Забава
Сопругата на Коби Брајант ги блокираше страниците на кои се спомнува неговото име
Откако ги загуби сопругот Коби Брајант и ќерката Џиџи кон крајот на јануари, Ванеса Брајант собра сили да се обрати пред јавноста во неколку наврати. Таа се појави на комеморацијата и одржа говор во чест на својот сакан сопруг, а потоа го отвори својот инстаграм-профил за да им се заблагодари на сите фанови од целиот свет за нивната поддршка и зборовите на утеха што пристигнаа.
Вдовицата на легендата во НБА и нејзините други три ќерки, вклучувајќи ја и најстарата Наталија, се обиделе да продолжат понатаму со нивните животи, но една работа особено им пречела, признала Ванеса Брајант.

Бројни обожаватели на легендарниот кошаркар, создадоа илјадници фан-профили на социјалните мрежи. Поради тоа Ванеса одлучила да направи драстичен потег и ги блокирала сите страници на кои се спомнуваат имињата на Коби и Џиџи Брајант. По тоа, Ванеса уште еднаш се обрати до јавноста и побара разбирање.
„Јас и Наталија моравме да ги блокираме фан-страниците затоа што е тешко преку интернет постојано да се гледаат фотографиите од нашите најблиски, Џиџи и Коби. Блокирањето на фан-страниците помогна во промената на алгоритмот. Ве сакаме сите, но ве молиме разберете дека требаше да го сториме тоа за да можеме да продолжиме понатаму, не затоа што не ве цениме“, напиша таа.
По тоа, мајката и ќерката ги затворија своите инстаграм-профили за јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Ништо не може да го замени шармот и природната убавина на една Бразилка: таа го докажува токму тоа
Веќе имавме можност да видиме како Изабел Гуларт ги помина последните денови во 2025 година.
Нејзиниот партнер Кевин Трап и таа уживаа на Карибите, во луксузен одморалиште, каде што направија неколку жешки фотографии. Фотографиите и видеата ги објави на социјалните мрежи, а потценување е да се каже дека нејзините обожаватели останаа без зборови.
Сега таа се врати на Инстаграм, каде што ја покажа својата новогодишна облека. Таа позираше во бел фустан од тил кој едвај открива делови од нејзиното тело, но сепак ја нагласува нејзината нежна фигура.
На својот стајлинг додаде детаљ од пердуви на половината, како и ракавици од тил кои совршено се вклопуваа со оваа облека.
Косата ја стилизираше на наједноставен начин – избра брановидна фризура, а впечатлива беше и шминката, нагласувајќи го шармот и природната убавина на Бразилката.
Забава
(Видео) Може ли да биде подобро од ова: шармантната русокоса во фустан што „мириса“ на празници
Веќе знаеме дека Кејт Хадсон привлекува внимание каде и да се појави. Без разлика дали станува збор за гламурозни настани или лежерни дневни собири – едно е сигурно, таа секогаш има подготвена комбинација за дадената пригода.
И така беше и овој пат…
Неодамна присуствуваше на доделувањето на филмските награди во Палм Спрингс во Калифорнија, каде што ја доби наградата „The Icon“. Може да се каже дека остави впечаток и на црвениот тепих кога се појави во гламурозен фустан кој „мириса“ на празници.
Ова е интересна креација од либанскиот дизајнер Жорж Чакра која ја следи линијата на телото и ја нагласува витката фигура. Фустанот е дел од колекцијата есен/зима 2025, а е украсен со отворен грб, панделка, мрежест дезен и две ленти кои се влечат зад фустанот.
Кејт го комплетираше својот стил со висока пунџа, шминка во неутрални тонови и едвај забележливи модни додатоци – обетки.
Забава
(Видео) Кој би рекол дека Аманда Сејфрид правела нешто на лицето
Аманда Сејфрид се појави на 31-то доделување на Critics Choice наградите во Калифорнија и воодушеви многумина со својот гламурозен аутфит.
За оваа пригода, актерката одлучи да носи нежен фустан од „Valentino“ во пастелно розова боја. Фустанот е украсен и со црн корсет кој ја следи линијата на телото, што на целата креација ѝ дава доза на драма.
Дополнително, преголемата темно розова машна дополнително ја нагласи идејата за самата креација – комбинирање на нежни детали и бои со впечатливи, темни нијанси, во овој случај, комбинирање на пастелно розова и црна.
Стајлингот го комплетираше со дијамантски накит од брендот „Tiffany & Co.“, а што се однесува до фризурата, Аманда косата ја фати високо, а тоа само ја нагласи нејзината убавина.
Судејќи според фотографиите, можеме да заклучиме дека личноста која го „одржува“ нејзиното лице одлично си ја врши работата. Иако самата актерка во едно интервју му даде многу пофалби на својот дерматолог.
„Имам добар дерматолог и таа ми рече дека нема да прави ништо освен ботокс на истото место до крајот на животот“, рече еднаш Аманда.

