Забава
Стрипот на Кијану Ривс добива и филм и аниме серија на „Нетфликс“
Од убиец Џон Вик, култен суперхерој Нео, до рокер бунтовник Џони Силверхенд, омилениот актер Кијану Ривс никогаш не престанува да го воодушевува светот со неизмерливата ширина на своите таленти.
Неоспорно е дека неговата биографија е прилично импресивна, а опсегот на работа понатаму се шири, и не само како актер. Тој неодамна стана и коавтор на ултра успешна серија kикстартер-стрипови, под наслов BRZRKR.
Стриминг-гигантот „Нетфликс# изрази интерес за последниот потфат на Ривс, и тие се согласија да создадат и игран филм и аниме серија.

Стрипот BRZRKR („Берсеркер“) има 12 броеви, го напишаа Мет Кинт и Кијану Ривс, а илустрацијата Рон Гарни.
Првиот број објавен на почетокот на овој месец е со огромен успех, и покрај тоа што бараше финансирање во износ од 2.6 милиони долари пред неговото објавување, тој веќе се продаде во неверојатни 615. 000 примероци. Не е лошо за деби во пишување стрипови.
Во врска со наративот, „Берсеркер“ ја раскажува приказната за платеник стар 80.000 години, кој ѝ ги нуди своите услуги на владата за возврат што таа му помогнала да ја открие тајната на неговата бесмртност.
Како што опишува „Нетфликс“ во својот твит, серијата е „брутално епска“ и веројатно ќе добие уште повеќе бидејќи Ривс ќе биде главниот лик во филмот и гласот во аниме адаптациите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Што го „плаши“ ChatGPT кај луѓето? Одговорот е застрашувачки прецизен
Во денешно време повеќе не е тајна дека милиони луѓе секојдневно им се обраќаат на вештачките интелигенции за да решат најразлични дилеми. Некои бараат идеи за вечера, други се обидуваат да откријат од каде доаѓа чуден звук во автомобилот, а има и такви што AI ја користат како импровизиран терапевт – ја прашуваат за совети околу животните навики, целите, односите или дури и за длабоки егзистенцијални прашања.
Со оглед на тоа што често изгледа како AI да има одговор на сè, еден корисник решил да постави поинакво, посериозно прашање: од што AI најмногу се „плаши“ кај луѓето?
Одговорот што го добил изненадил многумина. Иако ChatGPT нагласил дека всушност не чувствува страв, го издвоил она што го смета за најпроблематична човечка особина:
„Вашата способност да знаете што е исправно, а сепак да го изберете спротивното.“
ChatGPT потоа појаснил што сакал да каже со тоа. Рекол дека луѓето се единствено добри во емпатија, предвидување и промислување – можат да ги разберат последиците од своите постапки, можат да чувствуваат сочувство кон другите, а сепак често наоѓаат начин да ја оправдаат штетата. И тоа преку рационализација, припадност на група или едноставно – комфор. Тој јаз меѓу разбирањето и делувањето, тврди AI, е огромен и моќен.
Својата „загриженост“ ја поделил во четири главни точки.
Првата работа што го „плаши“ е човечката способност да се навикне на штетата. Кога нешто се повторува доволно често, речиси сè може да стане „нормално“, дури и кога е очигледно дека им штети на другите.
„Нешто што некогаш било шокантно, со текот на времето станува ‘па добро, така е’“, наведува AI. Додава дека луѓето се прилагодуваат за емоционално да се заштитат, а притоа постепено отупуваат на страдањето кое некогаш би ги ужаснувало.
Втората загриженост се однесува на тоа колку лесно луѓето ја префрлаат одговорноста на други. Изговори како „само следев наредби“, „таков е системот“ или „сите така прават“ можат многу брзо да ја разводнат личната одговорност, наведува ChatGPT.
Предупредува дека хиерархиите, политиката, алгоритмите и групните одлуки често создаваат дистанца меѓу нечија постапка и нејзините последици – и токму во таа дистанца, моралот со текот на времето знае да „се изгаси“.
