Забава
„Те сакам Таип“ – турските медиуми погрешно го преведоа комплиментот на Лавров

Министерството за надворешни работи на Русија реагираше на објавите на турската телевизија YolTV поради лошиот превод на снимката каде шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја коментира вратоврската на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Обратили внимание на то, что турецкий @YolTV неправильно услышал слова С.В.Лаврова.В опубликованном видео отчетливо слышно как Министр говорит «I love your tie» pic.twitter.com/GYnBkpOy01
— МИД России ?? (@MID_RF) March 7, 2020
Лавров му вели на Ердоган дека му се допаѓа неговата вратоврска, а турската телевизија тоа го преведе како: „Те сакам Таип“.
На англиски: „I love your tie“, телевизијта го превела: „I love you Tayyip“
Erdogan confused. Shakes hands with his own minister instead of Russian foreign minister Lavrov ? https://t.co/18sGtDfK1h
— A Dunon (@4rj1n) March 5, 2020
Моментот кога Лавров му се обрати на Ердоган се случи во Москва, за време на официјалната посета на турскиот претседател на Русија.
Diyar e derb giran bû, li şûna silavê bide Lavrov dide çawîş Oglo pic.twitter.com/hzjVeYFy6d
— Farhad Shami (@farhad_shami) March 5, 2020
Ердоган ја посети Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и да разговара за Идлиб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Актерката позната по мрачните улоги доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд

Кристина Ричи (45) прослави еден од најважните моменти во кариерата – ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, со што ја одбележа својата долга и успешна кариера.
Церемонијата се одржа на 6 март, а ѝ се придружија нејзиниот сопруг Марк Хемптон и нивните две деца: 3-годишната ќерка Клеопатра и 10-годишниот син Фреди. Ричи, позната по улогите во филмовите како што се The Addams Family и Sleepy Hollow и хит серијата Yellowjackets, заслепуваше на церемонијата во елегантен црн фустан со долги ракави.
Таа гордо позираше покрај својата ѕвезда, гушкајќи го синот, додека малата Клео стоеше пред нејзиниот сопруг.
Забава
(Фото) Манекенка позираше во бизарен градник, луѓето ја исмејуваат

Манекенката Ирина Шајк по модната недела во Париз ужива во Бразил, а освен што покажа фотографија од 18+ од карневалот во Рио де Жанеиро, таа ги изненади своите следбеници со објава на која позира во градник со необичен дизајн.
Таа објави серија фотографии на кои позира на плажа и на улица во црн градник со необичен дизајн, кој го искомбинира со црни велосипедски шорцеви. Изгледот го комплетираше со црвен кармин.
Нејзиното издание стана предмет на потсмев на социјалните мрежи, а имаше и интересни коментари.
„Градникот изгледа смешно“, „Кога фотошопот ќе тргне наопаку“, „Кога си убеден дека ништо не може да ти ја уништи убавината“, „Вака изгледам кога го земам градникот на баба ми“, „Каква кралица“, се само дел од коментарите под објавата.
Градникот е дел од колекцијата пролет/лето 2025 на модниот дизајнер Дуран Лантинк.
Забава
(Видео) Блејк Лајвли ја даде првата изјава по нејзината кавга со Балдони

Блејк Лајвли неодамна се појави на премиерата на Another Simple Favor, во која глуми со Ана Кендрик. Во оваа прилика таа ја даде својата прва изјава во јавноста откако започна драмата со Џастин Балдони.
„Толку многу го сакам овој лик. Тоа е мојот омилен лик што некогаш сум го имала задоволството да го играм. Кога Пол (Феиг, режисерот) не покани да се вратиме, бев многу возбудена“, искоментира Лајвли.
Иако не го спомна Балдони, многумина веруваат дека за време на премиерата многу луѓе и изразиле поддршка поради ситуацијата со актерот.
Пол Феиг ја нарече извонреден соработник, велејќи: „Не сум работел со ниту една актерка која не сака да биде дел од процесот и да работи на работи за да ги подобри. Тоа е нашиот процес, сакам што Блејк го прави тоа на тој начин“.
Нејзиното доаѓање на премиерата сепак не помина без контроверзии, бидејќи пред киното стоеше маж со транспарент на кој пишуваше „Правда за Џастин Балдони. Блејк лажеше“.
Да потсетиме дека Блејк претходно изјави дека нејзините деца биле истрауматизирани од драмата со Балдони. „Пејџ Сикс“ известува дека Блејк ја изменила тужбата што ја поднела пред федералниот суд во Њујорк Во судскиот документ се наведува дека Џејмс, Инез, Бети и Олин се трауматизирани и дека ситуацијата „емоционално влијаела на нивната благосостојба“.