Забава
С.А.Р.С, Тајзи и „Брас брадерс“ оваа сабота во Скопје
Првото издание на музичката манифестација „Скопје се лади“, која ќе се одржи оваа сабота, 8 јуни, со почеток во 20.30 часот на стадионот на АРМ, ќе го отворат С.А.Р.С, Тајзи и „Брас брадерс“.
„Скопје се лади“ е замислена како платформа за поддршка на музичари кои негуваат ист или сличен стил на музика која допира до секого. Три концерти во една вечер, почнувајќи со енергичните битолчани од „Брас брадерс“, кои изминатиот месец имаа полна агенда од настапи во цела Македонија и ќе бидат вистинско освежување со препознатливиот ритам на драм енд бејс и балкански звук.
На сцената ќе настапи и раперот Тајзи, кој е миленик не само на младата туку и на повозрасната публика, изведувајќи ги добро познатите нумери: „Моментот“, „Така пишано е“, „Сине“, „Регетон“, „Дома си е дома“ и многу други давајќи ѝ на публиката и акустичми верзии на некои од овие хитови.
Директно од хрватската турнеја од Сисак и Загреб во Македонија ни доаѓаат и српските изведувачи С.А.Р.С, кои се добро познати со своите нумери, кои се омилени меѓу Македонците. „Лутка“, „Перспектива“, „Буџав лебац“ и многу други ќе се пеат до зори на спектаклот, кој нè очекува оваа сабота на стадионот на АРМ во градскиот парк.
Билетите сè уште може да се набават по поволни цени во „Купи карти за сè“ и на 44eventmk.
Ги oчекуваме сите Македонци да се оладат со добра музика на „Скопје се лади“ на 8 јуни во 20.30 на стадионот на АРМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Deep purple“ доаѓаат за последен пат во Скопје
„Deep purple“ доаѓаат за последен пат во Скопје. Концертот е закажан за 11 октомври 2026 во арената „Борис Трајковски“.
„Задоволство ни е да споделиме дека еден од најважните проекти во наредниве 3 години во светската музичка индустрија, планетарната турнеја на Deep Purple доаѓа во Скопје на 11 октомври во Арена Борис Трајковски! Во неа, бендот за последен пат ќе го обиколи светот. Големо задоволство е што Скопје доби датум во склоп на таа турнеја, со концерт на 11 октомври 2026 во Арена Борис Трајковски! За Deep Purple, сè се знае!“, објавија од Авалон интернешнл букинг.
Милионски тиражи, големи албуми, илјадници концерти, хитови за сите генерации; сигурно еден од најголемите и највлијателни бендови на светот на сите времиња.
Скопје ќе има шанса за последен пат во живо да ги слушне: “Hush”, “Highway Star”, “Smoke on the Water”, “Lazy”, “When a Blind Man Cries”, “Black Night”, како и некои композиции кои Deep Purple долги години не ги свират во живо.
Влезниците ќе бидат во продажба од петок (21 ноември) во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk.
Сите информации околу влезниците, нивните цени и категории ќе бидат објавени во среда во 20 часот.
Бендот на оваа турнеја ќе настапи со своја грандиозна продукција, звук, светло и видео – и во Скопје, како и низ целиот свет.
Забава
Светот можеби се распаѓа, но тие нема да признаат пораз: никогаш не се расправајте со овие хороскопски знаци
Астрологијата ни нуди забавен увид во тоа зошто некои луѓе се потврдоглави од другите. Постојат хороскопски знаци за кои кажувањето „Грешев“ е невозможна мисија – не затоа што се лоши, туку затоа што нивните личности се едноставно такви.
Запознајте ги хороскопските знаци со кои расправијата е како борба со ветерници и кои би сакале да ја бранат својата позиција до самиот крај отколку да признаат дека можеби, само можеби, грешеле.
Овен
Владеан од Марс, планетата на војната и акцијата, Овенот ја гледа секоја расправија како натпревар во кој мора да победи. Нивната огнена и импулсивна природа ги тера прво да кажат што мислат, а подоцна да ја анализираат ситуацијата. Откако ќе ја искажат својата поента, повлекувањето е пораз за нив, а Овенот не толерира загуби.
Нивниот аргументативен стил е директен, гласен и страствен. Не станува збор за злоба, туку за вродена потреба да водат и да бидат во право. Признавањето на грешка на Овенот е знак на слабост, што е речиси незамисливо во нивниот свет. Тие би сакале да ја свртат приказната и да ве убедат дека всушност погрешно сте разбрале што сакале да кажат.
