Забава
Снуп Дог донира облека за жртвите од пожарот во Лос Анџелес
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/snupdog.jpg)
Снуп Дог обожавателите го нарекуваат вистински херој за неговата дарежлива донација за помош на погодените од пожарите во Лос Анџелес.
Поминаа повеќе денови откако 180.000 луѓе избегаа од Лос Анџелес поради огромните шумски пожари кои се проширија. Бидејќи Лос Анџелес е дом на бројни холивудски ѕвезди, многу од нив им помагаат на другите погодени од трагедијата. Меѓу нив е и Парис Хилтон, која донирала 100.000 долари на фондот за итни случаи и покрај тоа што ја изгубила сопствената куќа во Малибу во пожарот.
Сега Снуп Дог одлучи да се придружи и да му помогне на својот град. Познатиот рапер најави дека неговата продавница за облека во Инглвуд ќе обезбедува облека за луѓето погодени од пожарите. Неговата компанија Snoopysclothing на својот профил на Инстаграм напиша: „Длабоко сме погодени и изразуваме сочувство до сите оние кои ги загубија животите во овие пожари“.
„Ве молиме застанете и земете ја облеката што ја имаме на располагање за да ви помогнеме вам и на вашето семејство во овие тешки моменти, потполно бесплатно. Потребни се лични документи и адреса“, додаваат тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Забава
(Видео) Интервју на Блејк Лајвли од 2022 година стана вирално: „Треба да имам поголема контрола во филмовите“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/blejk-l.jpg)
Драмата околу Џастин Балдони и Блејк Лајвли сè уште не се смирува. Во екот на нивните меѓусебни тужби, луѓето почнаа да пишуваат за едно претходно интервју на Лајвли, во кое таа призна дека сака да ја преземе креативната контрола во филмовите во кои глуми.
Лајвли беше гостин на „Форбс Пауер“ женскиот самит во 2022 година. Во видеото од самитот, Лајвли опиша како сакала да доаѓа на состаноци за снимање „само како актерка“ пред да открие дека сака да има повеќе „авторство“ во проектот.
„Кога одев на состаноци, велев дека сум само актерка и дека само сакам да ја добијам улогата. Не открив дека треба да имам поголема контрола за да се чувствувам исполнето. За продуцентите тоа беше како да ја вадам земјата од под нив, како да се обидувам да влезам некаде каде што не ми е местото“, изјави актерката.
@bee.better.company A deep dive into the most recent lawsuit against Blake Lively and Ryan Reynolds. #deepdive #longvideo #videoessay #ryanreynolds #itendswithus #blake #lively #ryan #colleenhoover #beebetter #downfall #lawsuit #part1 ♬ original sound – Bee better
Интервјуто е направено две години пред снимањето на филмот It Ends With Us, поради кој започна целата драма. Во декември минатата година, Блејк го тужеше својот колега Џастин Балдони за сексуално вознемирување на снимањето. Балдони одговори со поднесување тужба против неа и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, барајќи отштета од 400 милиони долари.
Забава
Ким Кардашијан се појави во проѕирно трико, веднаш почнаа споредбите со Бјанка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/kimk.jpg)
Риалити ѕвездата, Ким Кардашијан објави ново видео на Инстаграм кое остави многумина во чудо.
Како дел од кампањата за нејзиниот бренд Skims, Ким се појави во трико во боја на кожа, поради што многумина (повторно) ја споредуваат со Бјанка Ценсори, сопругата на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест.
„Изгледа како Бјанка на црвениот тепих“, „Мислев дека тоа е Бјанка Ценсори“, „Ким личи на Бјанка“, „О, мислев дека тоа е Бјанка“, „Бјанка Ценсори, ти ли?“, „Таа навистина личи на Бјанка овде“, напишаа луѓето во коментарите.
Забава
Бред Пит го покажа своето голо истетовирано торзо и ги полуде обожавателите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-13-070346.jpg)
Бред Пит го покажа своето голо торзо и ги воодушеви обожавателите ширум светот. Во новата промотивна фотографија за новиот филм на Ф1, 61-годишниот актер откри импресивен број тетоважи, меѓу кои и посвета на Анџелина Џоли, нивните шест деца и натписи со лично значење.
На фотографијата додека лежи на жолт кауч облечен во светли панталони, на градите и рацете му се видливи низа натписи и симболи. Тетоважите се вистински, а не се дел од неговата филмска улога.
Бред почнал да се тетовира за време на врската со Анџелина Џоли, која е позната по бројните тетоважи, а многумина забележале дека некои негови тетоважи наликуваат на нејзините.
Тетоважите на Пит имаат различно значење, пренесува Дејли Мејл. На неговата лева подлактица има француска фраза што се преведува како „животот е апсурден“. На своето тело носи и скица од најстарата мумија на светот. Под неа стои натписот Invictus (латински „непобедлив“), напишан со големи букви.
На десната рака има долга, тенка вертикална линија која се вкрстува со хоризонтална линија под зглобот, формирајќи крст. На телото има и неколку посвети за Анџелина, како датумот на раѓање на долниот дел од торзото и буквата „А“. Тој ги истетовира и иницијалите на сите шест нивни деца: „М“ за Медокс, „П“ за Пакс, „З“ за Захара, „С“ за Шајло, „К“ за Нокс и „В“ за Вивиен.
Иако претходно само повремено покажуваше поединечни тетоважи на раката или ногата, новата фотографија ги изненади обожавателите кои не знаеја дека тој е вистински љубител на тетоважите.
„Бред Пит без кошула. Денот ми е моментално подобар“, „Еве ме, се топам“, се само дел од коментарите на неговите обожаватели.