Забава
Тејлор Свифт ја тужат за плагијат

Славната музичарка Тејлор Свифт ќе мора да оди на суд за наводен плагијат.
Првите проблеми започнаа во 2017 година кога Шон Хол и Нејтан Батлер ја тужеа Свифт, тврдејќи дека дел од текстот на нејзиниот хит Shake It Off е преземен од песната Playas Gon ‘Play на групата 3LW, снимена во 2001 година.
Судијата ја отфрли тужбата во 2018 година, но жалбата на тужителите беше прифатена и таа ќе мора да оди на суд.
Судијата Мајкл В. Фицџералд во петокот го одби нејзиното барање да се поништи тужбата како неоснована. Иако судијата призна дека разлики јасно постојат, тој додаде дека има доволно објективни сличности за да се оправда судење со порота, кое конечно ќе одлучи кој е во право.
Американски медиуми го делат мислењето на многумина и сметаат дека повеќе од очигледно ова е само обид да се извлечат пари.
Но, на крајот сè зависи од судијата и од поротата, а проблем ќе биде ако одбраната не успее да ја убеди поротата бидејќи ќе се отвори вратата за други кои во иднина ќе сакаат да го искористат туѓиот успех на сличен начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џиновската кукла на Ким Кардашјан на Тајмс сквер предизвика бурни реакции: „Таму шетаат деца“

Ким Кардашјан предизвика бурни реакции со новата кампања, која ја промовира СКИМС – нејзината линија костими за капење и долна облека.
Таа постави џиновска кукла на надувување во сино бикини на Тајмс сквер во Њујорк.
Постаавката е долга 18 метри, а поради нереалните пропорции на куклата, 44-годишната реална ѕвезда доби многу критики.
„Нереално прикажување на женското тело“, „Има деца што се шетаат, не е во ред“, „Што е со луѓето што го одобрија ова?“, „Го сакам СКИМС, но ова е страшно“, „Нарушување на јавно место“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Новата колекција на костими за капење СКИМС се одликува со смели животински принтови и женствени силуети, со леопард и тигарски дезени во нежни нијанси на шампањ.
Забава
Подгответе се: на четири хороскопски знаци им претстои бурно раскинување во март

Космичките енергии во март 2025 година носат предизвици во љубовните врски за одредени хороскопски знаци.
Планетарните влијанија можат да ги разнишаат постоечките односи, доведувајќи ги до пресвртница или распад.
Еве кој би можел да биде најмногу погоден:
Бик
Март носи турбулентен период за Биковите. Уран, планетата на ненадејни промени, во комбинација со напнат аспект меѓу Марс и Венера, може да ја разниша нивната емоционална стабилност.
Иако се познати по својата лојалност, стресот и несогласувањата можат да ги поттикнат кон донесување тешки одлуки во љубовта.
Лав
Лавовите ќе се соочат со притисоци кои ја тестираат силата на нивните врски.
Квадратот помеѓу Сонцето, нивниот владетел и Сатурн може да им донесе чувство на ограничување и фрустрација.
Многу Лавови ќе почувствуваат потреба за поголема слобода и можеби ќе одлучат да ги прекинат врските што ги кочат.
Иако е болен, овој процес може да им помогне да најдат нова сила и појасно да ги видат своите емоционални цели.
Шкорпија
За Шкорпиите март ќе биде месец на длабоки емотивни пресврти. Плутон, нивната владејачка планета, поттикнува крај на врските кои станале исцрпувачки или токсични.
Раскинувањето може да биде интензивно и страсно, но ќе донесе можност за лична трансформација и отворање кон поздрави врски.
Риба
Кон крајот на март, Рибите ќе се соочат со важни сознанија за нивните врски. Ретроградниот Нептун ќе ги отфрли илузиите, принудувајќи ги да погледнат пореално во својот љубовен живот.
Оние кои се држеле за нестабилни врски можеби конечно ќе донесат одлука да ги напуштат. Иако емотивно тежок, овој период може да донесе ослободување и внатрешен мир.
За овие знаци, март 2025 година ќе биде време на големи одлуки и промени во љубовта. Иако раскинувањето никогаш не е лесно, тие можат да донесат можност за нов почеток и подобри односи во иднина.
Забава
(Видео) Комеморацијата за Саша Поповиќ заврши со солзи

Комеморацијата за Саша Поповиќ почна нешто по 10 часот. Прв зборуваше водителот Војо Недељковиќ, кој претходно го менуваше Саша Поповиќ на „Гранд“.
Кога се качи на бината ги повика сите да станат и да му оддадат почит на Саша Поповиќ со едноминутно молчење.
Потоа на видеоекранот беше пуштен филм за животот на шоуменот, придружен со последната песна што ја компонирал.
На комеморацијата во „Сава центарот“ дојдоа многубројни познати личности, меѓу кои: Лепа Брена, Боба Живојиновиќ, Александра Пријовиќ, Марија Шерифовиќ, Милица Павловиќ, Рада Манојловиќ, Лепа Лукиќ, Дејан Матиќ, Драгана Катиќ, Вики Миљковиќ и други.
Погребот ќе биде во 14.30 часот .