Контакт

Забава

„Тифани“ повторно ја отвора култната продавница за накит на Петтата авенија

Објавено пред

По речиси четири години реновирање зад скелиња и паравани, „Тифани и Ко.“ оваа недела ја отвора својата водечка продавница за накит на Петтата авенија во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

Локацијата на Менхетн, овековечена со филмот „Појадок кај Тифани“ од 1961 година со Одри Хепберн во главната улога, претрпе големо преуредување, со што луксузната златарница се надева дека ќе помогне да се поттикне импулсот на брендот под палката на новиот сопственик, францускиот гигант за луксузни производи ЛВМХ.

Реновираната продавница вечерва ќе има официјално отворање само за поканети гости. За јавноста повторно ќе биде отворена на 28 април.

Ова е прво целосно преуредување на култната златарница од отворањето во 1940 година.

Целта, според извршниот директор на „Тифани“, Ентони Ледру, е да им понуди уникатно искуство на клиентите, со спој на уметност, занаетчиство, наследство и начин на живеење.

„’Тифани’ се стреми да им остане верна на своите корени, а во исто време да остане културно релевантна“, напиша тој во е-пошта до агенцијата АФП.

„Компанијата сака да ја направи ‘Тифани’ достапна за сите генерации“, додаде тој.

„Тифани“ е основана во Њујорк во 1837 година и стана најпозната по дијамантите, сребрениот накит и по свршеничките прстени што се продаваат во култните светлосини кутии. Компанијата вработува 14.000 луѓе и управува со приближно 300 малопродажни места во светот.

Покрај реновираните продажни пултови, на десетте ката на продавницата на Менхетн ќе има неколку изложбени салони и бистро со кое ќе раководи францускиот готвач Даниел Булу, како и ВИП-простор.

Повторното отворање на водечката продавница на Tiffany & Co на аголот на Петтата авенија и улицата Ист 57 доаѓа по долгото реновирање, прво по 83 години, и милијарди капитални инвестиции во еден од најпознатите и најскапи трговски квартови во Њујорк.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Хилари Даф се враќа на музиката по десет години

Објавено пред

По еднодецениска пауза, обожавателите на Хилари Даф конечно добија добри вести. Популарната актерка и пејачка го потврди своето враќање на музичката сцена во вторник, точно една деценија по објавувањето на нејзиниот последен албум „Breathe In. Breathe Out.“ во 2015 година.

dobivaj vesti na viber

Официјално соопштение за медиумите потврди дека 37-годишната ѕвезда потпишала договор со „Atlantic Records“, а заедно со новата музика, во подготовка е и документарна серија што ќе го следи нејзиното враќање.

Проектот, режиран и продуциран од Сем Ренч, „ќе го следи долгоочекуваното музичко враќање и личното патување на Даф, нудејќи нефилтриран поглед во светот на Хилари“, се вели во соопштението.

Серијата ќе ги хронолошки нејзините „подеми, падови и сè помеѓу“, а обожавателите ќе можат подетално да ја видат додека таа го балансира семејниот живот со снимање нови песни, вежбање за настапи во живо и подготовка за нејзиното прво сценско појавување по повеќе од една деценија. Документарецот ќе вклучува и интервјуа, снимки од настапи и видеа од нејзината лична архива.

Пејачката ја сподели среќната вест и со своите следбеници на Инстаграм. „Нова музика… или нешто слично“, напиша Даф кратко покрај серија фотографии.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Поминала низ пекол поради својата тежина: „Ме болеше кога еден човек ми кажа дека сум дебела“

Објавено пред

Пејачката Селена Гомез со години се бори со својата тежина, а поради својот изглед, редовно беше цел на негативни коментари, па дури и навреди, што ја натера да се чувствува лошо и да ја изгуби самодовербата. Таа отворено зборуваше за својот трнлив пат во јавноста не криејќи дека некои од навредите многу ја повредуваат.

dobivaj vesti na viber

„Се соочив со многу проблеми со тежината во мојот живот и тоа е нешто на кое сум многу чувствителна. Навистина ме повреди некој кој ми рече дека сум дебела. Зошто се појавува таа емоција?“, рече Селена, која редовно оди на терапија за да се бори со своите несигурности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

„Дефинитивно, мора да бидете спремни да работите на тоа, а тоа може да биде незгодно“, рече пејачката, на која ѝ беше дијагностициран лупус во 2014 година по што ѝ беше трансплантиран бубрег и ѝ беше дадена терапија.

Покрај тоа, пред пет години таа објави дека има биполарно растројство, како и дека се бори со депресија и анксиозност. Со јавно и искрено зборување за она низ што поминува таа сака да ја подигне јавната свест и да испрати порака дека овие состојби никогаш не треба да бидат табу-тема во 21 век бидејќи со нив се соочуваат сè повеќе луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Селена Гомез и нејзиниот свршеник Бени Бланко набргу ќе се венчаат, а се свршија една година откога почнаа да се забавуваат. Тие се познаваат од 2019 година кога работеа заедно на песната I Can’t Get Enough. Пејачката неодамна прослави моминска забава, а претходно изјави дека е сигурна оти сака иднина со Бени.

Прикажи повеќе...

Забава

Синот на Викторија и Дејвид Бекам го прослави својот 23-ти роденден, мајка му го засени

Објавено пред

Синот на Викторија и Дејвид, Ромео Бекам, го прослави својот 23-ти роденден. Забавата се одржа во Лондон во ресторанот „Аки“, кој сè уште не е официјално отворен. Тие уживаа во суши, бургери и пијалаци, а забавата изгледаше како модна ревија.

dobivaj vesti na viber

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROMEO (@romeobeckham)

Викторија се појави, како и обично, во црно од глава до петици. Носеше проѕирно здолниште и елегантно сако. 51-годишната жена покажа и нова фризура – светли бранови со средна должина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROMEO (@romeobeckham)

Како и секогаш, Бекамови ги споделија фотографиите на „Инстаграм“. На фотографиите тие држат торта и се забавуваат, а во коментарите следбениците му го честитаа роденденот на Ромео и му дадоа комплименти на семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROMEO (@romeobeckham)

Најстариот син Бруклин го нема на семејните фотографии, тој не беше на забавата и не му го честита роденденот на својот брат на социјалните мрежи. Кружат шпекулации за затегнати семејни односи и дистанцирање на Бруклин.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Европа3 часа

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет4 часа

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа4 часа

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет5 часа

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа5 часа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа5 часа

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа6 часа

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа6 часа

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија16 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија18 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија23 часа

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија23 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија23 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ1 ден

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ1 ден

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија1 ден

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ1 ден

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија1 ден

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...