Забава
Трагичната смрт на принцезата Дијана: што се случувало во нејзините последни 24 часа
25 години подоцна сеќавање на кобниот ден.
На 31 август 1997 година светот остана вџашен кога принцезата Дијана од Велс, позната како народната принцеза, почина во сообраќајна несреќа. Дури и сите овие години подоцна, последните 24 часа од нејзиниот живот сè уште се анализираат и постојано се појавуваат нови информации за последниот ден.
Принцезата од Велс имаше само 36 години. И покрај својата младост, Дијана остави наследство, кое до ден-денес сè уште опстојува.

Една од најинспиративните личности на 20 век.
Личноста на принцезата Дијана, всушност, изгледаше како да ја засени самата кралица Елизабета. Таа беше жена со сосема спротивен профил на монархот.

Поради оваа причина и многу повеќе, нејзината брутална несреќа беше шок за луѓето од целиот свет. Сите ја оплакуваа смртта на јавна личност како никогаш досега.
Како Дијана од Велс ги живеела последните 24 часа од својот живот? Хирургот Монсеф Дамен, кој бил покрај принцезата во париската болница, каде што почина, зборуваше за „Дејли мејл“, но не понуди никакви релевантни детали. 56-годишниот лекар, кој сега живее на француската ривиера, се ограничи на негирање каква било теорија на заговор тврдејќи дека било направено сè што е можно за да се спаси животот на Дијана Спенсер.
Но, што се случило пред тој момент во болницата.
Летото 1997 година леди Дијана беше цела една година законски разведена од принцот Чарлс. И покрај ова, парот живеел самостојно повеќе од четири години. Разделбата предизвика огромен стрес кај Дијана, папараците постојано ја прогонуваа додека таа се обидуваше да го обнови својот живот и да се врати во нормала, што ќе ѝ овозможи да продолжи со своите добри дела и живот на жена, јавна личност и мајка.
Неколку недели пред да отпатува за Париз, принцезата Дијана уживаше неколку дена со своите синови Вилијам и Хари во прекрасните кристално чисти води на Сен Тропе. Франција. Двајцата наследници биле на возраст од 15 (Вилијам) и 12 години (Хари).
Кога ја оставиле својата мајка во Франција, Вилијам и Хари отишле во викендичката на кралицата во Балморал (Шкотска), каде што ги чекал принцот Чарлс. Во меѓувреме, Дијана од Велс остана во Франција поминувајќи неколку дена на јахтата на Доди ал-Фајед.
Доди ал-Фајед беше богат египетски бизнисмен, со кој Дијана имаше афера, иако се обидуваа да ја задржат во тајност. Доди беше син на милијардерот Мохамед ал-Фајед.
За врската на Дијана и Доди ал-Фајед се пишуваше сè. Од голема заљубеност до едноставна афера, што им овозможила на двајцата да заборават друга претходна љубов. Секако, се зборуваше и за можна венчавка, дури имаше и шпекулации за бременост.
Никогаш нема да дознаеме.
Вистината за нивната врска беше изгубена засекогаш на тој кобен августовски ден 1997 година.
Еден ден пред несреќата, на 30 август, Дијана и Доди ја паркирале јахтата на јужниот брег на Франција и отишле со авион за Париз.
Договорена средба со златар – некои медиуми ја дознаа агендата на Доди ал-Фајед, на тој претпоследен ден од август 1997 година тој имал само една обврска: да бара свршенички прстен за да ја побара за жена својата сакана. Каде бил договорен терминот? Продавница за накит од доверба, лоцирана во близина на хотелот „Риц Париз“, во сопственост на Мохамед ал-Фајед.
Но, плановите им се изјаловија и тргнаа наопаку по пристигнувањето во Париз кога на аеродромот ги пречека група, според очевидци, прилично агресивни папараци.
8 часа пред несреќата – во 16 часот на 30 август 1997 година, парот пристигна во хотелот „Риц“ и се качи на катот да се одмори во апартманот „Империјал“. По кусо бегство од светлото на камерите, Дијана се договорила да се сретне со стилист, а Доди ал-Фајед го искористил моментот да оди да го купи славниот прстен.
Дијана го искористила краткото време сама за да ги повика своите синови. Вилијам и Хари сè уште биле во Шкотска. Кога им се јавила, тие си играле и не сакале премногу да разговараат со неа.
Како што и двајцата признаа подоцна, жалеле поради тоа и, веројатно, ќе жалат до крајот на животот. Но, се разбира, младите момчиња не знаеле што ќе се случи само неколку часа подоцна.

Всушност, следниот ден Дијана требало да лета за Лондон и да помине неколку дена со нив пред да почне учебната година.
Во 19 часот Дијана и Доди повторно се сретнале и заедно излегле на вечера во еден од најексклузивните ресторани во француската престолнина. Или барем тоа бил планот. Присуството на папараците било толку претерано, што тие решиле да го променат планот и да се вратат во хотелот „Риц“ барајќи малку приватност за вечера и за големото прашање што, според вестите, требало да се случи таа вечер.

