Забава
Сјајот на божицата од Бронкс: Џенифер Лопез ги сподели тајните за убавина
Џенифер Лопез ги сподели своите тајни за убавина во ретко видео без шминка.
53-годишната ѕвезда се огласи на „Инстаграм“ и ги откри производите и техниките што ги користи за да го постигне својот таканаречен сјај на божицата од Бронкс.
Холивудската дива, која е родена и израсната во Њујорк, во видеото за туторијалот вели: „Многу од вас прашуваа кој е мојот препознатлив, брз, петминутен изглед. Па, јас го нарекувам сјајот на божицата од Бронкс и тоа се четири лесни чекори“.
„Ова е кога треба да направите нешто навистина брзо за вечер само за девојки. Не сакате да бидете пренатрупани, не се обидувате да импресионирате никого, туку само се обидувате да изгледате најдобро“.

Во видеото, Џенифер, без никаква шминка на себе, користи производи од сопствената линија за нега на кожа, „Џеј Ло бјути“ (JLO Beauty).

Ѕвездата откри дека користи серум за убавина „џеј ло“, блокбастер крем „џеј ло“, крем за очи „џеј ло бјути фреш“ и „џеј ло бјути комплекшн бустер“ за да го постигне својот препознатлив изглед.
„Ако сакате, додајте малку сјај. Малку сјај за усни никогаш никому не му штети. Маскара, тоа е опционално“, додава таа во видеото.
Џенифер, која е во брак со холивудската ѕвезда Бен Афлек, на крајот се пошегува дека нејзините обетки со златен обрач не се опционални.
„Ова не е опционално. Убавице од Бронкс, мора да ги имаш твоите обрачи на уво“, се пошегува таа.
Во меѓувреме, Бен неодамна ја пофали својата сопруга дека изгледа како да има 20 години.
Афлек, кој се ожени со Џенифер во 2022 година, нагласи дека исклучителната работна етика на неговата сопруга е еден од клучевите за нејзиниот младешки изглед.
Во емисијата на Дру Баримор тој рече: „Таа вежба. Вежбам и јас. Но, не изгледа дека имам 20 години, знаете на што мислам?“
„Нема одземање на работната етика. Работната етика е реална, дисциплината е многу реална. Но, и натчовечкото е реално. Таа е најубавата жена на светот, изгледа спектакуларно“, рече Афлек за својата сопруга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нов сингл на Кирил Џајковски и TK Wonder
Најуспешниот македонски електронски изведувач Кирил Џајковски го најави новиот материјал. Неговиот нов албум „Memory Paradox” ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа Filter Label и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше со неговите соработници изминатите две години.
Како најава за новиот албум, од денеска на сите дигитални музички сервиси е достапен првиот сингл „Head High”.
Песната претставува уникатен спој на хипхоп и драменбејс, а на неа Џајковски е придружуван од редовната соработничка и миленичка на македонската публика, TK Wonder.
„Head High“ е актуелна, ангажирана песна, која се занимава со универзални теми, како соочувањето со предрасудите, вербата во себе и борбата против нееднаквоста.
Иако досега не беше објавена, „Head High” за кратко време стана една од омилените песни на фестивалските настапи на Џајковски и е секогаш одлично прифатена од публиката. Токму поради тоа е избрана да биде прв сингл од албумот „Memory Paradox“.
Новиот сингл на Кирил Џајковски и TK Wonder, ”Head High”, може да се слушне и преземе од следниов линк
Забава
Нова драма на хоризонтот: Принцот Хари пристигнува, но Кејт и Вилијам ја напуштаат Англија токму тогаш
Принцот Хари би можел да се врати во Велика Британија следната недела на судење во Лондон, оставајќи го својот брат принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт стотици километри оддалечени од британската престолнина во Шкотска.
Војводата од Сасекс треба да отпатува во Лондон за почетокот на судењето против британската издавачка куќа Associated Newspapers, која ги издава „Daily Mail“, „Mail on Sunday“ и порталот „Mailonline“, кое започнува во понеделник, објавува Mirror.
Принцот Хари поднесе тужба против Associated Newspapers за објавување приватни писма и наводно клеветничка содржина во тој медиум.
Неговиот однос со неговите роднини е затегнат, особено со неговиот постар брат Вилијам, и се верува дека двајцата не се слушнале еден со друг повеќе од три години, според весникот.
Последниот пат кога Хари беше во Велика Британија, браќата се избегнуваа еден со друг, извршувајќи задачи на стотици километри оддалеченост.
Сега е потврдено дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе патуваат во Шкотска во вторник, каде што ќе ги посетат британските олимписки и параолимписки тимови за карлинг, пред Зимските олимписки игри и Параолимписките игри.
Како што е најавено, принцот и принцезата од Велс ќе посетат и студио за рачно ткаење и независна добротворна организација во Стирлинг.
Фото: Depositphotos
Забава
Јован Јованов и Елвир Мекиќ со заеднички концерт на 6 јуни во Скопје
Македонските музичари Јован Јованов и Елвир Мекиќ најавија заеднички концерт што ќе се одржи на 6 јуни во арената Борис Трајковски во Скопје.
На концертот ќе настапат и нивни музички пријатели, а публиката ќе има можност да слушне дел од најпознатите песни oд златното време на македонската поп сцена . Во програмата се најавени хитовите „Итно ми требаш“, „Некаде после 2“, „Лоша девојка“, „Опасно“ и „Слаба точка“.
Двајцата музичари ќе ја изведат и заедничката песна „Адреналин“, која беше промовирана кон крајот на 2025 година.
Според организаторите, концертот е замислен како музички времеплов кој ќе ги потсети слушателите на периодот кога овие песни беа дел од секојдневието на македонската сцена. Ќе нема реприза.
Концертот ќе се одржи на 6 јуни во Скопје.
Билетите се во продажба.

