Забава
Том Хенкс јавно би ја примил вакцината против коронавирусот за да покаже дека е безбедна

На Том Хенкс му беше дијагностициран коронавирус додека беше во Австралија на почетокот на оваа година, а 64-годишниот актер е отворен за јавно вакцинирање со цел да ги отфрли сите сомнежи.
На прашањето дали би бил подготвен да го документира искуството со вакцината, Том во емисијата „Тудеј“ рече: „О, да, сигурно“.
Том и неговата сопруга Рита Вилсон открија дека биле позитивни на тестот на вирусот во март. Иако имаа тешки денови додека се бореа со инфекцијата, фокусот на Том беше секогаш да се осигури дека тој нема да му ја пренесе на некој друг.
„Мислам дека тоа беше многу поважно бидејќи втората половина од формулата на Ковид-19 е никому да не му го пренесеме“, рече тој.
„Самоизолација и носење маски не само за да не се инфицираме ние туку и никому да не му го пренесеме“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ѕвездата од серијата „Закон и ред“ проговори за тајната што ја чувала повеќе од 30 години

Актерката Маришка Харгитеј, најпозната по улогата на Оливија Бенсон во серијата „Закон и ред“, проговори за голема семејна тајна што ја чувала повеќе од 30 години. Маришка со години мислела дека Мики Харгитеј е нејзин татко, но подоцна открила дека тоа не е вистина.
Во документарецот „Мојата мајка“, Џејн открила дека дури на 30-годишна возраст дознала дека нејзиниот вистински татко е италијанскиот пејач Нелсон Сардели, со кого нејзината мајка Џејн Менсфилд имала врска по разводот.
„Се чувствував како да сум ја изгубила земјата под нозете. Како целата моја инфраструктура да се распаднала“, опиша таа, сеќавајќи се на моментот кога ја видела фотографијата на Сардели.
Актерката отпатувала во Атлантик Сити за да се соочи со својот вистински татко. „Го чекав овој момент 30 години. Бев како вистинска Оливија Бенсон. Му реков: Не сакам ништо, не ми треба ништо од тебе… Имам татко. Беше прашање на лојалност. Сакав да му бидам лојална на Мики“, додаде Маришка, која се опишува себеси како ќерка на Мики.
Забава
(Видео) Џесика Симпсон воодушеви со првиот настап по 15 години

Џесика Симпсон ги воодушеви гледачите на шоуто „Американ Идол“ и пееше во неделното финале на шоуто. Нејзиниот настап беше уште поспецијален поради фактот што тоа беше нејзино прво појавување на телевизија во последните 15 години.
Симпсон отпеа две песни. Заедно со поранешниот натпреварувач Џош Кинг, таа ја изведе својата верзија на песната „These Boots Are Made For Walking“, оригинално испеана од Ненси Синатра.
Таа ја отпеа и својата нова песна „Blame Me“. Нејзиниот настап беше објавен на YouTube, каде што досега е прегледан 14,7 илјади пати.
„Можете да видите колку ги сака своите песни“, „Непрепознатлива е, но звучи одлично“, „Џесика беше одлична. Се надевам дека ќе ја гледаме повеќе во живо“, „Сè уште пее исто како на почетокот на кариерата“, „Прекрасна и неочекувана“, „Ве молам ставете ја Џесика Симпсон во жирито“, „Вечна икона“, се некои од коментарите.
Забава
Џесика Бил откри што им забранува на своите синови кои ги има со Џастин Тимберлејк

Актерката Џесика Бил даде редок коментар за синовите што ги има со Џастин Тимберлејк. Како што откри таа во интервју за „E! Вести“, таа не им дозволува на своите синови Сајлас (10) и Финеас (4) да ги гледаат нејзините филмови и серии.
„Не мислам дека виделе ништо од тоа. Ако нивните пријатели го гледаат, нивните родители треба да бидат казнети. Тие не треба да го гледаат, премногу се млади“, коментираше Бил.
Бил и Тимберлејк ја започнаа својата врска во 2007 година. Четири години подоцна, тие накратко раскинаа, но набрзо повторно се зближија.
Тие се венчаа на 19 октомври 2012 година, во јужна Италија. Кон крајот на минатата година, се појавија информации дека двојката зема „кратка пауза“, која наводно ја иницирала Џесика.