Забава
Српската хип-хоп/треш дива Сајси MC ќе настапи на Beach Film Festival
Сајси MC, српската хип-хоп/треш дива, на 21 јули ќе настапи на првото издание на Бич филм фестивал на плажата Оревче, Охрид, во соработка со „Блендер“ .
Ивана Рашиќ или попозната како Сајси МС, е српска хип-хоп уметница. Со музика се занимава од 2002 година, а својот прв албум „Далеку е Дизни“ објавен во 2010 година. Но, нејзината популарност се зголемува со соработката со диџејот БКО (dj B.k.o) и Тијана Ранчиќ. Од оваа соработка се остваруваат хитовите „Антифа кучке“ (Antifa kučke), „Надркано одење“ (Nadrkano hodanje) и „Гледај“ (Gledaj), а по овој успех след и-пи изданието „Поквареница“ (Pokvarenica).
Сајси МС и диџеј БКО веќе работат на нов материјал од кој веќе се појавија сингловите „Знам што сакате“(Znam šta ste hteli), „Клап Клап“ (Clap clap) и „Поп Поп“ (Pop pop) кои треба да се најдат на албумот „Работа, работа и само блеја“ (Rad, rad i samo bleja).
Настапот на Сајсиi MC, познатата треш/поп балканска кралица е резултат на соработката помеѓу „Бич филм фестивал“ и „Блендер“, фестивалот за децентрализирана култура, кој се труди да ги поттикне и поддржи индивидуалците и организациите во промовирањето на културата и уметноста во балканските мултиетнички општества, меѓу кои и Македонија.
Пред настапот ќе има проекција на два кратки и еден игран филм од официјалната програма на фестивалот „Бич филм фестивал“. Блендер во рамкиоте на овој фестивал ќе се претстави и со проекција на филмови од раната германска филмска продукција, односно со филмот „М-град бара убиец“ од 1931 година во режија на Фриц Ланг, како и блок анимирани авангардни филмови во Германија во 1920-тите и 1930-тите. Овие настани се поддржани од Министерство за култура на Република Македонија и Гете институт-Скопје.
Билетите за проекциите се бесплатни, додека, пак, билетот за концертот на Сајси МС заедно со филмовите од официјалната селекција на 21 јули на Beach Film Festival е 200 ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сенидах доаѓа во Скопје: првиот солистички концерт во Македонија закажан на 14 февруари
Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“.
По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.
Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.
Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин

