Забава
Сajмон Коуел го принудува синот да носи маска за да се заштити од коронавирусот
Шефот на „Икс фактор“ е преплашен од смртоносниот вирус по потекло од Вухан (Кина), кој досега зарази над 71.000 луѓе, од кои 1.770 починаа.
Сајмон Коуел, креаторот на многу успешни реални формати, како што се „Икс фактор“ и „Америка бара талент“, го принудува шестгодишниот син Ерик да носи медицинска маска кога ќе патуваат во „Дизниленд Париз“ следниот викенд.
Во изјава за talkRADIO, Сајмон (60) рече: „Преплашен сум од вирусот. Носам маски веќе долго време“.
„Кога возам велосипед во градот, јас носам маска. Но, следниот викенд ќе го носиме Ерик во ‘Дизниленд Париз’ и кога ќе бидеме во воз, сите ќе носиме маски“.
„И ќе носиме цел пакет средства за дезинфекција на рацете бидејќи вирусот ме плаши. Не би сакал да бидам на крстарење сега. Толку многу луѓе заглавени во крузер. Зошто не ги симнаа од бродот и не ги ставија во соодветна болница, навистина неверојатно. Никаде не би одел во моментот“.
Сајмон почна сериозно да го сфаќа своето здравје и од неодамна е на растителна диета. Тој се откажа од продукти од животинско потекло кога откри дека исхраната без животински продукти му дава повеќе енергија.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Oткриено е зошто Ана де Армас ја прекинала врската со Том Круз: „Сè се одвиваше премногу брзо“
Холивудската актерка Ана де Армас и славниот Том Круз раскинале по девет месеци врска, пишува „Ју-ес викли“.
Извор близок до парот открил дека Ана се чувствувала „непријатно“ поради тоа колку брзо се одвивала нивната врска, иако меѓу нив, како што се наведува, „постоела неоспорна хемија“.
Двајцата глумци се запознале за време на снимањето на трилерот „Дипер“, а нивната блискост на сетот прераснала во романса. По прекинот, останале во пријателски односи и планираат да продолжат со заеднички проекти.
Забава
(Видео) „На брод сите знаат сè“ – работничка предупредува на љубовните драми на крузерите
Луси Саутертон, поранешна масерка од Бирмингем која од 19 години работела на крузери, споделува дека романтичните врски меѓу членови на екипажот ретко завршуваат добро. Таа објаснува дека на брод „нема бегство“ – сите живеат, работат и се дружат заедно, па љубовните врски брзо стануваат комплицирани.
„Кога врската ќе заврши, останувате заробени со бившиот. Го гледате секој ден, со сите заеднички колеги што знаат сè,“ раскажува Луси на својот YouTube канал Cruising As Crew.
Таа предупредува дека, иако животот на море изгледа гламурозно, љубовните драми на бродот можат брзо да се претворат во ноќна мора.
Забава
Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес
Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на концертот таа се завитка во бугарско знаме кое и’ го дадоа од публиката.
Корисници од Македонија споделуваат видеа и коментари од настанот. „Ја би ги исвиркал сите што отидоа на концерт на Цеца“, напиша еден корисник, додека друг иронично праша: „Дали Цеца ќе го истетовира МК знамето?“
Има и коментари кои сугерираат дека моментот бил резултат на провокација: „Бугарското знаме ѝ го подметнаа обични провокатори и добија што си бараа“ стои во еден од постовите, како и многу кои на комичен начин се осврнаа на настанот.
“Дали УДБА преку искористување на Цеца со бугарско знаме во Велес, се обидува да го
опструира приближувањето на официјални Софија и Скопје околу т.н. француски предлог?”Утринско ВасКафе ☕️😄 pic.twitter.com/Pn5kmq1Wcq
— Далибор 🇲🇰 (@Pobeda2024) November 1, 2025
Цеца за Hallowen се преправи во бугарка 👻
— elizabethand (@eliza_and_beth) November 1, 2025
Колку од тие што и свиреле на Цеца се со бугарски пасош? Зна ли се шта?
— Iv0P0p Sivi 🦅 (@IvoPop_) November 1, 2025
И цеца не влезе во устав.
— Робин Луд (@vladimirmk) November 1, 2025
Цеца се огласи коментирајќи дека не сакала да навреди никого, најмалку домаќините, како и дека таа секогаш прифаќа знамиња од публиката.

