Забава
Според актерката Лија Ремини, Кејти Холмс е заложник на сциентолозите
„Претпоставувам дека Кејти Холмс и Никол Кидман мораа да потпишат документ во кој се обврзаа на молчење. Верувајте ми, Кејти не смее да оди со мене на ручек, а бевме блиски, рече Кери од серијата „Кралот на Квинс”
Актерката Лија Ремини (48), позната по улогата на Кери во серијата „Кралот на Квинс”, во списанието „Ла палме“ ги објави тајните на двете холивудски актерки.
Лија е поранешна следбеничка на сциентолошката црква од која замина во 2013 година. Во документарецот „Лиа Ремини: Скиентологијата и последиците“, таа откри досега непознати работи за овој контроверзен култ.
Таа ги спомна поранешните сопруги на еден од најголемите следбеници на сциентологијата Том Круз (56), актерките Кејти Холмс (39) и Никол Кидман (51).

– Постојано се прашувам зошто двете никогаш не проговорија за тоа. Претпоставувам дека тие морале да потпишат документ во кој се обврзуваат на молчење. Верувајте ми, Кејти не смеее да оди со мене на ручек, а бевме блиски пријателки. Таа може да го изгуби старателството над Сури. Болно е “, рече Лија. Таа додаде дека е сигурна дека сциентолозите ја „држат в раце”.

Откако Кејти и Том се разведоа пред шест години, актерката доби старателство над нејзината ќерка Сури (12). Причините зошто таа го напуштила Том и сциентолошката црква никогаш не ги спомена. Сепак, таа рече дека живее неоптоварена од самата себе и од другите, повеќе не се плаши од ништо и веќе не живее според ничие правило.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин

