Забава
(Фото) Новак Ѓоковиќ доби custom made патики од македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски
Сатја Грабулоски, еден од најистакнатите македонски дизајнери и основач на креативното студио Swithadot Studios, се појави во вчерашното издание на Forbes Magazine, станувајќи еден од малкуте Македонци кои имале чест да дадат интервју за ова светски реномирано списание.

Во интервјуто, направено од Тим Њукомб, Грабулоски зборува за својот креативен пат, глобалното влијание на неговите дизајни и посветеноста на студиото Swithadot кон развој на уникатен израз што ги обединува уметноста, технологијата, модата и идентитетот.

„Покана за интервју од американската редакција на Forbes не се случува секој ден, па ми беше задоволство што, покрај личната работа, акцент се стави на фактот дека Македонија е земја на светски успешни приказни“, вели Грабулоски за интервјуто во светски реномираниот магазин.

Особено внимание предизвикаа специјално дизајнираните патики за тениската легенда Новак Ѓоковиќ.
За него, Грабулоски креираше ексклузивен пар патики, инспирирани од неговата татковина, статусот на G.О.А.Т и неговата хуманитарна работа, а кои, според неговите зборови, се симбиоза на љубов кон татковината, но и стремеж кон успех и да се биде најдобар во својата работа.

„Новак е инспирација за целиот свет, а посебно како мега успешна приказна што излегла од Балканот. Драго ми е што патиките му беа предадени пред полуфиналето на Вимблдон. Тие се дел од мојата лична цел, да направам по еден дизајн за петте најдобри спортисти на сите времиња, во петте мои омилени спортови. Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо и Новак Ѓоковиќ се сработени, остануваат уште Том Брејди и Тајгер Вудс“, додава Сатја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кирил Џајковски и Констракта, специјални гости на концертот во чест на Влада Дивљан
Во понеделник, 17 ноември, во Филхармонија ќе се одржи големиот концерт посветен на еден од најзначајните музички автори на овие простори, Влада Дивљан.
На сцената, како специјални гости ќе се придружат Кирил Џајковски – пионер на електронската музика и уметник чиј препознатлив звук одамна ги надмина локалните рамки – и Констракта, артистката што внесе свежа уметничка перспектива на регионална сцена со уникатен пристап, интелигентен хумор и современа естетика.
Концертот, насловен „Само една љубов имам“, го подготви групата „Невладина Организација“ по повод десетгодишнината од смртта на Влада. Нивната турнеја со овој концерт симболично започна во Виена, со фантастична премиера во градот каде што Влада Дивљан живееше и твореше од 1999 година до крајот на животот, а по Белград и Загреб, сега пристигнува и во Скопје како дел од програмата на фестивалот ТАКСИРАТ.
Владиниот бенд „Невладина Организација“ го предводат неговите долгогодишни пријатели и соработници Зденко Колар, Саша Шандоров, Борис Буњац, Марко Миливојевиќ, како и подмладокот Дамјан Дашиќ и Марко Чалиќ. Нивната најважна мисија е зачувување на Владините големи хитови и безвременски песни, и повторно доживување на неговата музика заедно со публиката.

