Забава
Финска е најсреќната земја во светот

Финска ја задржа својата позиција на земја со најсреќна популација шеста година по ред, според Светскиот извештај за среќа.
Светскиот извештај за среќа истражува колку луѓето се задоволни од своите животи во разни земји.
Извештајот, кој се занимава и со ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот „Галуп“.
Заедно со Финците, Данска и Исланд ги заокружија првите три среќни земји. Израел се искачи за пет места за да биде на четвртото место оваа година, а Холандија на петтото. Други земји во првите десет се Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.
Германија е на 16. место оваа година, со пад од две позиции. Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Франција се рангирани на 15., 19. и на 21. место.
Словенија е на 22., а Италија на 33. место.
На дното на рангирањето се претежно африканските земји, а Авганистан и Либан, разурнати од војна, се двете најнесреќни земји во светот, во истражувањето во кое беа опфатени вкупно 137 земји.
Научниците велат дека процената на среќата на луѓето останала извонредно отпорна и покрај ковид-пандемијата, со глобални просеци во 2020 до 2022 година исто толку високи како оние во годините пред пандемијата од 2017 до 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте ја оваа зелена напивка

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.
Состојки:
– 1 лимон
– 60 г магдонос
– 60 мл вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.
Ќе забележите резултати по само еден месец.
Забава
(Фото) Лавица на теренот, супермодел надвор од него

Арина Сабаленка ужива во летниот одмор во Грција, од каде што објави фотографија во бикини и за многу кратко време успеа да стане главна тема.
View this post on Instagram
Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, ниже успеси на теренот, па по финалето на „Ролан Гарос“ одлучи дека е време за пауза.
Таа повторно ја избра Грција како своја летна дестинација, поточно прекрасниот Миконос, а друштво ѝ прави нејзиниот партнер, Јоргос Франгулис, успешен бизнисмен, кој претходно живеел во Бразил.
View this post on Instagram
Како што еднаш откри, Грците ја освоиле со својата топлина, гостопримството и со одличната клима, па затоа нема намера да го промени местото за одмор.
View this post on Instagram
Во серија фотографии од одморот, онаа во бикини привлече најголемо внимание, а луѓето ѝ рекоа во коментарите дека изгледа подобро од кога било и дека треба почесто да објавува вакви фотографии.
Забава
(Фото) Кралицата Летиција го носи најубавиот летен фустан

Кралицата Летиција од Шпанија е вистински синоним за совршена елеганција. Без разлика кое годишно време е, таа знае како да доминира.
Неодамна таа воодушеви со својот избор на пролетна облека, а сега можеме со сигурност да кажеме дека има и совршена летна облека за сите пригоди.
Летиција блескаше во миди бел фустан без ракави со висока јака. Материјалот беше особено впечатлив поради својата текстура, а кралицата додаде црн ремен за да ја истакне својата зачудувачка фигура.
Едноставни црни чевли со отворена потпетица беа нејзин избор овој пат и повторно Летиција не направи ни најмала грешка.
Таа додаде пар висечки обетки и многу лесна шминка истакнувајќи ја својата природна убавина.