Забава
Тејлор Свифт поретко ќе се појавува на сцената, сака да поминува повеќе време со својата болна мајка

Пејачката Тејлор Свифт (30) призна дека мајка ѝ Андреа се соочува со тешка дијагноза, пишува „Пипл“. Во интервју за „Варајети“, Тејлор рече дека мајка ѝ има тумор на мозокот и почнала да се лекува.
„Секој ја сака својата мајка, мајката е важна за сите. За мене, таа е извор на сила. Очигледно тогаш голема работа е воопшто да се зборува за нејзината болест. Таа оди на хемотерапија и тоа е доволно тешко за една личност. Вторпат ѝ се појавува тумор на мозокот. Ова е навистина тешко време за целото семејство“, рече Тејлор.
Поради болеста на мајка ѝ, Свифт има кус распоред на турнеи оваа година по објавувањето на новиот албум Lover. Таа објасни дека поради сегашната состојба, сака да помине што е можно помалку време на пат.
„Не знам што ќе се случи. Не знаеме кој третман да се избере. Ракот на мајка ми е вистински проблем. Порано бев толку загрижена за секојдневните подеми и падови. Сега сите мои грижи, стрес и молитви ги насочувам само на вистинските проблеми“, заклучи Тејлор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Убавата студентка по право ќе ја претставува Македонија на „Мис на светот“

Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20), ќе ја претставува Северна Македонија на најпрестижниот избор на убавина – „Мис на светот“ во Телангана, Индија.
Изборот ќе трае до 31 мај.
„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот за мис на светот 2025 година во Телангана, Индија, од 7 до 31 мај 2025 година – ‘Убавина со цел’. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата „Мис Северна Македонија“ да ги претставам прекрасната култура и наследството на Северна Македонија на глобалната сцена“, напиша таа.
View this post on Instagram
Во декември 2023 Навзати победи на ораторската вечер „Иво Пухан“, која се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на тема „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“.
View this post on Instagram
Забава
Утврдено кој ќе управува со наследството на починатиот Лијам Пејн

Имотот на Лијам Пејн е назначен. Шерил, мајката на осумгодишниот Бер, син на покојниот член на „Уан дајрекшн“, ќе управува со неговиот имот.
Според судските документи до кои дојде списанието „Пипл“, во тоа ќе биде заедно со адвокатот Ричард Марк Бреј бидејќи Пејн почина без тестамент. Според извештајот, вредноста на средствата на Пејн во Обединетото Кралство, по одбивањето на долговите и трошоците, е приближно 32,2 милиона американски долари.
Сепак, според судските документи во кои увид имал Би-би-си, Шерил и Бреј засега имаат само ограничени овластувања да управуваат со парите додека не се издаде општ сертификат за наследување.
Во меѓувреме, на Шерил и адвокатот не им е дозволено да распределуваат ниеден дел од имотот.
Пејн почина во октомври, на 31-годишна возраст, при падна од балкон од третиот кат во хотел во Аргентина.
Забава
„Енергија без филтри, музика без маски и емоција без компромиси“, „Ареа“ најави специјален концерт на 𝟣𝟢. мај

Македонската рок група „Ареа“ која одбележува повеќе од децении од своето формирање, ќе одржи специјален концерт на 10. мај (сабота) во „Јавна Соба“ во Скопје, каде што публиката ќе има можност да доживее едно блиско и енергично музичко искуство со автентичниот звук што ја одбележа „Ареа“ низ годините.
„Да си свој е најгласниот звук што можеш да го свириш“, вели гитаристот Ивица Брчиоски, кој од почетокот е дел од ова музичко патување. Во интервју по повод јубилејот, Брчиоски се навраќа на скромните почетоци, снимањето на првиот албум во студиото на МРТ – „место каде што пред нас снимале легенди како ‘Леб и сол’ и ‘Бјело дугме’“ – и потенцира дека клучот на успехот е доследноста и искреноста.
И по седум издадени албуми и стотици настапи, „Ареа“ останува верна на својот стил и на директната комуникација со публиката. Брчиоски посочува дека денешната сцена е поинаква – доминираат бројките и алгоритмите, но суштината на музиката е да биде доживување, а не производ.
Концертот во „Јавна Соба“ ќе понуди токму тоа – енергија без филтери, музика без маски, и емоција без компромис. Публиката може да очекува избор од најдоброто од дискографијата на „Ареа“, во атмосфера што ја нагласува блискоста и искреноста на живиот настап.