Контакт

Забава

Тиранијата на тенкоста сè уште доминира во модата

Објавено пред

И покрај тврдењата дека модната индустрија сè повеќе вклучува манекенки со облини, податоците покажуваат дека тоа е само мачкање очи.

dobivaj vesti na viber

Во последните години неколку плус-сајз модели, како Палома Елсесер, добија медиумско внимание, но бројките покажуваат дека тие сè уште се во малцинство.

„Вог бизнис“ прегледа дури 9.137 облеки прикажани на 219 ревии одржани минатата сезона во Њујорк, Лондон, Милано и во Париз и откри дека само 0,6 отсто биле плус сајз – дефинирани како големина 14 или над 14, што всушност е просечната големина што ја носат повеќето жени во САД, а само 3,8 проценти биле со големина од 6 до 12.

Ова значи дека 95,6 отсто од облеките биле претставени во американски големини од 0 до 4. Паоло Волонте, професор по социологија на модата во Милано, тврди дека брендовите користат само неколку модели плус-сајз за да избегнат критики.

„Тоа е мачкање очи“, рече тој за АФП споредувајќи го овој феномен со, како што рече, циничниот манипулативен зелен маркетинг или екоманипулација, при што таа индустрија ја обвинуваат за празни климатски ветувања.

„Тие користат модели со облини во своите кампањи за да покажат инклузивност, но тоа го прават само за да го зачуваат системот заснован на тиранија на идеалот на витост“, рече Волонте. Дваесетгодишната студентка по право, која е и модел, Екатерина Ожиганова, тврди дека луксузните брендови, едноставно, одбиваат да претставуваат обични луѓе.

На жените што носат средна големина или мидиум-сајз обично им се кажува да изгубат тежина или да зголемат до XL“, изјави таа за АФП. „Не е здраво ниту првото ниту второто“.

Група на активистката Екатерина Ожиганова, која работи со името Model Law („закон за модели“), направила анкета според која 9 од 10 манекенки изјавиле дека се под притисок да ја сменат тежината, а повеќе од половина од нив тоа го доживуваат на дневна основа.

„Тешко им е да зборуваат за тоа,“ вели таа. „Ако се жалите, сите ќе ви кажат: душо, тоа ти е работа.“

Волонте објаснува како оваа опсесија со тенкоста почнала со појавата на техниките за индустриско производство. Дизајнерите порано создавале облека специфична за поединец. Во ерата на масовно производство се користат помали шаблони, кои се зголемуваат на поголеми димензии. Ова функционира до одредена големина по што дебелината и мускулите може да го променат обликот на телото на сложени начини.

„Многу е поскапо да се произведува и продава облека во поголеми димензии, а тоа бара поголема експертиза“, објаснува Волонте.

Имаше напори да се променат работите од раните 2000 години кога се проширија стравувањата дека моделите со нулта големина (size-zero) поттикнуваат анорексија кај младите луѓе.

Но, модата останува мода… Тоа е свет на фантазија и тоа никогаш нема да се промени суштински.

Забава

Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко

Објавено пред

Украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби во регионот Харков, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.

dobivaj vesti na viber

„Нашите сили извршуваат контранапади и ја штитат украинската територија веќе втор ден“, рече Зеленски.

Украинската војска претходно соопшти дека руските сили се задржани во пограничните села во „сивата зона“, додека Русија објави дека зазела пет локални населби.

Ситуацијата, рече Зеленски, е особено напната во регионот на Доњецк, поточно во правец на Покровское, кај селата Семенивка и Нетаилова.

Зеленски додаде дека попречувањето на руските офанзивни акции сега е задача број еден.

Прикажи повеќе...

