Забава
Сопругата на Робин Вилијамс откри детали за неговата состојба и причините за самоубиството
На 11 август 2014 година светот го загуби еден од своите најомилени актери и комичари – Робин Вилијамс. Неговата смрт во семејниот дом во Калифорнија беше шок за милиони обожаватели од целиот свет.
Официјалните извештаи потврдија дека тој извршил самоубиство, но вистинaта за причините за неговото страдање стана позната дури по обдукцијата. Првично се претпоставуваше дека Вилијамс страдал од тешка депресија, а некои медиуми дури тврдеа дека му се вратил на алкохолизмот за кој успешно бил лекуван години претходно. Сепак, неговата сопруга Сузан Шнајдер Вилијамс одлучи да ја открие вистината.
Таа рече дека во месеците пред смртта Робин покажувал загрижувачки невролошки симптоми: несоница, ненадејни промени во расположението, халуцинации, губење на меморијата, интензивна анксиозност и параноја. Неговиот карактер, познат по топлината и интелектуалниот увид, одеднаш се променил.
На Робин му беше дијагностицирана Паркинсонова болест, но таа дијагноза не ги објаснуваше сите симптоми. Дури по неговата смрт, обдукцијата откри дека страдал од дифузна деменција со левиеви тела – прогресивна и разорна невролошка болест предизвикана од абнормално натрупување на протеинот алфа-синуклеин во мозочните клетки. Оваа болест е втора најчеста форма на деменција по Алцхајмеровата болест и е познато дека предизвикува комбинација од когнитивни, психијатриски и моторни симптоми.
„Мозокот на мојот сопруг буквално се распаѓаше. Болеста беше како терорист што го носеше во себе. Луѓето многу зборуваат за менталното здравје, но не доволно за мозочните болести. Робин немаше психолошки проблем, туку невролошка болест“, изјави Сузан во интервју за „Гардијан“.
Првите симптоми се појавиле речиси незабележливо – болки во стомакот, проблеми со варењето, треперење на рацете. Потоа дошло до несоница, која го исцрпувала ноќ по ноќ. Набргу почнале халуцинации и епизоди на конфузија.
„Стана параноичен, што не беше карактеристично за него. Оваа болест е ужасно збунувачка – симптомите постојано се менуваат, понекогаш исчезнуваат, а потоа се враќаат во нова форма. Ова ги збунува и семејството и лекарите“, се присети Сузан.
Вилијамс планирал да оди во специјализирана установа за неврокогнитивни тестови, но една недела пред планираниот прием, си го одзеде животот. Неговата сопруга верува дека мислел оти трајно ќе биде хоспитализиран и дека никогаш повеќе нема да му биде дозволено да се врати дома.
По неговата смрт, Сузан стана страстен застапник за подигање на свеста за деменцијата. Таа истакна дека депресијата на Вилијамс е симптом, а не причина за неговата смрт и дека е клучно ваквите болести да се препознаат и правилно да се дијагностицираат. Таа почна кампањи, соработуваше со медицински експерти и учествуваше во снимањето на документарниот филм „Желбата на Робин“, кој ги осветлува последните месеци од неговиот живот и испраќа силна порака за важноста на разбирањето на невродегенеративните болести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