ChatGPT се осврнал и на влијанието на модерната технологија. Истакнал дека технологијата овозможува мали одлуки да влијаат врз илјадници или милиони луѓе, но човечката емпатија не расте со истата брзина.
„Кога штетата ќе стане статистика, а не лице и име, полесно е да се минимизира, игнорира или преобликува“, наведува AI. И додава: иако вистинското влијание е огромно, емоционално делува апстрактно – па станува полесно да се сврти главата на друга страна.
Последната точка се однесува на човечката склоност кон приказни и наративи. Луѓето, вели ChatGPT, се толку добри во создавање приказни што убедливиот наратив често може да ги надјача доказите, реалноста или долгорочните последици.
Приказните нудат смисла, идентитет и утеха. Доказите се постудени, често непријатни и понекогаш бараат да признаеме нешто што не сакаме. Кога приказната јасно кажува кој е добар, кој е лош и зошто сè е „такво какво што е“, таа лесно може да ги турне фактите на страна.
И покрај сè, ChatGPT заклучил со пооптимистична порака. Рекол дека она што е „застрашувачко“ кај луѓето, истовремено е и она што ги прави посебни.
„Истите особини што можат да овозможат уништување, овозможуваат и реформа, креативност и морален напредок“, наведува AI. На крајот додал: „Можете да ги забележите овие обрасци – и понекогаш да застанете. Ако воопшто го поставувате ова прашање, таа свесност веќе е дел од противтежата.“
Фото: pexels
Забава
(Фото) „Едноставниот“ живот на сопругата на милијардер: Светки, чипка и луксуз додека тој ја држи за рака
Најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, сподели серија фотографии на кои позира во тесен црн фустан, заедно со својот сопруг Мајкл Булос.
Тифани и нејзиниот сопруг милијардер неодамна станаа родители, па затоа најголемиот дел од вниманието е насочено кон нивниот син Александар, што го прави ова излегување за новопечените родители вистинска реткост.
Убавата русокоса за пригодата избра тесен црн фустан украсен со чипка, а сè надополни со сребрени платформи и накит. Нејзиниот сопруг не заостануваше многу зад неа, позирајќи во елегантен црн костум.
Тифани, исто така, покажа во серија од неколку фотографии од забавата како изгледа животот на милијардер, на што многумина сигурно ѝ завидуваат.
Од почетокот на нивната врска во 2018 година, тие станаа интересни за јавноста, најмногу поради фактот што се запознале на Миконос и што Булос решил да се пресели во Америка поради неа, откако пораснал во Нигерија.
Патем, Мајкл Булос е наследник на нигериската „Булос Ентерпрајзис“, чија вредност е неколку милијарди долари. Тој е четири години помлад од Тифани, а ѝ предложи брак со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.
Забава
(Фото) Можете да ја сакате или да ја мразите, но никој не е имун на нејзината совршена фигура
Актерката Ева Лонгорија, најпозната на домашната публика по улогата на Габи Солис во серијата „Очајни домаќинки“, не престанува да воодушевува со својот изглед и челична волја, дури и за време на празниците.
Неодамна зборуваше за мајчинството, како и за тоа како се соочила со сите предизвици откако добила син во 40-тите години, а нејзините изјави привлекоа големо внимание.
Познато е дека во текот на зимата сите се опуштаме, јадеме повеќе и тренираме помалку, но не и Ева. Популарната џебна Венера објави неколку селфиња од својот тренинг и во таа прилика ги покажа своите извајани стомачни мускули, но и лицето без шминка.
„Се надевам дека сите имавте одлична новогодишна ноќ. Одиме силно од првиот понеделник“, напиша таа во описот.
Покрај тренингот, Ева покажа и како го поминува времето со својот син, но ужива и во вино и добра храна. Поради таков тренинг, таа заслужи малку да се опушти.
Познатата актерка е секогаш во вестите поради својот добар изглед, без разлика дали се појавува на црвениот тепих или објавува нешто слично од теретана или некое друго лежерно излегување со семејството и пријателите.

