Забава
Убиен актерот Џонатан Џос, неговиот сопруг тврди дека станува збор за хомофобичен напад

Актерот Џонатан Џос е застрелан во пукотница во Сан Антонио во неделата, соопшти полицијата. Осомничениот 56-годишниот Сигфредо Алварез Сеха е приведен и обвинет за убиство, соопшти полициската управа на Сан Антонио.
Полициските службеници реагирале на местото на пукањето и го пронашле актерот како лежи покрај патот. Полицијата не го објавила мотивот за пукањето, но рекла дека единицата за убиства ја истражува смртта на Џос.
„И покрај онлајн-тврдењата дека ова е злосторство од омраза, тековната истрага нема докази што укажуваат дека убиството на г. Џос е поврзано со неговата сексуална ориентација“, соопшти полициската управа на Сан Антонио.
Но, сопругот на актерот, Тристан Керн де Гонзалес, тврди дека Џос е убиен во хомофобичен напад пред нивната стара куќа, која изгорела. Додека живееле таму, вели Тристан, редовно биле вознемирувани од поединец, кој јасно ставил до знаење дека не ја одобрува нивната врска. Тој вели дека голем дел од вознемирувањето било хомофобично.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Почина Габи Новак

Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст, објавија хрватските медиуми.
По загубата на сопругот Арсен Дедиќ, кантавтор и композитор, со кого беше во брак повеќе од четири децении, на 17 август 2015 година, Габи Новак се соочи со уште една тешка лична трагедија на почетокот на јуни оваа година – смртта на нивниот син Матија Дедиќ, еден од најистакнатите хрватски џез-пијанисти, кој почина на 8 јуни во Загреб на 52-годишна возраст.
Таа целосно се повлече од јавниот живот пред смртта.
Во текот на богатата кариера таа снимила голем број албуми и синглови и соработувала со врвни композитори и музичари. Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со многубројни награди, меѓу кои и неколку „Порин“ – во 2002 година за најдобра џез-изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп-албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година ја доби наградата „Порин“ за животно дело.
Габи Новак честопати е нарекувана прва дама на хрватската поп-музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Беше омилена пејачка во 2000-тите, а потоа исчезна: денес шокира со својот изглед

Пејачката Нели Фуртадо ја освои музичката сцена во 2000-тите. Хитовите како Maneater, Say It Right, Showtime и други ја одбележаа младоста на многу генерации.
Сепак, канадската пејачка одеднаш исчезна од сцената. Според странските медиуми, таа се посветила на своето семејство, но и на себеси. Се здебелила неколку килограми, но тоа не ја спречува, како што еднаш истакна, да биде среќна.
„Веќе не си одземам храна и вежбам за да останам здрава“, објасни таа признавајќи дека на почетокот на кариерата многу повеќе се грижела за својот изглед.
„Морав да бидам убава за другите, а не за себе. Фотографиите и видеата мораа да бидат совршени, а внатре буквално умирав“, рекла еднаш.
Денес, Нели Фуртадо ужива во животот, а неодамна настапи на фестивалот „Бордмастерс“ во Корнвол. Таа ја искористи можноста да отпее некои од своите најголеми хитови, но и да му покаже на светот колку се сака себеси.
За таа пригода таа носеше маслинесто-зелен комбинезон, кој ѝ ги истакнуваше сите облини на нејзиното тело. Додаде и крзнен детаљ, како и сребрени моменти. Косата ја стилизира на наједноставен начин.
Се чини дека вишокот килограми конечно ја ослободи Нели од оковите на перфекционизмот. Денес, таа изгледа посамоуверено, а овие фотографии на кои таа се смее се доказ за тоа.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Ана Ивановиќ не престанува да ги воодушевува обожавателите со својот изглед

Ана Ивановиќ не престанува да ги воодушевува своите следбеници на социјалните мрежи, а сега ѝ се придружи и нејзината кума Мирослава Најдановски.
View this post on Instagram
Прославената тенисерка Ана Ивановиќ неодамна и официјално стана слободна жена откогаа нејзиниот адвокат потврди дека разводот од Бастијан Швајнштајгер е конечен.
Во меѓувреме, поранешниот германски фудбалер ужива во животот со новата девојка, а нивните фотографии бргу станаа вирални.
View this post on Instagram
Од друга страна, Ана ужива со стил и се труди најмногу што може да ја задржи препознатливата насмевка на лицето.
Ана веќе некое време е поактивна од кога било на „Инстаграм“, но оваа најнова објава е можеби најубава од сите. Таа позира со својата кума, српската пливачка Мирослава (Миња) Најдановски, и буквално е невозможно да се каже која е поубава.
View this post on Instagram
Ана позира во долг бел фустан со резови на стомакот и од страните, а го надополни со очила за сонце и со едноставна огрлица. Уште еднаш ни го покажа совршениот летен фустан, кој е истовремено разигран и елегантен.
„Ана, блескаш како секоја жена по развод“, „Кукли“, „Прекрасна си“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин