Забава
Фановите на „Уан дајрекшн“ во шок поради смртта на Лијам Пејн, многумина пристигнаа пред хотелот
Фановите на „Уан дајрекшн“, еден од најпопуларните бој-бендови на сите времиња, се во шок. На социјалните мрежи се простуваат од Лијам Пејн (31) кој трагично загина во Буенос Аирес.
Многумина од нив се собраа и пред хотелот.
„Почивај во мир, ти беше моето детство“, „Се чувствувам како да се збогувам со моето детство“, „Лијам, мојата генерација ќе те памети засекогаш“, „Никогаш повеќе нема да ги видиме петтемина заедно, не ми се верува“, „Почивај во мир, ти благодарам за сите спомени“, „Некој да ми каже дека ова е шега“, се само дел од коментарите на неговиот инстаграм-профил под последните објави.
View this post on Instagram
„Ние сме неверојатно тажни. Нашите мисли и молитви се со неговите пријатели и семејството во овој момент“, се вели на официјалниот профил на „Брит авардс“.
View this post on Instagram
Бендот беше еден од најголемите поп-бендови во историјата на музиката. Цела генерација порасна со музиката на „Уан дајрекшн“. Во текот на нивната кариера тие продадоа над 70 милиони албуми и распродаваа стадиони во целиот свет. Лијам беше еден од водачите на групата.
Бендот се распадна во 2015 година, а кога се појави веста, милиони фанови буквално беа во солзи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ова е непримерно“: Хајди Клум позира со ќерката во кампања за долна облека
Поранешната манекенка Хајди Клум на „Инстаграм“ се пофали со фотографиите на кои позира со својата ќерка Лени во кампања за долна облека, а нејзиното објавување предизвика бурни реакции.
51-годишната Хајди и нејзината 20-годишна ќерка позираа заедно во тантелена долна облека, а Хајди откри дека уживале во снимањето.
View this post on Instagram
„Лени и јас се забавувавме додека го снимавме ова. Најдете нè на билбордите низ цела Германија и на телевизија“, рече таа во објавата што ја сподели и ќерка ѝ.
Како дел од објавата има и видео на кое Хајди и ги допира гаќите на ќерка си и ја снима додека таа позира во долна облека. Објавата предизвика многубројни негативни реакции.
View this post on Instagram
„Прилично е чудно што го правиш ова со мајка ти“, „Чудно е што мајка ти ги допира гаќите“, „Ова е несоодветно“, „Изгледа како почеток на филм од 18+“, „Да, нема ништо подобро од тоа да позираш полугола со мајка ти“, „О, тато и јас го правиме тоа постојано, само во боксери“, се дел од коментарите под објавата.
Забава
Актерот од филмот „Сам дома 2“ снимен на прошетка, глетката ги растажи фановите
Тим Кари, британскиот актер запаметен по улогата во филмот „Сам дома 2“, е снимен по долго време. Во еден од најпопуларните божиќни филмови тој го глумеше рецепционерот во хотелот Плаза.
Сега тој беше фотографиран додека шеташе во Лос Анџелес придружуван од асистент, а оваа сцена ги растажи неговите обожаватели.
Кари (78) во 2012 година доживеа мозочен удар, поради што сега користи инвалидска количка и има потреба од помошник.
Неговото семејство долго време го чуваше неговото здравје во тајност.
Забава
Сергеј Трифуновиќ и Исидора се венчаа кај матичар: Ова можам да го правам еднаш месечно
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ вчера на својот инстаграм-профил објави фотографии од венчавката во матично.
View this post on Instagram
Во три одделни објави сподели моменти од церемонијата на која се ожени со Исидора, неговата сопруга, која е 24 години помлада од него.
View this post on Instagram
„Со тебе можам да се венчавам секој месец“, напиша тој во описот на една од објавите, каде што заедно позираат во лифт.
View this post on Instagram
Исидора Мијановиќ за оваа пригода облече долг виолетов сатенски фустан, со виолетова јакна во слична боја и бели чевли, а актерот избра црни панталони и бела кошула.
View this post on Instagram