Контакт

Забава

(Фото) Која е мистериозната љубов на градоначалникот на Њујорк?

Објавено пред

Зохран Мамдани извојува историска победа на изборите во Њујорк станувајќи првиот муслиман што го предводи најголемиот град во Америка.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по објавувањето на победата, Зохран одржа говор и упати посебни зборови до својата сопруга Рама Дуваџи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RAMA DUWAJI (@ramaduwaji)

„До мојата неверојатна сопруга Рама, хајати“, рече тој користејќи го арапскиот збор за „мојот живот“.

„Нема никој кого би сакал да го имам покрај мене во овој и во секој момент“, рече тој.

Зохран и Рама се венчаа во февруари, а се запознаа преку апликацијата за запознавање Hinge во 2021 година, објавува „Индипендент“.

Која е Рама Дуваџи?
Рама е сириско-американска уметница, која ги користи своите дела за да ја прикаже политика од Блискиот Исток до имиграциски прашања. Родена 1997 година и израсната во Дубаи, таа се пресели во Њујорк во 2021 година за да ја продолжи својата кариера по дипломирањето на колеџ во Вирџинија.

Немаше поим дека ќе го запознае Мамдани истата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RAMA DUWAJI (@ramaduwaji)

„Сè уште има надеж во тие апликации за запознавање“, рече Мамдани во едно интервју.

Тие организираа раскошна свадба на Менхетн, но и во Уганда, каде што е роден Мамдани.

И покрај нејзиниот познат сопруг, Рама го искова својот пат. Таа работеше илустрации за „Њујоркер“ и за „Вог“, а исто така изработува и керамика. За време на кампањата на Мамдани, многумина ја критикуваа дека не се рекламира многу себеси и дека е спореден лик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RAMA DUWAJI (@ramaduwaji)

Ова го принуди сегашниот градоначалник да ја брани својата сопруга.

„Пред три месеци се оженив со љубовта на мојот живот – Рама. Сега десничарските тролови се обидуваат да ја претворат приказната што треба да биде за сите вас во приказна за неа. Рама не е само моја сопруга, таа е неверојатна уметница, која заслужува да биде позната според свои услови. Можете да ме критикувате, но не и моите ставови“, напиша Мамдани.

фото: принтскрин

Забава

Владо Георгиев со голем концерт во Скопје

Објавено пред

Од

По четири Белградски арени, Владо Георгиев со голем концерт во Скопје

dobivaj vesti na viber

Еден од омилените балкански кантавтори, секогаш актуелниот Владо Георгиев на 20 март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје.

По три рекордно распродадени концерти во Белградска арена и четврт концерт на 7 март за кој побаравувачката е голема, „Господски“ концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“.

„На македонската публиката ќе ѝ биде претставена Господска музичка приказна што ги надминува рамките на традиционалната концертна изведба. Препознатливата комбинација од боемски сензибилитет, музичка елеганција и емоционална искреност на Владо ќе го направат овој концерт посебно искуство што ќе се памети долго време“, велат организаторите.

Влезниците се веќе достапни во продажба на ddtickets.rs.

Прикажи повеќе...

Забава

Повеќе од пријатели, помалку од љубовен пар: пет хороскопски знаци се мајстори за врски без обврски

Објавено пред

Ова е зоната каде што сте „повеќе од пријатели, но сè уште не сте пар“, каде што постои состанување, но „етикетата“ ја нема, а прашањето „каде води ова?“ изгледа како забранета мисла.

dobivaj vesti na viber

Ако често се наоѓате во такви „речиси врски“, можеби не е виновен само начинот на кој ги избирате партнерите, туку и вашиот знак.

Пет хороскопски знаци кои се кралеви на вакви врски:

1. Близнаци – мајстори за „нека оди се по својот тек“
Близнаците лесно се наоѓаат во врски без „етикета“. За нив, монотоната рутина и сериозните обврски се здодевни, додека „ситуацијата без обврски“ им носи ментална стимулација и забава. Сепак, тие постојано бараат нешто подобро зад аголот, па затоа нивната необврзаност служи како заштита од емоционален ризик.

