Забава
Тие не се плашат од емоции: непоправливите романтичари се родени во три знаци

Во светот на хороскопите, секој знак има свои посебни квалитети, но некои едноставно блескаат кога станува збор за љубовта.
За нив, романсата не е само фаза или минлива емоција – тоа е начин на живот. Тие секогаш бараат подлабоки врски, сакаат срдечни изненадувања и не се плашат да ги покажат своите чувства.
Еве три хороскопски знаци кои често се сметаат за најголеми романтичари во Зодијакот.
Рак – нежност и посветеност на секој начин
Раковите се познати по нивната емоционална длабочина и способност да се поврзат со својот партнер на интимно ниво. Нивната романса не е само за големи гестови, туку и за мали, секојдневни знаци на внимание – топол оброк, срдечна прегратка или нежна порака во вистинско време.
Тие сакаат сигурност и чувство на дом во врската, и кога ќе најдат некого на кого можат да му веруваат, тие се трудат најдобро што можат да ја одржат и развијат таа врска.
Риби – сонувачи кои веруваат во вистинска љубов
Рибите се непоправливи романтичари, склони кон идеализирање на љубовта и верување дека постои таа совршена личност таму некаде. Нивната креативна природа често се изразува преку песни, писма, цртежи или мали изненадувања.
Тие се подготвени да инвестираат енергија и време во создавање посебни моменти, а во врската бараат партнер со кого можат да ги споделат своите соништа и внатрешен свет. Рибите сакаат да даваат, но исто така сакаат кога нивниот партнер им покажува колку ги цени.
Вага – Љубовта како уметност
За Вагите, љубовта е нешто што треба да се негува со истата грижа како најскапоценото уметничко дело. Тие се стремат кон хармонија, убавина и заедништво, и сакаат да го почастат својот партнер со романтични вечери, заеднички патувања или изненадувачки излегувања.
Вагите го сакаат чувството на вљубеност и уживаат во фазата на освојување исто колку и во долгорочните врски. Нивната способност да го стават партнерот во центарот на вниманието ги прави еден од најпосакуваните знаци за романтична врска.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бегаат од сериозни врски: три хороскопски знаци на мажи што тешко се врзуваат

Некои мажи едноставно не се гледаат себе си во долгорочни врски. Според астролозите, оние родени во овие три хороскопски знаци најчесто ја избегнуваат обврската и тешко се одлучуваат за стабилна љубовна врска.
Близнаци
Темпераментни, полни со живот и секогаш во потрага по нова стимулација – мажите Близнаци брзо се заморуваат од рутина. Обврзувањето за нив звучи губење на слобода, па често оставаат впечаток дека се присутни, но секогаш подготвени да исчезнат.
Стрелец
Стрелците се авантуристи кои не поднесуваат ограничувања. Долга врска за нив најчесто значи „губење на крила“. Дури и кога се заљубени, склони се да ги одложуваат обврските – едноставно затоа што слободата им е најважна.
Водолија
Мажите Водолии сакаат интелектуална поврзаност и оригиналност, но тешко се вклопуваат во класични љубовни модели. Кога ќе почувствуваат притисок или премногу очекувања, се повлекуваат. За нив, слободата и сопствениот стил на живот се пред сè.
Забава
Бргу ќе ве преболат: хороскопски знаци што не страдаат по раскинувањето на љубовна врска

Раскинувањата за многумина се тежок и болен процес, но некои хороскопски знаци се познати по тоа што брзо се опоравуваат и се насочуваат кон нови искуства. Наместо да се задржуваат во минатото, тие продолжуваат напред – полни со енергија и подготвени за нови прилики. Според астрологијата, овие три знаци најбрзо закрепнуваат по прекин на врска:
Овен
Овните не губат време на тажење – нивната природна желба за движење и авантура ги тера напред. Кога раскинувањето ќе стане реалност, тие многу брзо наоѓаат нови активности и луѓе со кои го исполнуваат своето секојдневие. Наместо да останат заробени во минатото, тие се фокусирани на тоа што доаѓа.
Стрелец
Стрелците се познати по својот слободоумeн дух и желбата за истражување. За нив, раскинувањето не е крај, туку можност за нов почеток. Брзо наоѓаат смисла во нови искуства – преку патувања, дружења или учење нешто ново, па затоа тагата им трае пократко отколку кај повеќето други знаци.
Водолија
Водолиите често се однесуваат кон емоциите рационално и со доза дистанца. Кога ќе дојде до раскин, тие го доживуваат како природен тек на нештата, а не како трагедија. Нивната ориентираност кон иднината и иновативните идеи им помагаат брзо да се одвојат од минатото и да продолжат понатаму без преголемо жалење.
Забава
Жената која на лажниот Бред Пит му дала 800.000 евра ги покажа пораките што ѝ ги праќал

Француската дизајнерка на ентериери, Ан Деноушател (53), дојде на насловни страници низ целиот свет откако откри дека на измамници кои се претставувале како Бред Пит им дала повеќе од 800.000 евра. Во својата нова книга Je ne serai plus une proie („Нема повеќе да бидам плен“) открива детали за измамата, но и шокантен заклучок – ѝ е драго што сè се случило бидејќи тоа довело до нејзиниот развод од сопругот.
Почеток на онлајн романса
Деноушател раскажала дека била осамена и заробена во несреќен брак со „себичен и манипулативен милионер“ кога на Инстаграм добила порака од личност која се претставила како мајка на Бред Пит. Наскоро започнала разговор и со „лажниот глумец“ преку Телеграм, а таа, како што вели, станала „зависна“ од тие разговори и живеела во „целосна илузија“.
Кога измамникот почнал да бара пари, таа се чувствувала сакана, нешто што ѝ недостасувало во бракот.
„Мојот сопруг ме доведе во непријатна ситуација. Ми рече дека треба да бидам задоволна што сум негов трофеј. Повеќе немав никаква независност. Во еден момент, изгледаше полесно да му помогнам на ‘Бред’ отколку да си помогнам себеси“, изјавила за францускиот „Ле Монд“.
Љубовни пораки и понуда за брак
Со месеци разменувале интимни пораки. Тој наводно ѝ се доверувал за својата зависност од алкохол, за осаменоста и разводот од Анџелина Џоли, а таа му раскажувала за проблемите со сопругот. Деноушател вели дека се чувствувала како на „продолжен меден месец“ додека лажниот глумец ја опсипувал со романтични пораки, љубовни песни, па дури и понуда за брак.
„Моја кралице“, ѝ пишувал. „Ти си сè што имам. Те обожавам. Душо, толку многу те сакам.“ Поради интензивната врска што се развила, таа вели дека се одвоила од реалноста. „Се одвоив од својата вообичаена реалност за да живеам целосна фантазија. Се чувствував како да сум конечно своја.“
Како изгубила повеќе од 800.000 евра
Во текот на 14 месеци, од април 2023 до јуни 2024 година, му префрлила повеќе од 800.000 евра. На почетокот парите биле за наводни царински трошоци за подароци кои тој ѝ ги купил, а кои никогаш не стигнале. Подоцна плаќала огромни болнички трошоци, бидејќи ја убедил дека боледува од рак на бубрезите и дека му е потребна трансплантација.
Тој тврдеше дека неговата банкарска сметка е замрзната поради бракоразводна постапка. Испраќал и фотографии создадени со помош на вештачка интелигенција, на кои наводно се гледа како лежи во болнички кревет. Во еден момент „Бред“ паднал и во кома, поради што таа морала да плаќа и пенали на холивудско студио, бидејќи било одложено снимањето на неговиот нов филм.
Развод од сопругот
Измамената жена конечно престанала со уплатите откако добила барање за речиси 15.000 евра за приватен авион. Емоционално исцрпена и изолирана од семејството и пријателите, случајот го пријавила во полиција. Истрагата открила дека зад измамата стојат тројца мажи од Нигерија.
Откако нејзината приказна излегла во јавност, измамниците последен пат ѝ се јавиле. „Љубов, мојата сметка на Телеграм ја хакирале измамници. Сега ќе направам сè за да ја обезбедам нашата безбедност.“
„Искрено ми е жал ако моето невнимание ја предизвика оваа ситуација“, стоело во пораката.
Иако останала без пари и завршила на психијатриско лекување, Деноушател вели дека разводот од сопругот е „единствената позитивна работа“ што произлегла од оваа болна измама.
Прочитај и: Се претставил како Бред Пит и побарал пари за лекување: му уплатила 830.000 евра