Забава
„Турлитава – заедно е послатко“ по шести пат во Скопје
Со цел да се одбележи 22 јули, како ден посветен на жртвите на дела од омраза, вечерва Хелсиншкиот комитет за човекови права со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, по шести пат го организира настанот „Турлитава – заедно е послатко“ во Паркот на франкофонијата во мобилна/монтажна галерија, со почеток од 19 часот.
Овој пикник е посветен на промоција на соживотот и толеранцијата помеѓу сите заедници во нашата држава. Во фокусот на овогодишниот настан ќе биде ромската заедница.
За време на пикникот ќе бидат претставени вкусни традиционални специјалитети застапени во различните етнички кујни (македонска, албанска, турска, ромска, српска, бошњачка, влашка и други). Музичката програма ќе биде подготвена од Александар Петров и неговиот бенд.
„Идејата за организирање на настанот е надминување на меѓусебното непознавање на различните етнички групи во нашата држава, како најчеста причина за создавање конфликтни ситуации, односно ситуации кои водат кон дела од омраза. Цениме дека со организирање ваков настан на кој ќе бидат претставени вкусни традиционални специјалитети застапени во различните етнички кујни во Македонија директно ќе се посочи на различноста како можност за споделување“, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Настанот е организиран со поддршка на здруженија на граѓани и волонтери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

