Забава
Тoм Круз во нови височини, овој пат во вселената
Том Круз ќе оди таму каде што ниту еден актер не бил досега.
Холивудскиот ветеран (60) очигледно мисли дека борбените авиони се за аматери. Откако ги испроба своите можности со акробации на Земјата, тој наскоро ќе се упати во орбитата.
За оваа идеја всушност се зборува веќе неколку години, но реализацијата беше одложена поради пандемијата.
А сега, претседателката на одборот директори на студиото „Јуниверзал“, Дона Ленгли, го навестува претстојниот блокбастер во интервју за „Би-би-си њуз“.
„Том Круз нè носи во вселената, го носи светот во вселената“, открива Ленгли.
„Тоа е планот. Имаме одличен проект во развој заедно со Том… испраќање ракета до вселенската станица и снимање“.
„Се надеваме дека тој ќе стане првиот цивил кој ќе направи вселенска прошетка надвор од Меѓународната вселенска станица,“ вели Ленгли, откривајќи подробности во разговорот со „Би-би-си њуз“.
Ѕвездата на „Топ ган“ нема да глуми типичен херој.

„Тој ќе глуми човек предаден од среќата, човек кој ќе се најде во позиција да биде единствената личност која може да ја спаси Земјата“, објасни Ленгли.
Даг Лиман, режисер на култниот трилер The Bourne Identity („Борновиот идентитет“), кој работеше со Круз на The Edge of Tomorrow („На работ на иднината“), ја презема режисерската палка.
Ако сè оди според планот и режисерот ќе мора да одлета.

Идејата за филмот првпат се појави во 2020 година, кога во проектот учествуваа „Спејс икс“ на Илон Маск и НАСА, но пандемијата ги прекина плановите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бела Хадид ја открива тажната реалност на борбата со болест од која страдаат многу познати личности
Манекенката Бела Хадид проговори за тоа како се чувствувала „потрошна“ и „заменлива“ додека работела и се справувала со сериозни здравствени проблеми. Во ново интервју, 28-годишната ѕвезда, која со години се бори со Лајмска болест, отворено зборуваше за тоа низ што поминала физички и емоционално додека ја снимала новата серија и како научила да го става своето здравје на прво место.
Зборувајќи за нејзината улога во новата ТВ серија на Рајан Марфи „The Beauty“, Бела за италијанскиот Vogue изјави што ѝ се случило за време на снимањето.
„Снимањето траеше околу шест месеци и понекогаш имав многу болки, и емоционално и физички“, рече таа. „Снимав половина од тоа време помеѓу третманите за Лајмска болест, па затоа беше физички доста исцрпувачки.“
Моделот додаде дека во исто време се справувала и со некои лични проблеми. „Беше навистина тешко емотивно, но успеав да го насочам тоа во мојата работа и мојата улога. Мислам дека можноста да се изразам на тој начин навистина ме исполни“, објасни таа.
Лајмската болест е бактериска инфекција која се пренесува на луѓето преку крлежи кои ја носат бактеријата. Доколку се дијагностицира рано, полесно е да се лекува, а еден од главните симптоми е осип во облик на прстен околу местото на каснувањето. На Бела ѝ била дијагностицирана болеста во 2012 година и оттогаш отворено зборува за своите борби, објаснувајќи дека „неподносливата болка“ понекогаш ја спречува да прави дури и наједноставни работи.
Нејзината мајка Јоланда и братот Анвар исто така се борат со истата дијагноза, како и бројни други познати личности како Шанаја Твејн, Алек Болдвин и Џастин Тимберлејк. Во септември, нејзината мајка сподели вознемирувачки фотографии од Бела за време на нејзиниот третман. Во 2023 година, Бела напиша на Инстаграм дека зад себе има „15 години невидливо страдање“.
„Живеењето со оваа состојба, која се влоши со текот на времето и работата, додека се обидувам да се направам себеси, моето семејство и луѓето што ме поддржуваат горди, си зема данок на начини што не можам ни да ги објаснам“, напиша таа во тоа време.
