се случува многу ретко или никогаш, за да ја прифати честа. „Очигледно, ова е град во кој пораснав, град кон кој имам толку многу наклонетост и љубов“, изјави тогаш Винтур за „Гардијан“. „Секогаш е прекрасно да се добие награда, но оваа е екстра посебна“.
Луис Хамилтон, седумкратниот светски шампион во Формула 1, беше прогласен за витез за неговите заслуги во мотоспортот на церемонија во замокот Виндзор на 15 декември минатата година.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.

