Контакт

Забава

Тужбата на принцот Хари отвора непријатни прашања

Објавено пред

Судските документи откриени во најновата тужба на војводата од Сасекс против одредени таблоиди за наводно хакирање на неговиот телефон испратија низа неодговорени прашања.

dobivaj vesti na viber

А тоа не е идеално за кралското семејство, кое, најверојатно, сака овие денови да бидат мазни како црвен тепих во пресрет на крунисувањето.

На пример, која била целта принцот Хари да открие дека брат му, принцот од Велс, постигнал приватна спогодба со издавачите на „Сан“ и поранешниот „Њуз оф д’ ворлд“?

На некои места – не само на социјалните мрежи – се тврдеше дека тоа е обид да се поткопа принцот Вилијам, а со тоа и поширокото кралско семејство, во време кога тие се надеваа да изградат попозитивно јавно расположение.

Но, тоа не е намерата, според извори блиски до принцот Хари, за кој се вели дека настаните во Високиот суд во Лондон ги следи преку видеоврска од САД.

Од перспектива на принцот Хари, причината за откривањето на договорот на принцот Вилијам е чисто одбранбена мерка – штит, а не меч – како неопходен доказ за да се спречи групата весници да ги затвори тврдењата на Хари врз основа на тоа дека се застарени.

Додека издавачите, News Group Newspapers, би можеле да кажат дека овие тврдења требало да бидат изнесени пред години, нагласувањето на приватната спогодба на принцот Вилијам во 2020 година дава доказ дека сè уште, односно неодамна, се воделе преговори и исплати.

Портпаролот на принцот Вилијам одби да коментира за тековниот правен процес. Но, ако во спогодбата била платена многу голема сума, според тврдењата, тоа би иницирало дополнителни прашања што се случило со парите. На пример, дали отишле во добротворни цели?

Дополнителни прашања отвора уште еден клучен дел од аргументот против отфрлање на овој случај поради застареност – во она што судските документи на принцот Хари го нарекуваат тајна спогодба.

Се тврди дека постои договор меѓу официјални лица од палатата и весниците на „Њуз груп“, според кој, случаите во кои е вклучени кралското семејство ќе се решаваат откако ќе се решат другите случаи за да се избегне срамно појавување во судови или ставање на доказите за хакирање во јавен домен.

Принцот Хари тврди дека не бил известен во врска со ова. „Не само затоа што ќе ме разбеснеше, туку и ќе инсистирав да ми биде дозволено да преземам акција, особено со оглед на мојот исклучително тежок однос со печатот во тоа време“, објаснува тој.

Адвокатите на „Њуз груп њузпејперс“ ги отфрлија тврдењата дека постоел таен договор.

Групата весници исто така сугерираат дека принцот Хари мора да знаел за извештаите за хакирање во многу порана фаза бидејќи бил во епицентарот на приказната и тврди дека можел да дејствува многу порано.

Но, верзијата на настаните на принцот Хари и неговите тврдења дека татко му, кралот, обесхрабрил каква било правна акција од страна на Хари, иницираат пошироки прашања за печатените медиуми и за кралското семејство.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Три хороскопски знаци очекуваат финансиски успех: ѕвездите советуваат претпазливост и штедење

Објавено пред

Неделата што претстои, од 10 до 16 ноември, носи исклучителен финансиски успех за три хороскопски знаци, но патот до успехот не лежи во ризични инвестиции. Наместо да се фокусирате на брза заработка, ѕвездите ве советуваат да го забавите трошењето, да го преиспитате вашиот буџет и да се посветите на долгорочни цели.

dobivaj vesti na viber

Сега е време да се фокусирате на подобро управување со она што веќе го имате, наместо да преземате брзи чекори. Важно е да се направи разлика помеѓу управувањето со финансиите со интегритет и едноставното преживување. Енергијата што ја вложувате е исто толку важна како и самиот буџет. Да бидете одговорни, да се воздржите од големи трошоци и да инвестирате во она што е навистина важно за вас – тоа е формулата за наредните денови.

Близнаци
Време е да обрнете внимание на вашите финансиски планови. Јупитер се движи ретроградно во Рак во вторник, 11 ноември, охрабрувајќи ве да се фокусирате на долгорочните цели. Ова планетарно влијание ќе трае до 10 март 2026 година, давајќи ви многу време да размислите, да планирате и да го ревидирате вашиот тековен буџет за да го привлечете богатството што го заслужувате.

Јупитер е планета на среќата и изобилството, а неговата ретроградна положба го поместува фокусот од надворешните настани кон вашиот внатрешен свет – вашите верувања за парите и соништата за иднината. Наместо да се фрустрирате од очигледниот застој, искористете го овој период за да се подготвите за она што доаѓа. Дозволете си да ги трансформирате вашите верувања за парите и да создадете конкретен план за успех.

