Контакт

Забава

Тајната на прстените на Фројд

Објавено пред

Основачот на психоанализата, Сигмунд Фројд, бил страстен колекционер на антиквитети, во неговата колекција има голем број уметнички дела од античка Грција, Рим, Египет, Индија… И прстени кои во еден момент почнал да им ги подарува на драги луѓе.

dobivaj vesti na viber

Фројд, надевајќи се дека ќе го задржи влијанието во областа на психоанализата, собрал шест истакнати студенти и создал таен одбор со цел да го промовира и брани својот труд од психоанализата на Јунг. При склучување на договорот Фројд на секој член му дарувал стар прстен од својата античка збирка.

Подоцна им дарувал прстени на своите пријатели и студенти. Во текот на својот живот тој дарувал 20-ина такви прстени.

 

Шест од нив може да се видат на неодамна отворената изложба „Прстените на Фројд“ во израелскиот музеј.

Според кустосот на изложбата, меѓу прстените има еден со камен што ја покажува божицата Нико. Тој прстен ѝ го подарил на Ева Розенфелд, една од пациентките и психоаналитичарка, која соработувала со ќерка му Ана.

Еден прстен ѝ дал на својата ќерка Ана, а еден е во сопственост на унгарскиот студент Шандор Ференци.

И германскиот психоаналитичар Ернст Зимел исто така добил прстен од Фројд.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Метју Меконахи откри зошто престанал да снима романтични комедии

Објавено пред

Американскиот актер Метју Меконахи (55) откри зошто по долго време престанал да снима романтични комедии, и покрај големиот успех во жанрот.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Гардијан“, Меконахи признава дека иако филмовите како „Планер на венчавки“, „Како да изгубиш дечко за 10 дена“ и „Духовите на поранешните девојки“ му донеле популарност, не се чувствувал исполнето.

„Бев добар во нешто што не го сакав“, вели тој.

По последната романтична комедија во 2009 година, решил да направи пауза и да чека посериозни улоги. Поддржан од сопругата Камила Алвес, одбивал понуди, иако, како што вели, неговите браќа постојано го прашувале „што не е во ред со него“.

По речиси две години чекање, Меконахи доживеа препород на кариерата – улоги во Вистински детектив, Интерстелар и Клуб на купувачи во Далас (за кој ја доби и Оскаровската статуетка) го вратија на мапата на сериозна драма. Тоа новоразвиено поглавје во неговата кариера критичарите го нарекоа McConaissance.

„Сакав работата да ми биде важна исто како и животот. Тоа ми требаше,“ вели актерот, кој додава дека одлуката да се повлече од романтичните комедии била ризична, но клучна за да ја пронајде новата страст во глумата.

Иако никогаш целосно не ги напуштил шармантните улоги, Меконахи денес вели: „Сега навистина се забавувам.“

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Кралицата на деколтеата го носи хит костимот за капење за крајот на летото

Објавено пред

Сè попопуларната млада актерка Сидни Свини неодамна го прослави својот 28. роденден, а сега на социјалните мрежи покажа како изгледало сето тоа.

dobivaj vesti na viber

Сидни, која често е цел на коментари за нејзините прекрасни облини, направи кратко патување со своите пријатели за да го прослави еден од најважните денови во годината.

Секако, кога станува збор за неа и нејзините фотографии од костими за капење, јасно е дека следуваат низа позитивни коментари на социјалните мрежи. Таа позира во виралниот TA3 Hi Cut Sleeveless Surfy едноделен костим за капење, кој совршено ги истакнува нејзините облини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney)

Овој модел чини помалку од 200 долари и стана омилен најмногу поради кројот како корсет и затоа што има патент што ви овозможува да го приспособите деколтето на градите.

Сидни позира во неколку други модели, имаше бел едноделен, но и златен бикини, а не се знае кое ѝ стоеше подобро.

