Забава
„Тајна инвазија“ – серија што го претставува почетокот на вештачката интелигенција во Холивуд
Многумина сигурно ја гледале последната сезона на Black Mirror – приказна за Џоан, чиј живот речиси во реално време станува тема на серија на стриминг-сервис сличен на „Нетфликс“. Слично чувство на чудно преплетување на фикцијата и реалноста предизвикува најновиот телевизиски потфат на „Марвел“, Secret Invasion („Тајна инвазија“).
Базирана на истоимениот стрип од 2008 година, мрачната шпионска серија нè води во Москва, на чии улици конфликтите ескалираат.
„Тајна инвазија“ говори за најбараниот човек на планетата Ник Фјури (Семјуел Л. Џексон) и неговиот тим, кој се обидува да ја спречи инвазијата на Скраловите – вонземска раса со зли намери, која тајно пристигнува и се инфилтрира на Земјата, а има способност да го промени изгледот за да може да изгледа како луѓето.
„Тајна инвазија“ почна да се емитува на „Дизни плус“ на 21 јуни, а многумина ја забележаа најавната секвенција креирана со помош на вештачка интелигенција.
Двеминутната шпица содржи слики од луѓе, вонземјани и локации од серијата, но во нејасна зелена атмосфера, каде што сè се меша и искривува бришејќи ги границите помеѓу она што е човечко и вонземско, нешто како теоријата на Дејвид Ајк за менување на рептилите во човечки облик.
Средна жалост, би рекле некои, но сепак е застрашувачка бидејќи е вовед во време кога моќните компјутери ќе крадат работни места од креативните тимови и водат до моментот кога дури ни актерите повеќе нема да бидат потребни во Холивуд.
Како што вели и самиот наслов, Скраловите го менуваат обликот и поминале години во киднапирања и замена на моќни херои и политичари во тајност за да помогнат да се отвори патот за глобално преземање на власта.
„Тајна инвазија“ е серија со солидна продукција и ќе ви покаже како Американците ја замислуваат Русија. Имено, во Лондон и Ливерпул се снимени 6 епизоди, но острото око на европскиот гледач тешко ќе влезе во илузија дека се работи за Москва.
Гледачите уживаат во актерската интеракција помеѓу Семјуел Л. Џексон и Оливија Колман (агентка што ги штити британските национални интереси).

Во море од серии што личат една на друга, за успех е доволно е да бидеш поинаков, велат познавачите. Се чини дека оваа серија на Кајл Бредстрит навистина се разликува од другите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Oткриено е зошто Ана де Армас ја прекинала врската со Том Круз: „Сè се одвиваше премногу брзо“
Холивудската актерка Ана де Армас и славниот Том Круз раскинале по девет месеци врска, пишува „Ју-ес викли“.
Извор близок до парот открил дека Ана се чувствувала „непријатно“ поради тоа колку брзо се одвивала нивната врска, иако меѓу нив, како што се наведува, „постоела неоспорна хемија“.
Двајцата глумци се запознале за време на снимањето на трилерот „Дипер“, а нивната блискост на сетот прераснала во романса. По прекинот, останале во пријателски односи и планираат да продолжат со заеднички проекти.
Забава
(Видео) „На брод сите знаат сè“ – работничка предупредува на љубовните драми на крузерите
Луси Саутертон, поранешна масерка од Бирмингем која од 19 години работела на крузери, споделува дека романтичните врски меѓу членови на екипажот ретко завршуваат добро. Таа објаснува дека на брод „нема бегство“ – сите живеат, работат и се дружат заедно, па љубовните врски брзо стануваат комплицирани.
„Кога врската ќе заврши, останувате заробени со бившиот. Го гледате секој ден, со сите заеднички колеги што знаат сè,“ раскажува Луси на својот YouTube канал Cruising As Crew.
Таа предупредува дека, иако животот на море изгледа гламурозно, љубовните драми на бродот можат брзо да се претворат во ноќна мора.
Забава
Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес
Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на концертот таа се завитка во бугарско знаме кое и’ го дадоа од публиката.
Корисници од Македонија споделуваат видеа и коментари од настанот. „Ја би ги исвиркал сите што отидоа на концерт на Цеца“, напиша еден корисник, додека друг иронично праша: „Дали Цеца ќе го истетовира МК знамето?“
Има и коментари кои сугерираат дека моментот бил резултат на провокација: „Бугарското знаме ѝ го подметнаа обични провокатори и добија што си бараа“ стои во еден од постовите, како и многу кои на комичен начин се осврнаа на настанот.
“Дали УДБА преку искористување на Цеца со бугарско знаме во Велес, се обидува да го
опструира приближувањето на официјални Софија и Скопје околу т.н. француски предлог?”Утринско ВасКафе ☕️😄 pic.twitter.com/Pn5kmq1Wcq
— Далибор 🇲🇰 (@Pobeda2024) November 1, 2025
Цеца за Hallowen се преправи во бугарка 👻
— elizabethand (@eliza_and_beth) November 1, 2025
Колку од тие што и свиреле на Цеца се со бугарски пасош? Зна ли се шта?
— Iv0P0p Sivi 🦅 (@IvoPop_) November 1, 2025
И цеца не влезе во устав.
— Робин Луд (@vladimirmk) November 1, 2025
Цеца се огласи коментирајќи дека не сакала да навреди никого, најмалку домаќините, како и дека таа секогаш прифаќа знамиња од публиката.

