Забава
Утре, на небото нè очекува вистински спектакл
Супер сината Месечина ќе го осветли ноќното небо на 30 август.
Месечината нема да биде сина, туку тој термин, значи втора полна месечина во рок од еден месец. Имено, првата полна месечина овој месец можеше да се види на 1 август, а втората (сина) ќе биде в среда.
Во просек, Супермесечината е околу 16 % посветла од просечна месечина. Изгледа и поголема од просечната полна Месечина. Феноменот се јавува кога орбитата на Месечината е најблиску до Земјата, во исто време кога Месечината е полна. Супермесечината на 30 август ќе изгледа уште поблиску до Земјата отколку полната Месечина на почетокот на август.
Последната од четирите последователни супермесечини оваа година ќе биде Месечината на жетвата на 28 септември.
Оние што ќе ја пропуштат утрешната супер сина Месечина, ќе мора да чекаат доста време пред следната. Имено, додека околу 25 % од полните месечини се супермесечини, што е доста вообичаено, само 3 % од полните месечини се сини месечини, според НАСА.
Следната сина Месечина нема да биде видлива до мај 2026 година. Во 2037 година овој феномен ќе биде видлив и во јануари и во март.
Терминот Супермесечина ја опишува близината на полната Месечина до Земјата за време на нејзината полна фаза, што предизвикува таа да изгледа поголема и посветла на ноќното небо. На 30 август Месечината ќе биде особено блиску, само 357.344 километри.
Супермесечина не е официјален, астрономски термин, туку кованица измислена од набљудувачите на небото и медиумите. Астрономите ги користат термините Месечина во перигеј и Месечина во апогеј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најнесреќните хороскопски знаци во јуни: дали сте меѓу нив?
Јуни може да биде тежок месец за некои знаци. Астрологијата може да биде многу моќна алатка за предвидување потенцијални проблеми. Три знаци овој месец ќе имаат посебни потешкотии да се справат со претстојните ситуации и на љубовен и на финансиски план.
Кои се најнесреќните хороскопски знаци во јуни?
Рак
Овој месец ќе ви биде тежок, бидејќи повторно ќе потонете во носталгија, Рак. Ќе се чувствувате како да не сте доволно ценети, и покрај тоа што се чувствувате како да ја носите тежината на светот на грб. Јасната и мирна комуникација без поплаки и обвинувања ќе ви овозможи решение за личните проблеми, а во време кога ќе ви бидат погодени финансиите. Држете се настрана од ризични инвестиции и бидете многу внимателни во вашите трансакции. Се предвидуваат професионални промени кои на прв поглед ќе имаат негативен ефект. Но, не заборавајте дека промените носат и добри работи.
Лав
Романтичните врски ќе поминат низ криза и ќе почувствувате дека ви треба одмор од партнерот. Притисоците од секојдневието ве трошат, но трпението ќе ви биде добар сојузник во овој случај. Посветете посебно внимание на вашето здравје и не оставајте ги ни најмалите неиспитани. Ставете ги вашите потреби на прво место и обидете се да се насмеете пред тешкотиите бидејќи само така ќе ги надминете.
Вага
Тајните и прикривањата ги тресат вашите врски, Ваги. Лагите од другата страна ќе ве вознемират, но не паѓајте во истата замка постојано и одново. Запомнете дека искреноста е на прво место. Мирната комуникација е најдоброто решение. Изразете го она што го чувствувате и внимателно слушајте што другите имаат да кажат. Познати сте по љубовта кон рамнотежа и смиреност и знаете како да ги заработите.
Забава
Џеј Ло и Афлек фотографирани заедно на натпревар, се бакнаа во образ пред папараците
Џенифер Лопез и Бен Афлек беа на кошаркарскиот натпревар на Семјуел, 12-годишниот син кој актерот го доби во бракот со Џенифер Гарнер.
Џеј Ло и Бен се сретнаа на влезот од салата во Санта Моника, Калифорнија. Актерот се смешкал, а кога се сретнале се бакнале во образ. На многу обожаватели ова им е чудно бидејќи претходно папараците често го снимаа парот како јавно разменува нежности.
Исто така, тие не се држеа за раце како обично. И покрај очигледните заладени односи меѓу нив, Бен сепак беше кавалер, па по натпреварот Џеј Ло ја отвори вратата од автомобилот, а потоа заедно тргнаа.
На спортскиот настан беше присутна и поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер.
Забава
(Видео) Доаѓа серија базирана на една од најпопуларните игри на денешницата
Не само што доаѓа филм за Minecraft следната година, туку сега е објавено дека се планира и анимирана серија базирана на видео играта.
Minecraft беше објавен пред 15 години, а стриминг сервисот реши да направи анимирана серија која ќе биде адаптација на оваа ултра популарна игра.
„Ова ќе биде оригинална приказна со нови ликови и ќе го прикаже светот на Minecraft во ново светло“, соопшти Нетфликс.
Не се објавени повеќе детали, а познато е и дека за продукцијата е задолжено студиото WildBrain кое стои зад адаптациите како Sonic Prima и Ninjago.
Нема ни точен датум кога анимираната серија на Minecraft би можела да ја види светлината на денот, но Нетфликс напиша дека „доаѓа наскоро“.