Невозможно е да се најде приватност – тие не успеаја. Ресторанот на хотелот бил полн со гости, кои не можеле да го тргнат погледот од најбараната двојка на печатот. Дијана, едноставно, сакала да биде нормална личност, која вечера со својот партнер на соседната маса. Кога тоа изгледало невозможно, тие ја однеле храната горе во апартманот.
Еден час пред несреќата – Доди не сакал неговата понуда за брак да биде во апартманот „Империјал суит“ на хотелот „Риц“, туку во неговиот стан. Сепак, папараците не сакале да ги пуштат тивко да си заминат. Во тој момент се појавил Анри Пол, шефот на обезбедувањето на хотелот, кој смислил план за бегство на парот.
Возачот на Доди требало да го одвезе неговиот автомобил низ предната врата на хотелот, а Анри Пол да излезе на задниот излез од хотелот и да ги земе Дијана, Доди и неговиот телохранител Тревор Рис-Џонс.
Меѓутоа, имало два сериозни проблема со планот. Прво, на задниот дел од хотелот имало папараци. Второ, и на многу посериозна нота, Анри Пол пиел – како што подоцна ќе наведе извештајот од истрагата.
Условите не биле најдобри за возач што ненадејно се нашол во жестока потера од папараци. Било 00.20 часот кога одеднаш сè се случило многу бргу. Додека се движеле низ тунелот „Понт де л’Алма“, автомобилот во кој патувале Дијана од Велс, Доди ал-Фајед, Тревор Рис-Џонс и Анри Пол, удрил во столб.
Доди ал-Фајед и Анри Пол веднаш ги загубија животите. Лицето на телохранителот било изобличено, но тој останал жив. Дијана била тешко повредена, но цело време била свесна, според некои сведоци.

Истите сведоци потоа решиле да фотографираат наместо да им помагаат на повредените. Сепак, мора да се додаде дека многу од присутните во тоа време рекоа дека Дијана била заробена во автомобилот со нозете. За да ѝ помогнат, требало да чекаат пожарникари и брза помош, на кои им биле потребни 15 минути за да стигнат.
Кога ја донеле во болница, лекарите решиле да ѝ направат итна операција на Дијана. Најсериозниот аспект на нејзината состојба, како што се гледа од обдукцијата, бил тоа што ударот на несреќата го поместило нејзиното срце од левата кон десната страна на градите кинејќи ги пулмоналната артерија и перикардот.
И покрај максималните напори на медицинскиот персонал, кој се обидуваше да ја оживее повеќе од еден час, Дијана беше официјално прогласена за мртва во 4 часот на 31 август 1997 година.

Посмртните останки на Дијана биле однесени во Лондон од семејството и принцот Чарлс. Погребот на принцезата на народот, кој се емитуваше во живо, го следеа милиони од целиот свет.
Среќен ден, кој се претвори во последен ден.

Така, последните 24 часа од животот на Дијана, кои можеше да бидат најсреќните за принцезата по долго време, станаа најсудбоносните. Животот на една млада мајка, 36-годишна, беше прекинат на најтрагичен можен начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Раскопчана бунда и ништо под неа: само познатата Германка може да го направи тоа
Познатата германска манекенка Хајди Клум ги воодушевува своите следбеници на социјалните мрежи секој ден. Откако уживаше во релаксирачка масажа, таа сега објави соработка со диџејот Дипло и покажа како изгледа во видеото за нова песна што ќе ја придружува сезоната на „Germany’s Next Topmodel“.
Стана вообичаено градите на познатата Германка да бидат целосно откриени, а не ѝ се непознати и некои многу поголи изданија.
Во најновото видео, Хајди позира на средина од железничките пруги во луксузен крзнен капут, додека под него имаше само чипкана долна облека во комбинација со чизми до колена.
Ништо што доаѓа од Хајди Клум веќе не е изненадување, бидејќи оваа жена откри сè на социјалните мрежи и се чини дека нема намера да застане.
Како што наведе во описот на својата објава, новата песна ќе биде достапна на 13 февруари, а веќе нема сомнение дека видеото ќе биде едно од најинтересните поради ова голо издание на познатата манекенка.
Забава
Ништо не може да им избега, но тие мудро молчат: 3-те најпромислени хороскопски знаци
Постојат хороскопски знаци чиј поглед продира подлабоко од површината. Тие не се гласни, не прекинуваат и не реагираат бурно, но веќе составуваат мозаик од сè што се случува внатре.
Таквите луѓе забележуваат изрази на лицето, промени во тонот на гласот, нијанси во однесувањето. Тие се тивки набљудувачи кои ретко коментираат, но речиси никогаш не прават грешки во своите проценки.
Тие често се потценети во општеството токму затоа што на почетокот не ги споделуваат своите заклучоци. Меѓутоа, кога ќе одлучат да кажат нешто – сите застануваат. Кои се овие хороскопски знаци?
Девица
Девиците се познати по нивната остра перцепција на деталите. Тие забележуваат мали нешта што другите ги пропуштаат – неповрзани реченици, мали промени во рутината, неискажани мисли меѓу редовите. Сепак, тие ретко ќе реагираат веднаш.
Наместо тоа, тие анализираат, набљудуваат и само кога се целосно сигурни – коментираат. Нивните зборови имаат тежина токму затоа што не се импулсивни, туку добро осмислени.
Шкорпија
Шкорпиите имаат речиси интуитивна способност да ја почувствуваат вистината под површината. Нивната тишина често не е знак на незаинтересираност, туку на стратешка тишина. Додека другите зборуваат, тие набљудуваат, апсорбирајќи информации и запишувајќи го она што е некажано. Нивната моќ не лежи во нивните гласни изјави, туку во нивната способност да го чуваат знаењето за себе – сè додека не стане неопходно.
Водолија
Водолијата може да изгледа расеана, понекогаш ладна, но нивниот ум никогаш не стои во место. Тие секогаш ја скенираат ситуацијата, бараат шеми, ја набљудуваат динамиката меѓу луѓето. Иако ретко покажуваат емоции или се вклучуваат во лична драма, ништо не им бега.
Нивната тишина не е празнина – тоа е простор во кој тие забележуваат сè, но селективно одлучуваат што е вредно да се спомене.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.