Бик
Како фиксен земјен знак, Бикот е синоним за тврдоглавост. Нивните верувања се длабоко вкоренети и се засноваат на практичност, искуство и она што го сметаат за здрав разум. Обидот да се промени мислењето на Бикот е како обид да се помести планина – ќе ви треба многу повеќе од добри аргументи.
Во расправија, Бикот не е агресивен. Напротив, тој е смирен, сталожен и неверојатно упорен. Тој е подготвен да го повторува истото со часови, без да го крева гласот, сè додека не се откажете од замор. Признавањето на грешка го поткопува нивното чувство за стабилност и безбедност, па затоа цврсто ќе се држат до својата позиција, дури и ако длабоко во себе сфатат дека можеби грешеле.
Лав
Горделивиот Лав, управуван од Сонцето, има его кое треба постојано да се храни. За нив, да бидат во право е прашање на чест и зачувување на нивниот кралски имиџ. Расправија во која би можеле да изгледаат како некој што не знае за што зборува е јавно понижување за нив. Затоа ќе се борат со сите сили за да ја докажат својата поента.
Лавовите се драматични, театрални во расправиите и го користат својот шарм за да ве придобијат на нивна страна. Ако тоа не функционира, тие стануваат дефанзивни и може да ве обвинат дека ги напаѓате. Признавањето на грешка е удар врз нивната самодоверба, па затоа тие претпочитаат да најдат креативен начин да ги оправдаат своите постапки отколку да кажат „извини“.
Шкорпија
Шкорпиите се интензивни и страствени за сè, вклучително и за своите верувања. Тие не формираат мислења лесно; нивните ставови се поткрепени со длабока анализа, истражување и силна интуиција. Кога Шкорпија тврди нешто, таа верува во тоа со сето свое битие, па затоа секој обид да ја разубедите е осуден на неуспех.
Во расправија, тие се проницливи, стратешки и се сеќаваат на секој детаљ. Ќе користат аргументи од минатото за да ги поткрепат своите тврдења. За нив, признавањето дека грешат не е само прашање на его, туку и предавство на сопствената интуиција и проценка, во кои имаат неограничена доверба. Ќе им биде полесно да ја прекинат врската отколку да признаат дека сте биле во право.
Јарец
Практичните и амбициозни Јарци го гледаат светот низ призмата на логиката, правилата и структурата. Тие веруваат во докажани методи и факти, а нивните мислења често се резултат на внимателно и методично размислување. Тие веруваат дека нивниот начин на размислување е најточен бидејќи се базира на реалност и ефикасност.
Кога се расправате со Јарец, подгответе се за сериозна и разумна дебата. Тие не дозволуваат емоциите да им ја заматат проценката. Признавањето на грешка им е тешко бидејќи имплицира дека целиот нивен логички систем бил погрешен, што е многу тешко за овој знак, кој се стреми кон совршенство и контрола.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Божествениот фустан остана во сенка поради нејзиниот изглед: „Кутра девојка. Овие слики ме вознемируваат“
Пејачката и актерка Аријана Гранде повторно е критикувана поради својот изглед, што ги загрижува нејзините лојални обожаватели сè повеќе. Таа се појави во спектакуларен фустан на премиерата на филмот „Wicked: For Good“ во Лондон, но нејзиниот божествен винтиџ фустан остана во сенка.
Најновите фотографии од познатата ѕвезда ги наведоа коментаторите да го опишат нејзиниот изглед како „длабоко вознемирувачки“ и ги натераа да се запрашаат дали е во добра здравствена состојба.
Аријана се појави во 73 години стар балски фустан со едно рамо, кој е ремек-дело на познатиот костимограф на „Волшебникот од Оз“, Гилберт Адријан, кој го дизајнирал во 1952 година.

Стајлингот на пејачката го направи Лу Роуч и ова требаше да биде едно од највпечатливите појавувања на Аријана Гранде – и беше, но не поради фустанот, туку поради нејзиниот физички изглед.
„Да имам ваков фустан во мојата лична колекција и да носам нешто што тој го дизајнираше на овој црвен тепих е толку емотивно и значајно“, рече Аријана, додавајќи дека плачела многу пати за време на пробата.

Иако е среќна, реакциите на интернет го кажуваат токму спротивното: „Кутра девојка. Овие слики ме вознемируваат“, „Секогаш изгледа како да се сетила дека ја оставила рерната вклучена“, „Изгледа како овој филм да ѝ го исцицал животот“…
фото: принтскрин

