Забава
Среќа и светлина во нашите животи: Хиларија и Алек Болдвин се фотографираа со нивното седмо дете

Сопругата на Алек Болдвин блика од радост на фотографијата со сопругот и новородената ќерка.
Семејството Болдвин сега брои седум члена, од кои најмладата има две недели.
38-годишната Хиларија се огласи на Инстаграм во неделата за да сподели фотографија од неа, од сопругот (64) и нивната новородена ќерка Иларија, речиси 15 дена по нејзиното раѓање.
„Среќен датум на раѓање, Иларија Каталина Ирена“, напиша таа. „На две недели и три дена, ти веќе внесе толку многу среќа и светлина во нашите животи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дуа Липа ужива во својот одмор, сподели фотографии во бикини на „Инстаграм“

Светската поп-ѕвезда Дуа Липа (29) моментно ужива на одмор во Австралија по серијата концерти, а на социјалните мрежи сподели неколку фотографии во бикини.
На фотографиите таа носеше шарен костим за капење, а заедно со објавата испрати и бакнежи до своите обожаватели.
View this post on Instagram
„Бакнежи од Сиднеј во моето омилено бикини“, напиша таа покрај објавата.
Објавените фотографии ги воодушевија обожавателите, кои ѝ дадоа многу комплименти. „Доаѓам, чекај ме на плажа“, „Убава си“, „Те обожавам“, „Колку си жешка“, „И јас ти праќам бакнежи“, „Само ќе речам – леле“, „Нашата кралица“, „Таа, едноставно, е совршена“, „Боже, омажи се за мене“, се дел од коментарите на „Инстаграм“.
Забава
Софија Вергара и Луис Хамилтон раскинаа: „Неговиот интерес за неа бргу исчезна“

Врската помеѓу актерката Софија Вергара (52) и возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, кој е 12 години помлад од неа, а за која се шпекулира веќе извесно време, наводно завршила, пренесуваат американските медиуми.
Хамилтон и Вергара беа видени заедно во јануари, што ги поттикна озборувањата дека се заедно. Сепак, според информациите што ги објави „Радар онлајн“, двајцата тргнале по разни патишта.
Извор близок до парот открил дека славната актерка била подготвена дополнително да ја развива врската со Хамилтон сметајќи го за совршено момче и вистински улов.
Но, според изворите, интересот на поранешниот светски шампион бргу исчезнал поради што Вергара се чувствувала напуштено.
Во јануари ТМЗ објави нивни заеднички фотографии пред ресторан во Њујорк, а тие се смееја и разговараа цело време пред таа да влезе во својот автомобил и да замине.
Подоцна, извори блиски до нив изјавија дека Софија „толку била занесена во разговорот, што едвај ја пробала храната“. Иако за време на ручекот им се придружувале пријателите, според изворот, Софија и Луис „изгледале маѓепсано и цело време се смешкале еден на друг“.
Забава
(Видео) Педро Паскал: Не сум во врска со Џенифер Анистон, ние сме само добри пријатели

Неодамна се појавија шпекулации дека Педро Паскал и Џенифер Анистон се во врска. Тие беа видени заедно на вечера во Калифорнија, што предизвика бурни реакции во јавноста. Меѓутоа, сега Паскал ги демантира овие шпекулации дека има нешто меѓу нив.
„Јас и Џенифер сме навистина добри пријатели. Вечерав со неа во саботата, тоа беше забавна мартини-вечера”, коментира актерот за „Ентертејмнт тунајт“ на премиерата на втората сезона на серијата Last Of Us, во која глуми.
Pedro Pascal is ready to come clean about his relationship with Jennifer Aniston… or is he?
‘The Last of Us’ season 2 premieres April 13 on HBO and will be available to stream on Max! pic.twitter.com/rumWUdDzgE
— Entertainment Tonight (@etnow) March 25, 2025
Тој исто така се пошегува дека шпекулациите за неговата врска со Анистон почнале поради нејзината поголема слава. „Сето тоа е поради неа. Едноставно, уживам”, рекол тој.
Актерот им даде слична изјава и на другите новинари на настанот нагласувајќи дека тој и Џен биле само добри пријатели, кои оделе на вечера со заеднички пријатели.