„Мало патување на Марс“, напиша таа на шега во описот на објавата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија поттикна озборувања дека е во врска со Стивен Сигал

Објавено пред

Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија, Сузана Манчиќ, објави фотографија на „Инстаграм“, на која позира со холивудскиот актер Стивен Сигал поттикнувајќи озборувања за можна врска.

dobivaj vesti na viber

„Добра вечер, може ли да се фотографирам со вас? Ви благодарам многу“, напиша таа покрај фотографијата, обожавателите прашаа во коментарите дали е на повидок нова љубов, а некои ја искористија можноста да се пошегуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

„Нова љубов“, „Добар пар“, „Прекрасна“, „Честитки, Сузи, толку сум љубоморна“, „Поприродно е тој да побара да се фотографира“ и „Стивен е толку згоден“, се некои од коментарите под објавата.

Стивен Сигал присуствуваше на воената парада „Моќта на единството 2025“ во Белград во саботата. Актерот, најпознат по своите улоги во акциони филмови во 80-тите и 90-тите, стана редовен гостин во Србија.

Сигал доби српско државјанство во 2016 година. Тој е близок со претседателот Вучиќ и со српската влада, а за време на посетите на Белград често го изразува своето восхитување од српската култура и традиција.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Франција ја призна Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва на Генералното собрание на ОН потврди дека Франција ја признава Палестина како независна држава. Со...

Македонија5 часа

Сиљановска-Давкова во Њујорк: Време е кормилото на ОН да му го довериме на жена

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанок...

Топ5 часа

Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор

Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што...

Македонија6 часа

ДИК со податоци: Пет отфрлени листи за градоначалници

Според податоците добиени од Државната изборна комисија, за претстојните локални избори се потврдени вкупно 861 кандидатска листа – 303 за...

Македонија10 часа

Од ноќеска на полноќ поскапува дизелот

Од полноќ, горивата добиваат нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад...

Свет10 часа

Путин: Русија е подготвена воено да возврати на Западот

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија е подготвена да одговори на сите закани, додавајќи дека Москва сè уште поддржува...

Македонија11 часа

(Видео) Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар на скопскиот аеродром?

Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност. Радар во Контролата на летање...

Топ12 часа

Почина девојче во тетовската болница

Девојче на седумгодишна возраст починало вчера во болницата во Тетово. Од Обвинителството соопштија дека е издадена наредба за обдукција. „Јавен...

Македонија12 часа

Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува на обидите за создавање хаос во Скопје. Иако...

Македонија15 часа

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

Денеска, до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои два се активни,...

Македонија16 часа

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско

Од 08 часот и 20 минути, утрово, сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот беше во прекин...

Македонија16 часа

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет18 часа

Португалија ја призна Палестина

Португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Рангел, изјави дека неговата земја ја признала државата Палестина. „Признавањето на државата Палестина е...

Европа18 часа

Русија: Украинците нападнаа одморалиште на Крим, има мртви и ранети

Украински дронови го погодија одморалиштето Форос на Крим, предизвикувајќи штета и жртви, според Сергеј Аксјонов, шефот на нелегалната окупациска влада....

Свет18 часа

(Видео) Заврши комеморацијата за Чарли Кирк; Трамп: Го уби радикализирано, ладнокрвно чудовиште

На Стејт Фарм стадионот во Аризона заврши комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. На комеморацијата пристигнаа и американскиот претседател...

Свет19 часа

(Видео) Вдовицата на Кирк: Му простувам на човекот што го уби

На Стејт Фарм стадионот во Аризона заврши комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. На комеморацијата пристигнаа и американскиот претседател...

Економија1 ден

Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат...

Економија2 дена

(Видео) Андоновска: ВМРО- ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската...

Економија2 дена

(Видео) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта, рече денеска на прес-конференција, Трајан...

Македонија2 дена

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје – 1 и 2 октомври во Музејот на современата уметност

Министерот за дигитална трансформација, на прес конференција, ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно ќе...