Забава
Том Хенкс ги шокира фановите со новиот изглед
Тој го глуми менаџерот на Елвис Присли, полковник Том Паркер, во претстојниот филм за музичката легенда.

Но, Том Хенкс мораше да страда за својата уметност, и сега мора да трпи ужасна фризура во биографскиот филм во режија на Баз Лурман, за да ја имитира ќелавата глава на Паркер.
64-годишниот актер им даде краток поглед на фановите на неговата новокована хромирана купола во текот на онлајн интервју за британската емисијата The Graham Norton Show во вторникот.

Оскаровецот срамежливо го покажа својот нов изглед ставајќи се во кадар неколку секунди за време на видеоинтервју.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Една е Викторија Бекам: „Тешко е да се биде јас, но некој мора и тоа да го прави“
Семејството Бекам поминува низ тежок период во животот. Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, наводно ги блокирал своите родители на Инстаграм, што значи само едно – сака да ги прекине сите врски со своето примарно семејство.
Сепак, мама Викторија продолжува храбро, со крената глава, да гради имиџ на дама. Во пресрет на Божиќ, таа објави видео на Инстаграм во кое го прикажува својот најнов проект за убавина.
Опкружена со доверливи луѓе, познатата дизајнерка уживаше во добро друштво, како и во чаша квалитетен алкохол. За оваа пригода, таа носеше лежерна, но елегантна комбинација што ја истакнуваше нејзината убавина, а стајлингот го комплетираше со брановидна коса и минимална шминка.
Како што обично се случува, објавата беше придружена со краток, но хумористичен опис:
„Тешко е да се биде јас, но некој мора и тоа да го прави“, рече таа, додавајќи дека ова видео е дел од претходно необјавени снимки од рекламната кампања „Викторија Бекам Бјути“.
Забава
Бредли Купер ѝ предложи брак на најпознатата манекенка во светот
Љубовната приказна на најпознатиот славен пар трае веќе 2 години. Иако Бредли Купер и Џиџи Хадид се обидуваат да го држат својот приватен живот подалеку од љубопитните медиуми, извори блиски до двојката ги открија нивните планови за следната година.
Имено, вљубените планираат да ја официјализираат својата врска во 2026 година. Според изворите, актерот разговарал за своите планови за свадба со својата мајка, со која има блиска врска, но и со својата идна свекрва.
Бредли ја побарал раката на избраничката од Јоланда Хадид, мајката на познатата манекенка и исклучително важна женска фигура во нејзиниот живот.
Јоланда, велат, била целосно согласна со нивната одлука.
А што рекол таткото на идната невеста?
Џиџи Хадид, исто така, разговарала за свршувачката со својот татко, Мохамед Хадид, што се толкува како многу сериозен и официјален чекор.
„Немаше загриженост за одговорот на Јоланда, но таткото на Џиџи е, сепак, посериозна приказна. Ова значи дека сериозно размислуваат за брак“, вели изворот.
Според него, Бредли и Џиџи треба да стапат во брачна врска следната година, 2026 година.
Забава
(Фото) Најтажната принцеза има најголема насмевка на лицето: новата фризура ги засени сите проблеми
Принцот Алберт од Монако и неговата сопруга, принцезата Шарлин, присуствуваа на настанот „Монако под ѕвездите“, во придружба на сестрата на Алберт, принцезата Стефани.
Шарлин долго време го носи прекарот „најтажната европска принцеза“, а дури неодамна почна да се појавува со сè поголема насмевка на лицето, иако сè што се случуваше во Монако е сè уште обвиткано во превез од тајни што веројатно никогаш нема да ги дознаеме.
Во овој период, убавата принцеза ја покажа својата нова фризура. Шарлин направи драстична промена бидејќи со години се појавуваше со кратка коса што исто така совршено ѝ прилегаше. Сега е малку подолга, но и посјајна, со дискретни златни прамени.
За да ја задржи косата во преден план, Шарлин носеше едноставно кафеаво палто со двојно закопчана јака и ремен што го нагласуваше нејзиниот струк. Под неа, се гледаше само бела ролка, а принцезата го заокружи својот стил со чанта во иста нијанса како палтото и чизми.
Принцезата Шарлин отсекогаш се истакнуваше со својот внимателно избран стил, дури и кога не ѝ беше до тоа.
Сега кога тешкиот период конечно е зад нивното семејство, Шарлин почна да се насмевнува. Новата фризура може да биде и знак за нов почеток, а за оние кои ги следат трендовите, ова сигурно ќе биде знак да побрзаат на фризер.

