Забава
Децата со маларија им мирисаат послатко на комарците
Децата заразени со маларија произведуваат мирис што привлекува комарци и може да бидат нова цел во напорите за контрола на ширењето на паразитот кој убива половина милион луѓе годишно, покажува најновата студија на научниците од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина (ЛСХТ).
Британските истражувачи приклучија електроди на антените на комарците, еквивалент на нивниот нос за да го измерат нивниот интерес за примероци од мириси на нозете од децата. Тие откриле дека примероците за кои комарците биле најзаинтересирани и ги нагризале биле од деца со маларија.
Тимот го анализирал хемискиот состав на сите 117 примероци од миризби и утврдил дека групата маларија била особено висока во групата хемиски соединенија наречени алдехиди.
Значајно е тоа што децата што имале највисоко ниво на паразитот што предизвикува маларија имале особено високи нивоа на клучните алдехидни соединенија во нивната пот.
„Ова е првпат да се изучува мирис на кожата на луѓето што се природно инфицирани со маларија. Покажавме дека кај луѓето со маларија се менува производството на клучни испарливи хемикалии од страна на кожата и овој нов заразен мирис се чини дека е попривлечен за комарците“, рече водечкиот автор на студијата, д-р Али Робинсон.
Според студијата, маларијата делумно се развива кај човекот или кај друг животински вид, но бара женски комарец за да го комплетира својот животен циклус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знаци кои успеваат и кога се под најголем притисок
Постојат луѓе кои под притисок не губат концентрација, туку стануваат поефикасни. Според хороскопот, овие знаци најчесто успеваат дури и кога условите се најтешки:
Јарец – најдобро функционира кога е најтешко. Не се плаши од одговорност и секогаш останува рационален и смирен, користејќи го притисокот во своја корист.
Шкорпија – има силна внатрешна контрола и не паничи кога другите го прават тоа. Знае да ги анализира ситуациите и да донесе ладнокрвни одлуки.
Девица – логична, организирана и аналитична. Во кризни моменти не губи време, туку веднаш бара решение.
Овен – се мотивира кога ситуацијата станува сериозна. Притисокот кај него го буди натпреварувачкиот дух и ја засилува одлучноста.
Забава
Се скри зад долгата коса и брада: никој не го препозна познатиот актер на црвениот тепих
Познатиот британски актер Дејвид Трелфол ги изненади сите со своето најново појавување на црвениот тепих, каде што многумина не го препознаа. Со долга седа коса, брада и опуштен изглед – панталони, маица, сако и сив шал – актерот изгледал сосема поинаку од порано.
Трелфол е најпознат по улогата на Френк Галагер во серијата „Шејмлес“, но ретко се појавува во јавност и го чува приватниот живот подалеку од медиумите. Познато е дека од 1995 година е во брак со босанската актерка Брана Бајиќ.
Во новата серија „Смртта на Бани Манро“ тој го толкува ликот на постариот Бани, кој по самоубиството на сопругата се обидува да се справи со родителството и сопствената зависност од секс.
Забава
Француска казна за „мачор-престапник“ – сопственичка плати 1.250 евра бидејќи мачката одела кај соседот
Суд во францускиот град Безје ја казнил Доминик Валдије со 1.250 евра затоа што нејзиниот портокалов мачор Реми редовно одел кај соседот и правел штета — оставајќи траги од шепи, мокрејќи по ќебиња и вршејќи нужда во дворот. Пресудата предвидува и дополнителна глоба од 30 евра секој пат кога мачорот повторно ќе ја премине оградата.
Организацијата за заштита на животни (SPA) предупреди дека случајот може да создаде правен преседан што би ја ограничил слободата на мачките да се движат во својата околина и би ги одвратил луѓето од нивно вдомување.
Валдије вели дека сега го држи Реми затворен во куќата: „Се здебели и стана агресивен. Како да му е изречена домашна казна.“ Дел од соседите ја поддржуваат, оценувајќи дека пресудата е апсурдна и штетна за сите сопственици на животни.