Забава
(Фото) Сребрените панталони на Меланија Трамп предизвикаа дебата на интернет: „Несоодветни“
Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп се појавија на гала вечера во чест на гувернерот во Вашингтон, а нејзиниот моден избор повторно предизвика изненадување. Меланија, која некои во јавноста ја сметаат за модна икона, овој пат беше критикувана за комбинацијата што ја избра.
Melania Trump wearing silver pants and stilettos with a black top at tonight’s governor’s dinner pic.twitter.com/EqAyVjlowF
— Emily Goodin (@Emilylgoodin) February 22, 2026
За вечерата, Меланија носеше сребрени метални панталони од луксузниот бренд Dolce & Gabbana, кои чинеа 2.395 долари (околу 2.000 евра). Ги искомбинираше со црна блуза со долги ракави и машна, исто така од истата модна куќа, која чини 2.245 долари (околу 1.900 евра). Стајлингот го комплетираше со високи потпетици од Christian Louboutin и големи дијамантски обетки.
Дел од публиката ја критикуваше за тоа што не го почитуваше дрескодот „black tie“. Според Vogue, „black tie“ за жени генерално значи вечерни фустани до подот. Токму затоа што не се придржуваше до класичните упатства, брзо почнаа да се појавуваат коментари за Икс.
Не недостасуваа критики: „Го кажав тоа и претходно и ќе го кажам повторно – некој треба да го смени нејзиниот стилист. „Black tie“ не значи дека е подготвена за дискотека“, „Несоодветно за ваков настан“, „Нападно и кичесто – дефинитивно не е „black tie“. Никој од нив нема вкус“, „Изгледа како да оди на пикник. Каква штета“, „Убава е, како и секогаш, но јас сум старомодна и бирам фустани за вакви настани“, се само дел од коментарите.
Сепак, некои луѓе застанаа во нејзина одбрана: „Меланија е единствена. Носи што сака и го сака она што го сака. Не се облекува за да ги импресионира другите, туку за да се изрази себеси. Мислам дека изгледа одлично и тешко е таа да изгледа лошо“, „Ми се допаѓа што избра панталони за вечера. Прекрасни се и знае како да го извлече сè што носи“, „Навистина ми се допаѓа оваа комбинација. Прекрасна е, како и секогаш“, пишуваше во коментарите.
Забава
(Видео) Тиктокер го провоцираше Бјелогрлиќ во кафуле во Белград, актерот му го исфрли телефонот од рака
Во едно кафуле во центарот на Белград се случи инцидент во кој познатиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ му го исфрли мобилниот телефон од раката на тик-токерот Александар Шулц, кој го снимаше и го провоцираше.
Dragan Bjelogrlić napao tiktokera u kafiću Glumac i reditelj Dragan Bjelogrlić našao se u centru incidenta nakon što je, prema snimku objavljenom na društvenim mrežama, pokušao da otme telefon tiktokeru Aleksandru Šulcu, poznatijem kao Lepi. #nisvesti #srbija #vesti #viral pic.twitter.com/QGKq0K6TZ1
— Niš Vesti (@NisVesti) February 24, 2026
Шулц, познат на ТикТок како „Лепи“, му се приближи на Бјелогрлиќ и почна да го испрашува додека го снимаше. Актерот првично одговори учтиво, мислејќи дека е негов обожавател. Меѓутоа, кога сфатил дека станува збор за провокација, Бјелогрлиќ, според снимката што се шири на социјалните мрежи, рекол: „О, ти си овој човек“, одеднаш станал и му го исфрлил мобилниот телефон од раката. На ова, тик-токерот одговорил: „Што е?“, продолжувајќи да го снима и велејќи дека е „нервозен“.
Овој инцидент се случува откако Драган Бјелогрлиќ беше осуден на 21 ноември 2024 година на шестмесечна условна казна затвор, за насилно однесување, објавува српски Блиц.