Рак
Време е да ги преиспитате вашите финансии. Месечината во последната четвртина во Лав, која се случува во среда, 12 ноември, ве охрабрува да проценувате, прегледувате и да правите позитивни промени. Овој транзит ги става богатството, луксузот и финансиската независност во преден план, принудувајќи ве да ги признаете вашите желби за материјална сигурност.

Иако обично сте фокусирани на чувствата, а не на парите, сега е време да се откажете од верувањето дека финансиите не се важни. Престанете да ги оставате работите на случајот и сериозно сфатете го создавањето на животот што го заслужувате. Искористете ја можноста да започнете да правите различни избори што привлекуваат изобилство и долгорочен просперитет. Не дозволувајте гордоста да ви застане на патот и искористете ги вашите нагони за трошење за да инвестирате во себе.

Стрелец
Посветете се на вашиот финансиски успех, Стрелец. Тригонот помеѓу Месечината и Уран во сабота, 15 ноември, носи одлични можности. Универзумот ви помага да се фокусирате на она што е најважно и ви дава сила да ги претворите вашите соништа во реалност. Ова е време кога сте предодредени да работите напорно за она што го сакате.

Не се откажувајте и не барајте кратенки до успех. Иако овој транзит ја зајакнува вашата мотивација, тој исто така бара длабоко чувство на интегритет. Бидете искрени во сите деловни трансакции и со партнерите. Можеби ќе треба да одите по долгиот пат, но ова ќе обезбеди траен успех. Запомнете, она што лесно се стекнува, лесно се губи.

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскопски знаци што не поднесуваат неправда: Тие секогаш застануваат на страната на вистината

Објавено пред

Некои хороскопски знаци едноставно не можат да останат рамнодушни кога ќе се соочат со неправда – тие се раѓаат со внатрешен компас што ги тера да реагираат и да се борат за подобар свет.

dobivaj vesti na viber

♈ Овен
Овните реагираат веднаш кога ќе видат неправда – не калкулираат, не молчат и не се кријат зад тишина. Тие имаат силно чувство за чесност и не поднесуваат кога некој злоупотребува моќ или ги гази послабите. Нивната борба за правда е директна и гласна, често инспирирајќи и други да проговорат.

♏ Шкорпија
Шкорпиите прво ја анализираат ситуацијата, ги истражуваат мотивите, па дури потоа ја разобличуваат неправдата. Не се плашат од вистината, ниту од моќните – напротив, ја бараат. Не поднесуваат лаги и манипулации, а нивната борба за вистина обично е тивка, но многу ефикасна.

♒ Водолија
Водолиите размислуваат пошироко – за системи, општество и глобална правда. На неправда реагираат преку идеи и аргументи, поттикнувајќи другите да размислуваат критички и да не ги прифаќаат работите какви што се. Тие веруваат дека промената почнува кога ќе престанеме да молчиме.

♑ Јарец
Јарците не сакаат драма, но не поднесуваат неправда. Тие веруваат во ред, правила и одговорност. Ако некој згреши – мора да сноси последици. Нема исклучоци, нема заштита. Поради тоа многумина им веруваат кога треба да се заземе цврст и принципиелен став.

Прикажи повеќе...

Забава

Ким Кардашијан откри како реагирала нејзината ќерка Норт на критиките за изгледот

Објавено пред

Дванаесетгодишната Норт Вест, ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, стана тема на јавноста поради лажни тетоважи, пирсинг и обоена коса, што многумина го нарекоа непримерно.

dobivaj vesti na viber

Ким во интервју откри дека, кога еден обожавател ја критикувал, Норт самоуверено одговорила: „Ова е толку небитна работа.“

Ким изјави дека тоа бил совршен одговор и додаде дека ја поддржува креативноста на ќерка ѝ, иако понекогаш добива критики поради тоа што дозволува одредени стилови.

Во подкастот Call Her Daddy, таа рече дека сите деца носат слична облека, но дека нејзините избори се секогаш под лупа на јавноста.

На крај, Ким појасни дека целиот изглед бил само костим за Ноќта на вештерките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NORTH WEST (@northwsst)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион3 часа

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет3 часа

Сенатот ја изблокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија3 часа

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија16 часа

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија17 часа

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија19 часа

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ20 часа

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија21 час

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија21 час

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија21 час

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија24 часа

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион24 часа

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија1 ден

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа1 ден

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет1 ден

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само му се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа1 ден

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет1 ден

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет1 ден

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...