2. Вага – кралици на балансирање и неодлучност
Вагата сака блискост, но избегнува конфликт. Поставувањето јасни граници или барањето ексклузивност им се чини како тежок разговор, па затоа претпочитаат да останат во „сивата зона“ отколку да уништат добро чувство. За нив, мирот и хармонијата се повредни од формалната врска.

3. Стрелец – слободата пред сè
Стрелците го гледаат зборот „приврзаност“ како затвор. Уживаат во излегувања, флертување и длабоки разговори, но кога нивниот партнер очекува планови за следната недела, тие исчезнуваат. Врските без обврски им овозможуваат да уживаат во придобивките од врската, а воедно да ја задржат апсолутната слобода – па дури и да купат билет за Бали без објаснување.

4. Риби – романса и „розова магла“
Рибите не ги доживуваат ваквите врски како привремени, туку во главата снимаат сцени од романтична приказна на Нетфликс каде што крајот е секогаш совршен. Се заљубуваат во потенцијалот, а не во реалноста, игнорирајќи ги црвените знамиња и останувајќи во „врската“ со надеж за чудо.

5. Водолија – Емоционално оддалечени визионери
На Водолијата и е сосема во ред да има „пријатели со бенефиции“. Тие тешко ги обработуваат длабоките чувства, па затоа лежерната ситуација им одговара совршено. Тие се плашат дека формалната врска би можела да ја загрози нивната слобода и индивидуалност, па затоа претпочитаат да кажат „се гледаме“ наместо „заедно сме“, дури и ако поминуваат ден и ноќ заедно.

Ваквите врски можат да бидат забавни и удобни, но секој знак има своја причина да остане во таа „сива зона“. Од Близнаци кои не сакаат етикети, до Рибите кои живеат во розова магла и Водолијата која ја чува својата слобода – астролошката перспектива дава добар увид во тоа зошто некои луѓе едноставно не се обврзуваат.

Прикажи повеќе...

Забава

Ексклузивен заеднички концерт на Тони Цетински и Нина Бадриќ на 28 ноември во Скопје

Објавено пред

На 28 ноември 2026 година, Скопје ќе биде дел од концертен проект што обединува две од најконзистентните и највлијателни музички имиња на регионалната поп-сцена, Тони Цетински и Нина Бадриќ. Настанот кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ е најавен како гала-концепт што ги става во фокус музиката, интерпретацијата и зрелата сценска енергија.

dobivaj vesti na viber

Скопје одамна не бил домаќин на концерт во кој самото присуство на артистите е доволно за да ја носи тежината на вечерта.

Тони Цетински важи за еден од најмоќните машки вокали во регионот, интерпретатор чија способност да ја трансформира баладата во масовна емоција стана негов заштитен знак. Неговата кариера е обележана со хитови што повеќе генерации ги препознаваат како дел од сопствените животни приказни, што на неговите концерти создава уникатна синергија меѓу сцената и публиката.

Нина Бадриќ, пак, претставува пример за уметничка зрелост, достоинство и стил. Нејзиниот препознатлив глас и репертоар исполнет со хитови што траат со години ја позиционираа како една од највлијателните и најпочитувани авторки во регионот.

Скопје ќе има ретка можност да сведочи на спојот на овие два силни музички универзуми. Две различни сценски енергии, два автентични уметнички идентитети, обединети во една концептуална вечер со јасна порака – љубовта како универзален јазик.

Заедничкиот концерт во Скопје ќе понуди програмски балансирана вечер во која ќе бидат изведени најзначајните песни од нивните кариери, во формат што дозволува и самостојни настапи и креативен преплет на двата сценски изрази. Организаторот најавува продукција со современа сценографија и техничка поставеност, во согласност со стандардите на големи регионални концертни проекти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија4 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија6 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија6 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ6 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија6 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија8 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија8 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија8 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија9 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет10 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет10 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет10 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа10 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа11 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа11 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет12 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ22 часа

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...

Македонија23 часа

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти...