Забава
Софија Вергара ја дочека Новата година во Париз
Софија Вергара го помина дочекот на Новата 2025 година во Париз, придружувана од нејзиниот син Маноло. Таа на социјалните мрежи сподели неколку фотографии на кои се гледа атмосферата на прославата.
Вергара за оваа посебна пригода избра елегантен долг црн фустан со нагласено деколте, додека Маноло, се одлучи за класичен стил и облече црн костум.
„Среќна Нова Година од Париз со мојот единствен“, напиша актерката под една од објавите.
Обожавателите ја опсипаа со честитки и комплименти.
Вергара подоцна сподели групна фотографија од друштвото кое слави со неа. „Минатата ноќ беше многу забавна“, додаде таа во описот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хју Грант за улогата во комедијата „Девет месеци“: И’ забранив на жена ми да го гледа овој филм
Хју Грант е горд на многуте филмови во кои глумел, но романтичната комедија „Девет месеци“ не е еден од нив.
Според „Пипл“, Грант во интервју за „Варајати“ изјавил дека бил толку разочаран од улогата во филмот „Девет месеци“ што не и дозволил на сопругата да го гледа филмот.
Во „Девет месец“, Грант ја играше улогата на психолог кој е во врска со наставничка по балет која ја игра Џулијан Мур. Нивната врска наидува на проблеми кога учителката дознава дека е бремена.
Заедно со Грант и Мур, во филмот играат и Робин Вилијамс, Том Арнолд, Џоан Кјузак и Џеф Голдблум. Филмот го режираше Крис Колумбус. Иако ги подели критичарите, „Девет месеци“ заработи повеќе од сто милиони долари.
„Сите што работеа на тој филм, освен мене, беа брилијантни и талентирани. Јас го уништив“, изјави Грант.
Актерот потврдил дека неговата сопруга сакала да го гледа овој филм, но тој и забранил да го прави тоа.
„Поставив родителска контрола на телевизорот за таа да не може да го гледа овој филм“, рече Грант.
Тој објасни дека со текот на времето почнал повеќе да ги цени другите романтични комедии во кои глумел.
„Ги ценам добрите романтични комедии во кои глумев. Филмовите на Ричард Кертис се филмови за болката“, рече тој.
Режисерот Ричард Кертис е познат по неговите романтични комедии, а Грант имаше улоги во неговите филмови „Love Actually“, „Four Weddings and a Funeral“, „Nothing Hill“ и „Bridget Jones’s Diary“. Покрај овие филмови, Грант ги пофали и филмовите „Two Weeks Notice“ и „Music and Lyrics“ во режија на Марк Лоренс.
Минатата година Грант глумеше во хорор филмот „Херетик“, за кој доби номинација за Златен глобус, а многумина веруваат дека може да биде номиниран за Оскар.
Забава
Памела Андерсон откри со која славна личннност сакала да се омажи, на крајот останала разочарана
Памела Андерсон откри во кој славен маж била вљубена. Посака да се омажи за него.
Во интервју за магазинот W таа изјави дека била вљубена во Мајкл Џексон уште од детството.
„Мислев дека ќе сака да се ожени со мене. Потоа го запознав, а тој не ме праша да се омажам за него. Бев навистина разочарана“, рекла таа.
Кралот на поп музиката почина на 29 јуни 2009 година од срцев удар по предозирање.
Андерсон продолжи да зборува за нејзината кариера во интервјуто. Таа тврди дека била потценета и немала доволно можности да го покаже својот талент.
„Чувствувам дека ова е само почеток. Имам уште многу да понудам. Способна сум за многу повеќе отколку што некогаш верував дека можам“, рече таа.
Андерсон неодамна го привлече вниманието на 82. доделување на наградите Златен глобус. Таа на овој настан се појави со нејзиниот син Брендон Томас Ли.
Забава
Македонскиот репрезентативец ја запроси својата девојка
Кошаркарот Ти Џеј Шортс, кој настапува за македонската репрезентација од 2022 година, ја запроси својата девојка.
Шорц е најкорисен играч во претходниот месец во Евролигата, а се истакнува на речиси секој натпревар за својот клуб.
Фотографиите од запросувањето беа објавени на Твитер. Кошаркарот се погрижи да и’ приреди прекрасно изненадување во Париз на својата избраничка, а луѓето најмногу коментираа на прстенот.
She said YES! 🥹💍
Congratulations @tjshorts5 👏 pic.twitter.com/9VdjH07woA
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) January 7, 2025
Благодарение на неговите добри настапи на теренот, Ти Џеј Шортс брзо стана миленик на публиката, како и исклучително популарен во кошаркарските кругови.
Кошарката ја засакал на четири години кога добил баскет на подарок од мајка му.