Забава
Фановите на Џастин Бибер ќе можат да пушат цигари канабис
Поп-sвездата Џастин Бибер се здружи со „Палмс премиум“ за да лансира производи базирани на канабис, соопшти во понеделникот компанијата со седиште во Калифорнија.
Ограниченото издание цигари марихуана, или џоинти, Peaches Pre-Rolls, се именувани по песна од најновиот студиски албум на Бибер и ќе бидат достапни во Калифорнија, Невада, Масачусетс и Флорида, соопшти компанијата.

Сè поголем број познати личности, меѓу кои оскаровката Никол Кидман, раперот Џеј Зи, гуруто за животен стил Марта Стјуарт, и кантри-пејачот Вили Нелсон соработуваат или почнаа сопствени линии на производи од канабис.
„Палмс премиум“ не ги откри финансиските услови на партнерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Пијана баба ја возела внуката на мопед – полицијата во Белгија во неверување по признанието колку пијачки испила
Локалната полиција на округот Ривиеренланд на север од Белгија запрела вкупно 994 возачи, вклучувајќи и неименувана баба, за време на контролите на сообраќајот за алкохол и дрога.
Властите објавуваат дека жената ја возела на мопед својата 9-годишна внука и дека нивото на алкохол во крвта ѝ било утврдено на 1,49 промили.
Бабата признала дека испила четири чаши џин-кола, а полицијата ѝ ја одзела возачката дозвола на 15 дена, објави белгискиот јавен сервис „ВРТ“.
Фото: илустрација
Забава
Северина објави видео од нејзината мајка Ана во Арена Загреб: „Уште сум твоето мало девојче“
Северина објави видео од нејзината мајка Ана на еден од нејзините два концерта во Арена Загреб. Таа ја посвети песната „Далматинка“ на својата мајка, која пееше заедно со својата ќерка од трибините, заедно со еден пријател.
„[На мајка ми] јас бев твоето мало девојче… и сѐ уште сум“, напиша Северина покрај видеото.
„Толку сум среќна што синоќа го забележав овој момент на гордата мајка на Северина што не можам да ви опишам. Жената што роди легенда, не само музичка, туку и борец во приватниот живот, како и борец за вистината, правдата и човековите права, ја гледа својата ќерка во преполната Арена која неколку моменти претходно ѝ ја посвети оваа песна. Трогателен момент“, напиша претходно Ника Паиќ, авторката на снимката.
фото: принтскрин
Забава
Се одложува концертот на Божо Вреќо во Македонската филхармонија
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини.
Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум.
Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде што билетите биле купени, вклучувајќи ја и онлајн-платформата karti.com.mk.

