Забава
Ума Турман се вљуби во текот на самоизолацијата
Таа го поминува периодот на светската здравствена криза во Хемптонс.
И се чини дека Ума Турман ја пронајде љубовта за време на самоизилацијата.
Според „Пејџ сикс“, актерката (50) почнала врска со архитектот Питер Сабет, чија фирма е со седиште во Бриџхемптон.
Ѕвездата на блокбастерот „Убиј го Бил“ (Kill Bill), како што наведува порталот, се запознала со Сабет на плажа во Сег Харбор.

„Питер не знаеше дека е Ума кога првпат ѝ се обрати. Таа шеташе на плажата… и ја замоли да го гледа неговото куче додека плива“, тврди извор за порталот.
„Ума се согласи, внимаваше на неговото куче додека тој пливаше, а сега, неколку месеци подоцна, тие се лудо вљубени и бараат да купат куќа заедно во Хемптонс“, додаде изворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бекамови го прославија Божиќ без нивниот најстар син, како ништо да не се случува
Семејството Бекам поминува низ турбулентен период. Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, наводно ги блокирал своите родители на Инстаграм.
И покрај настаните, преостанатите членови не дозволиле оваа ситуација да им го расипе расположението и го прославиле Божиќ. Тие објавија дел од празничната атмосфера на мрежите.
Викторија Бекам објави видео на својот Инстаграм профил на кој нејзиниот сопруг Дејвид Бекам сече елка, а потоа ја кити според упатствата на својот сакан.
Познатиот фудбалер за пригодата носеше лежерна комбинација, а облеката ја комплетираше со црвена шапка.
Коментарите од лојалните фанови на семејството постојано доаѓаа, а повеќето им посакуваа среќни Новогодишни и Божиќни празници.
„Ви благодарам за оваа содржина, Среќен Божиќ“, „Среќен Божиќ, Викторија“, „Тоа е вистински маж, сопруг и татко, Среќен Божиќ“, се само дел од коментарите…
Забава
Уапсена актерка од серијата „Сулејман Величествениот“ во голема полициска акција во Истанбул
Во голема полициска акција во Истанбул, во рамки на истрага за дрога, уапсени се осум лица, меѓу кои и турската актерка Садет Езги Ејубоглу (37), соопштија надлежните институции.
Ејубоглу е позната по улогата на Ајбиге Хатун во втората сезона од серијата „Сулејман Величествениот“.

Садет Езги Ејубоглу во улогата на Абиге / Сулејман Величествениот
Според Истанбулското јавно обвинителство, налогот за нејзино приведување е издаден поради сомнежи за купување, поседување и користење наркотични и стимулативни супстанции за лична употреба.
Во истата истрага, уште две лица се уапсени под сомнение за производство и трговија со дрога, четворица поради сомнежи за поттикнување и овозможување проституција, а едно лице поради нелегално поседување оружје.
За време на претресите, полицијата запленила оружје, муниција, наркотични супстанции, опрема за консумирање дрога и фалсификувани американски долари.
Надлежните наведуваат дека истрагата се проширува и дека не се исклучени нови апсења.
Фото насловна: официјален промотивен материјал, Сулејман Величествениот
Забава
Џеј Ло со фотографија испрати божиќна честитка, но нејзиниот телефон го украде целото шоу
Џенифер Лопез им го честиташе Божиќ на своите обожаватели со фотографија на социјалните мрежи, но објавата предизвика неочекувана бура од коментари. Наместо празничната порака и дијамантскиот прстен, вниманието го привлече нејзиниот „ајфон“, кој на фотографијата изгледаше невообичаено закривен.
Фотографијата брзо собра повеќе од 1,6 милиони прегледи, а корисниците почнаа да се шегуваат дека телефонот „се претворил во банана“ или дека станува збор за преголемо уредување на фотографијата. Дел од коментарите беа насочени и кон „Епл“, со шеги дека новите модели наводно се виткаат.
Така, божиќната честитка на Лопез, наместо да шири празничен дух, се претвори во тема за иронични коментари и шеги на социјалните мрежи.
Merry Christmas one and all! pic.twitter.com/7SzBJRjyIz
— jlo (@JLo) December 26, 2025
Фото: depositphotos

