Забава
(Фото) Најубавата кралица одржа час по мода
На традиционалното отворање на 84. Саем на книгата во паркот „Ел Ретиро“ во Мадрид сите очи беа вперени во шпанската кралица Летиција, чиј избор на облека не остана незабележан, дури ни меѓу најстрогите модни критичари.
На настанот што го славеше пишаниот збор Летиција напиша нова модна приказна, едноставна, но впечатлива, елегантна, а во исто време и лесна за носење.

Кралицата уште еднаш покажа како да комбинира софистицираност, функционалност и префинет вкус во една летна комбинација.
Летиција за оваа пригода донесе добро позната тоалета, миди модел од брендот „Хуго Бос“.
Црно-белиот цветен дезен во комбинација со V-изрез и кратки ракави, заедно со лесното лелеаво здолниште, му даде на изгледот романтична нота, што совршено се вклопуваше во амбиентот на летниот парк.

Фустанот зрачи со едноставност, но неговата прецизна силуета и елегантен принт додаваат доза луксуз и елеганција. Летиција често рециклира парчиња што веќе ги има, но секојпат им вдахнува нов живот – и токму тоа е силата на нејзиниот моден идентитет.
Овој пат кралицата одлучи официјално да ја отвори летната сезона на обувки – и тоа со стил. Наместо минатогодишните еспадрили, Летиција ги избра сандалите „Мелани 50“ од колекцијата „Бос“, кои веќе станаа нејзин заштитен знак.

Моделот со ниска, квадратна потпетица, во неутрална беж нијанса, совршено се вклопи со фустанот со принт и му даде на целиот изглед доза дискретна елеганција. Овие сандали се познати по удобноста и стабилноста.
Изгледот на Летиција беше дополнително збогатен со внимателно избрани додатоци. Дискретните бисерни обетки во класичен стил додадоа допир на безвременска елеганција.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ај кју“ со Pay the Price го продолжуваат музичкиот континуитет
Дуото составено од Бојан и Марија го продолжуваат својот музички пат со песни испеани на англиски јазик, а најнова во низата е песната „Pay the Price“. Музиката и аранжманот е целосно дело на Бојан, а текстот го напишаа заедно со Марија и уште една нивна редовна соработничка од Лондон.
Песната опишува едно типично секојдневие на партнери кои живеат заедно и низ шармантен и духовит начин ги доловува ситуациите кои се предизвици на партнерите.
Песната е снимена во Лондон во студиото во кое творат последните неколку години и на оваа песна ја продолжија соработката со ко-продуцентите од Шведска и Италија.
Забава
(Видео) Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 години откако ја испеаја „Слаба точка“.
Музички позрели од претходно, а сепак со истата страст, тие ја снимија песната „Адреналин“, која ќе биде вистински хит, а ќе почнете да си ја пеете и да играте во нејзин ритам уште на првото слушање.
Премиерата на песната е закажана за 01.11.2025 (сабота) во 15:00 часот.
Забава
Заборавете на црното: овој капут е хит за зимата и тешко е да се победи
Оваа сезона ќе се оддалечиме од вечниот класик – црниот капут, кој е неопходен дел од зимскиот гардеробер, и ќе носиме таков што е малку потежок за одржување, но ја воздигнува секоја комбинација во студените денови.
Постигнувањето елегантен зимски изглед често се сведува на едно клучно парче облека – совршениот капут. Бидејќи ја дефинира целата силуета, добриот капут ви овозможува да носите речиси сè под него, а сепак да изгледате беспрекорно. Токму затоа модните експерти посветуваат посебно внимание на изборот на идеалниот модел секоја сезона.
Оваа зима еден стил и една боја особено се издвојуваат и привлекуваат внимание со својата ненаметлива софистицираност, а тоа е кремастиот капут.

Фактот дека капутите во оваа боја се вистински хит го потврдија многу познати личности, вклучувајќи ги Селена Гомез, Ема Вотсон и други, кои избраа вакви капути за разни пригоди во изминатите неколку недели, а истиот тренд го прифатија и многубројни инфлуенсери.
Одлична алтернатива на белата
За разлика од чисто белата, кремастите нијанси нудат помек и потопол изглед и создаваат посуптилен контраст на потемните бои внесувајќи доза елеганција, што е тешко да се победи.

Секако, клучниот предизвик со овој тренд е одржувањето. Бидејќи кремастите палта се чувствителни на нечистотија, се препорачува да се чуваат за суви денови и за посебни пригоди, а за дождливи и ветровити денови потемните модели се сепак попрактичен избор.
Свежо, елегантно и несомнено софистицирано, кремастото палто е парче што веднаш го воздигнува секој зимски гардеробер. Од популарни брендови до дизајнерски класици – понудата е побогата од кога било досега оваа сезона.
фото: принтскрин

