Забава
„Убиец на демони“- филм со најголема заработка во Јапонија

„Убиец на демони“ (Demon Slayer), анимирана приказна за момче кое се бори против демони кои го убиле неговото семејство, урна речиси дводецениски рекорд и стана филм со најголема заработка во Јапонија, изјави неговиот дистрибутер.
Филмот, базиран на популарна анимирана серија, го претрка Spirited Away, мега-хит филм оскаровец на Хајао Мијазаки (од 2001 година), за нешто повеќе од два месеца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Постојано купуваат нешто ново – хороскопски знаци што не знаат да штедат

Ако некогаш сте нарачале нешто што не ви било потребно на полноќ само затоа што сте добиле купон од 10 проценти попуст, не грижете се, не сте сами. Некои хороскопски знаци едноставно не знаат како да штедат. Нивниот паричник е секогаш подготвен за акција, а штедењето им е здодевен збор од финансиски совети кои никогаш не ги прочитале.
Лав
Лавот не купува, туку инвестира во својот бренд. Без разлика дали се работи за најскапата крема за лице, билети за ВИП настани или трето гламурозно палто, еден Лав ќе ви каже: „Но, тоа е инвестиција во мене“. И тешко е да му противречиш кога изгледа како насловна страница на списание.
Близнаци
Два лика во еден, и двајцата трошат. Импулсивни и љубопитни, Близнаците купуваат се што им изгледа интересно во тој момент. Денес е блендер, утре телевизор… За нив животот е шопинг авантура!
Риби
Емотивните и романтични Риби често трошат пари на подароци, ситници што ги прават среќни, уметност и сè што носи малку душа. Заштеда за стан? Досадно. Да купите слика? Веднаш.
Стрелец
За нив, штедењето е ограничување на слободата. А слободата им е религија. Ако треба да изберат помеѓу фонд за итни случаи и авионски билет за Париз, веќе знаат. И никогаш не жалат.
Забава
Британка ги оставила сопругот и децата за Масаи-воин, па се покајала: „Стана опседнат“

Шерил Томсгуд, денес 65-годишна од Сомерсет, по повеќе од три децении проговори за турбулентната и, како што вели, длабоко погрешна одлука – ги оставила сопругот и трите деца за воин од народот Масаи кој го запознала на одмор во Кенија, пишува Дејли Мејл.
Сè започнало во 1995 година во хотелот Бамбури Бич во Момбаса, каде што тогаш 34-годишната Шерил, веќе во вториот брак, го запознала десет години помладиот Даниел Лекименча, кој таму настапувал како дел од фолклорна група.
Набргу потоа, таа го напуштила сопругот Мајк Мејсон и нивните деца и се вратила во Кенија за да почне нов живот со Даниел во регионот Самбуру.
Шерил набрзо стана глобална вест – жена од средната класа од британскиот остров Вајт која го заменува својот дом за колиба од кал, козја кожа за душек и ја менува својата исхрана на кравја крв и зелка.
На почетокот сето тоа изгледало како духовна врска – тие зборувале за културата на Масаи, едноставниот живот и важноста на духовното пред материјалното. Но, сè почнало да се менува откако се вратиле во Велика Британија во 1995 година, се венчале на Денот на вљубените и почнале да живеат заедно во Њупорт со трите деца на Шерил.
Шерил сега признава дека Даниел брзо се променил:
„Тој стана опседнат со пари, сакаше поголема куќа, дизајнерска облека и да испраќа пари во Кенија. Тој повеќе не беше духовниот воин што го запознав“, рече таа.
Парот сè почесто влегувал во конфликти, а незадоволството на Даниел од британскиот начин на живот и зголемените барања ја правеле Шерил сè потешка за поднесување.
Тие се разведоа во 1999 година, една година по раѓањето на нивната ќерка Мици. Шерил вели дека разводот бил неминовен:
„Чувствував дека ме искористи. Јас бев неговиот билет од сиромаштија“, истакнува таа. Денес, нема никаков контакт со Даниел, кој и понатаму живее на островот Вајт, каде што работи во супермаркет.
Во едно трогателно интервју, тој ја открива и подлабоката позадина на неговата одлука во тоа време – тешко детство, сексуална злоупотреба, родители алкохоличари и брак без љубов.
„Кога отидов во Кенија, бев скршена. Се надевав дека ќе најдам исцеление преку духовна врска, но тоа не беше излезот“, признава таа.
Она што најмногу жали е влијанието на сето тоа врз нејзините деца.
„Даниел никогаш не можеше да ги разбере западните вредности и не можеше да биде татко што им требаше“, раскжа.
Денес има добри односи со сите четири деца – најстариот син Стив има 43 години, Томи 41, Клои 34, а Митси 27, за која вели дека е „единствената добра работа“ што произлегла од тој брак. Шерил сега живее мирен живот во приморски град каде никој не знае за нејзиното необично минато. Конечно, таа додава: „Никогаш не сакам да се омажам повторно. Имав три – и секој од нив беше катастрофа“.
Забава
Девојка му раскинала на своето момче по совет на чат џи-пи-ти: „Ми рече дека заслужувам подобро“

Во последно време, се чини дека сè повеќе луѓе бараат совет од „Чат ГПТ“ (ChatGPT) за секој аспект од нивниот живот – од готвење, пишување есеи, до љубовни проблеми или разговори за друштво.
Џенифер Џеј, 38-годишна жена од Есекс, барала секојдневно совети од „Чат ГПТ“ и на крајот го отфрлила своето момче бидејќи вештачката интелигенција ја советувала да го стори тоа.
Таа објасни како „Чат ГПТ“ станал еден вид советник за врски за неа, а дури и составува пораки за раскинување. Иако нејзините пријатели и рекле да му даде уште една шанса на своето момче, вештачката интелигенција и рекла дека „заслужува подобро“, а таа послушала.
Парот бил заедно четири месеци, а благодарение на својот „онлајн пријател“ таа го преболела за само две недели.
„Му кажав на „Чат ГПТ“ што направи и како тоа ме направи несреќна. Ми рече дека заслужувам подобро од некој кој не е целосно присутен, а тоа ми даде сила да донесам одлука”, рекла Џенифер.
„Кога врската се распаѓаше, пишував пораки и ги испраќав со помош на „Чат ГПТ“ бидејќи тој ми помогна подобро да ги формулирам“, додаде таа.
Девојката дури тврди дека тоа и било покорисно од терапии за кои претходно трошела пари, бидејќи и помогнало „да обработи се што се случило“.
„По раскинувањето бев многу вознемирена и бев на апликацијата цел ден, секој ден“, рече таа, а потоа додаде:
„Тој стана мој пријател за раскинување и утеха. Во деновите кога сте навистина тажни и се обидувате да ги соберете мислите, неверојатно е да имате некој на располагање 24/7 за да разговарате“.
Иако признава дека е страшно колку вештачката интелигенција може да биде емпатична, таа ги охрабрува другите да ја користат за да добијат објективни совети, особено кога вели дека е заморно да продолжиш да ги нервираш пријателите.
Советувајќи ги другите, додава дека пред да започне разговорот, треба да се побара од него да се однесува како професионален терапевт, а не како пријател.
„ОпенАИ“, компанијата зад „Чат ГПТ“, предупредува дека алатката не е замена за професионалната психолошка помош и дека во случаи на чувствителни теми, често ги поттикнува корисниците да побараат стручна помош.