Забава

Се појавија фотографии од ирската претставничка на Евровизија без шминка и рогови, луѓето коментираат колку е убава

Објавено пред

Евровизија 2024 ја одбележаа бројни скандали и поради дисквалификацијата на претставникот на Холандија, а сите постојано ја коментираат овогодинешната претставничка на Ирска, Бамбија Туг.

dobivaj vesti na viber

Сега на Твитер кружи видео од прес-конференцијата од првата полуфинална вечер на Евровизија 2024, каде Бамби за време на разговор со новинарите рече: „Да се ​​биде квир и да се биде вештерка ме прави посебна личност“.

Исто така, се појавија фотографија од претставничката без шминка, а огромниот контраст ги изненади сите кои коментираат дека е многу убава.

Бамби Реј Робинсон е родена како жена, но се идентификува како „небинарна“ личност и претпочита да ја користи заменката „тоа“, наместо „таа“.

Прикажи повеќе...

Забава

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија по инцидент што пејачот го предизвикал зад сцената

Објавено пред

Холандскиот пејач Јост Клајн е дисквалификуван од Евровизија по инцидент зад сцената.

dobivaj vesti na viber

Изведувачот нема да пее на денешното финале на Евровизија, откако членка на продуцентската екипа до шведската полицја изнесе наводи за заплашување.

„Не би било соодветно да го продолжи натпреварот додека трае истрагата“, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организатор на Евровизија.

„Сакаме јасно да ставиме до знаење дека, спротивно на некои медиумски извештаи и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не се вклучени други изведувачи или членови на делегацијата“, се додава во соопштението.

ЕБУ вели дека инсистира на политика на нулта толеранција за какво било несоодветно однесување и е посветена на безбедна и сигурна работна средина за сите што учествуваат на натпреварот.

Во овој поглед, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за кршење на правилата на натпреварувањето, додаваат од ЕБУ.

Клајн беше меѓу фаворитите за победа.

Исклучувањето на Холандија значи дека во финалето нема да има 26, туку 25 земји.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Aхмети тврди дека со челниците на „Вреди“ во јануари потпишале декларација дека ќе владеат само со партии што поддржуваат уставни измени

ДУИ тврди дека и првите луѓе на коалицијата „Вреди“ (Влен), со кои ВМРО-ДПМНЕ договара коалицирање во новата Влада, се потписници...

Македонија5 часа

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски,...

Македонија8 часа

Мицотакис ја повика новата Влада да го почитува преспанскиот договор: „Ако не се случи тоа, ќе имаме проблем“

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во интервју за грчката телевија „Алфа“ повика на почитување на Преспаснкиот договор, од страна на новата...

Македонија9 часа

Силјановска на нејзиниот роденден го доби уверението за претседател, ДИК и’ посака успешен мандат

Државната изборна комисија и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска Давкова, која денес го прославува својот 71....

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби

„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ...

Македонија10 часа

Силјановска Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија – ДИК објави конечни резултати од гласањето

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од гласањето на претседателските избори на 8 мај, констатирајќи дека за претседател е...

Свет11 часа

Израел ги повика Палестинците од централниот дел на Рафа да се евакуираат, повеќе од 150.000 луѓе веќе го напуштиле градот

Израелската армија утринава ги повика жителите на населбата во централниот дел на градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа...

Спорт11 часа

„Тоа беше несреќа“ – Новак Ѓоковиќ проговори и откри како се чувствува по инцидентот со шишето

Новак Ѓоковиќ се огласи по непријатноста што ја доживеа кога го напушташе теренот во Рим, и потпишувајќи автограми случајно беше удрен...

Свет12 часа

ОН го предупредија Израел да не го напаѓа Рафа: Тоа би предизвикало епска хуманитарна катастрофа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја предупреди израелската армија да не го шири нападот врз градот Рафа во...

Свет12 часа

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со нашето оружје

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вчера објави дека Израел можеби користел оружје добиено од САД со кршење на меѓународното...

Македонија1 ден

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува...

Македонија1 ден

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија1 ден

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија1 ден

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија1 ден

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија1 ден

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија1 ден

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје2 дена

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа2 дена

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет2 дена

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...