Македонската публика ќе има прилика да го чуе и види бендот кој работеше со единствениот уметник Влада Дивљан и да ги запее песните од неговиот богат опус и од сите периоди на неговата музичка кариера. Невладина Организација ќе ги изведе во живо најубавите песни од неговиот каталог – од времето на „Идоли“, па преку соло делата, до „Олд Старс“ бендот, „Невладина Организација“ и „Лјетно кино“.
Влада Дивљан, пејач, композитор, гитарист, го основа еден од водечките бендови на новиот бран „ВИС Идоли“ во 1980 година. Тие ги објавија култните албуми „ВИС Идоли“, „Odbrana i poslednji dani“, „Čokolada“ и „Šest dana juna“. Покрај тоа, има објавено уште 8 албуми за време на неговата самостојна кариера, но и со групите „Олд Старс“, „Невладина организација“ и „Лјетно кино“. Со Срѓан Гојковиќ Гиле, тој создаваше музика за деца, а компонираше за телевизија, филм и театар. Од 1999 година живееше во Виена, каде што почина на 4 март 2015 година.
Се навршија 10 години откако нѐ напушти еден од најуникатните музички автори од Балканот, а со концертот кој во рамки на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ ќе се одржи на 17 ноември во Филхармонија, неговите пријатели, соработници и верната публика ќе го прослават неговото вонвременско дело.
Забава
Ѕвездите избраа три знака: финансиска лавина доаѓа пред крајот на месецот
Ако сте родени под хороскопскиот знак Лав, Јарец или Бик, доаѓаат добри вести – сите тешки финансиски мисли и грижи што ве прогонуваа сега се далечно минато. Ѕвездите донесоа одлука и го прекинаа синџирот на грижи, бидејќи судбината не го заборави вашето име.
Судбината ви испраќа богатство кое не само што ги решава сите ваши долгови, туку отвора и ново поглавје, полно со слобода и изобилство. Ова е момент на чиста кармичка исплата – пристигнува износ на пари што решава сè, и ќе го имате во вашиот џеб пред да заврши овој месец.
Лав: Конечно, можете да кажете: „Готово е, не се грижам!“
Лавови, конечно можете да воздивнете со олеснување. Среќата ви доаѓа како директна награда за целата енергија што сте ја вложиле. Очекувајте повик или вест што носи ненадејно, големо решение. Парите пристигнуваат со мисија да ви овозможат конечно да уживате во плодовите на вашиот труд без одложување. Џебот ќе ви биде полн пред крајот на месецот.
Јарец: Збогум долгови, здраво безбедност
Јарци, вашата упорност се исплати. Ѕвездите ви испраќаат потврда: сума програмирана да ги избрише сите ваши долгови и кредити доаѓа кон вас. Ќе создадете најсилна основа и конечно ќе почувствувате мир. Овие пари носат трајна безбедност.
Бик: Наградете се себеси, без оглед на цената
Бикови, ова е вашата шанса конечно да се посветите на себе и на луксузот што го заслужувате. Парите што доаѓаат имаат само една цел: да ви обезбедат удобност, мир и безбедност без одложување. Заборавете на гледањето на цената; сега можете да уживате во сè што сте пропуштиле.
Нема повеќе сомнеж, вашата борба е завршена. Судбината ви испраќа богатство и сега имате целосна слобода да го живеете животот онака како што сте планирале. Лавови, Јарци и Бикови, нека ова биде последната финансиска грижа што некогаш ќе ја имате!
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Леонардо Дикаприо го прослави роденденот со својата девојка
Познатиот актер Леонардо Дикаприо наполни 51 година и организираше прослава за своите пријатели по тој повод. Набрзо, видеа од неговиот роденден ги преплавија социјалните мрежи, а најинтересно меѓу нив е она во кое актерот ужива со италијанската убавица Виторија Черети.
Лео и Виторија (27) уште еднаш потврдија дека сè е во ред меѓу нив, но и дека се позаљубени од кога било.
Во видеото што го сподели Франческа Скорсезе, ќерка на познатиот Мартин Скорсезе, Виторија може да се види како држи торта со свеќи додека сите му пеат роденденска песна.
Водителот Џими Фалон ја отпеа „My Way“ од Френк Синатра, а самиот Лео беше воодушевен од овој настап, со оглед на тоа што ја сними и атмосферата.
Леонардо Дикаприо и моделот Виторија Черети за прв пат беа видени заедно во 2023 година и оттогаш папараците внимателно ги следат. Интересно е и тоа што познатиот Лео го прекрши своето наводно правило, бидејќи порано ги оставаше девојките кога ќе наполнеа 25 години.
фото: принтскрин

