Забава
Стивен Спилберг жали што сменил сцена во „Е.Т.“
Стивен Спилберг жали што ја сменил сцената со пиштоли во филмот за симпатичниот вонземјанин Е.Т.
Научнофантастичниот класик од 1982 година вклучувал сцена во која другарчињата на главниот лик ги бркаат полицајци со пиштоли, а Спилберг жали за одлуката да ги замени пиштолите со воки-токи.
Говорејќи на самитот „Тајм 100“, легендарниот режисер рече: „Тоа беше грешка. Никогаш не требаше да го сторам тоа. Е.Т. е производ на својата ера. Ниту еден филм не треба да се ревидира врз основа на променети ставови“.
„’Е.Т.’ беше филм во кој бев чувствителен на фактот дека федералните агенти им приоѓаат на децата со огнено оружје и решив дека ќе ги сменам пиштолите со воки-токи. Години поминуваа и со текот на времето јас почнав да ги менував своите погледи“.
Режисерот оскаровец (76) ги повика аспирантите што сакаат да се занимаваат со режија да не ја прават истата грешка.
„Никогаш не требаше да се плеткам со архивата на сопствената работа и никому не му препорачувам да го прави тоа. Сите наши филмови се еден вид патоказ за тоа каде бевме кога ги снимавме, каков беше светот и како светот реагира кога ги објавивме тие приказни“.
Прекрасниот вонземјанин е еден од најпознатите ликови во поп-културата и научната фантастика. Веднаш штом се појави во кината во 1982 година, „Е.Т.“ стана безвременски хит.

Спилберг создаде некои од најпознатите и највпечатливи моменти во филмската индустрија. Во една пригода изјави дека меѓу филмовите што ги режирал, „Е.Т.“ му е најдраг и го гледал најмногупати од сите свои филмови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Ми делуваше како некој дедо“: Сара Фостер за состанокот со Џорџ Клуни кога имала 19 години
Сара Фостер откри дека во 1990-тите, кога имала 19 години, била на состанок со Џорџ Клуни, но искуството за неа било „многу непријатно“. Состанокот ѝ го договориле Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер.
Во подкастот The World’s First Podcast, Фостер раскажа дека веднаш почувствувала дека состанокот е „тотално не“, додавајќи дека Клуни ѝ изгледал „како дедо“ и дека разликата во години ѝ била многу чудна. Таа истакна дека никогаш не ги разбирала врските меѓу 19-годишни девојки и многу постари мажи.
„Сигурна сум дека Џорџ Клуни е супер човек, но се сеќавам дека сите четворица седевме на маса, а јас во главата си мислев: ‘Сакам да пропаднам во земја.’ Тој ми делуваше како некој ‘дедо’. Навистина ми беше многу непријатно. Бев тотално во лоша состојба“, раскажа таа.
Фостер смета дека ни Клуни не бил особено заинтересиран и дека состанокот бил резултат на добра намера на заедничките пријатели. Подоцна, таа беше во долга врска со тенисерот Томи Хас, со кого има две ќерки. Клуни, пак, е во брак со Амал Клуни од 2014 година и имаат близнаци.
Фото: ЕПА
Забава
Им треба секунда да се налутат: Најексплозивните хороскопски знаци
Според астролозите, постојат хороскопски знаци кои тешко ги контролираат емоциите и можат да „експлодираат“ за миг. Ова се трите најтемпераментни:
Овен
Овните се исклучително импулсивни и често реагираат без многу размислување, особено кога чувствуваат притисок или провокација. Не сакаат чекање и ограничувања, па нивните испади знаат да бидат нагли и бурни. Лутината им е силна, но краткотрајна – брзо се смируваат, како ништо да не се случило.
Лав
Лавовите најсилно реагираат кога се чувствуваат потценети или игнорирани. Нивниот темперамент е тесно поврзан со гордоста и потребата за почит. Лутината ја покажуваат отворено – со глас, гестикулации или директна конфронтација – но доколку добијат признание или извинување, брзо се смируваат.
Шкорпија
Шкорпиите не „експлодираат“ гласно, но нивните реакции се длабоки и интензивни. Најмногу ги погодуваат предавство и неискреност. За разлика од Овенот и Лавот, ним им треба повеќе време да се смират, а нарушената доверба тешко се обновува.
Забава
Кучер со пофалби за поранешната сопруга: Горд сум на неа, растури
Актерот Ештон Кучер ретко зборува јавно за својата поранешна сопруга Деми Мур, но овојпат направи исклучок и јавно ја пофали нејзината работа.
Промовирајќи ја својата нова серија The Beauty, Кучер во интервју за Entertainment Tonight се осврна на филмот The Substance („Супстанца“) од 2024 година, во кој глуми Мур.
„Нејзината улога во Супстанца доби исклучителни пофалби и навистина сум многу горд на неа – растури“, изјави Кучер.
Мур и Кучер започнаа врска во 2003 година, се венчаа во 2005, а за разделбата информираа во 2011 година. Разводот беше финализиран околу две години подоцна. Иако Мур во мемоарите Inside Out наведе дека Кучер ѝ бил неверен, актерот во 2020 година изјави дека меѓу нив „нема зла крв“.
Кучер додаде дека не се дружат, но дека останал во контакт со ќерките на Мур од бракот со Брус Вилис, нагласувајќи дека има голема љубов и почит кон нив.

