Забава
(ФОТО) Новата девојка на Ченинг Тејтум ја потврди врската на „Инстаграм“
Ченинг Тејтум и моделот Инка Вилијамс ја официјализираа својата врска на социјалните мрежи. За да го одбележи 45. роденден на актерот, Вилијамс објави колаж од фотографии исполнети со заеднички моменти на својот инстаграм-профил.

На една од фотографиите Тејтум ја бакнува 25-годишната Вилијамс, а на друга парот се гледа како се забавува, се дружи со кучиња и се релаксира на сонце.
„Среќен роденден на најзгодното, најљубезно, најсмешно, најглупаво и најпрекрасно човечко суштество на светот!!!“, напиша Вилијамс покрај објавата. „Ти благодарам што го правиш животот убав и забавен“, додаде таа.
Таа ја заврши објавата со реченицата JTM trop fort, што е француски сленг за „Те сакам толку многу“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Проѕирен фустан, без градник: ѕвездата од тинејџерската серија во драматична комбинација на црвениот тепих
Актерката и пејачка Тејлор Момсен беше на церемонијата на доделување на наградите „Rock & Roll Hall of Fame“ во Лос Анџелес, а привлече внимание со својата смела модна комбинација.
Актерката позната по улогата во серијата „Gossip Girl“ се појави во долг чипкан фустан без градник под него, и изненади многумина со оваа смела комбинација.

Имаше силна шминка и популарен smokey eye, а косата ѝ беше лабава и зафрлена на едната страна, малку свиткана во брановидни прамени.
Накитот што го избра не остана незабележан, па се чини дека сакаше да постигне драматичен ефект што ја направи многу забележана.

Тејлор глумеше во хит серијата „Gossip Girl“ од 2007 до 2010 година, а неодамна ја откри и причината за напуштањето на серијата.
„Мојот агент, мојот менаџер, сите долетаа до мојата куќа за да ме убедат на аудиција. Моите родители ме убедија да одам на аудиција, бидејќи тоа е огромна можност. „Gossip Girl“ е чудно шоу бидејќи, од една страна, беше, знаете, одлично, но од друга страна, навистина не сакав да бидам таму“, рече таа во подкастот „Call Her Daddy“.

фото: принтскрин
Забава
Џесика Алба и Дени Рамирез ја потврдија врската, објавија заеднички фотографии
Актерот Дени Рамирез ја потврди својата врска со Џесика Алба, објавувајќи серија фотографии на Инстаграм. 33-годишната ѕвезда од филнот „Captain America: Brave New World“, сподели неколку слатки селфиња со 44-годишната актерка во неделата навечер, направени на галата „Baby2Baby“ што се одржа претходната вечер.

Иако Дени и Џесика пристигнаа одделно на црвениот тепих на годишниот добротворен настан во саботата навечер, тие позираа заедно во просторијата, а фотографиите брзо се појавија на социјалните мрежи, потврдувајќи ги шпекулациите за нивната романса.

„Каква прекрасна вечер од целиот тим на @baby2baby и сите што донираа. Собрани се 19,5 милиони долари за неколку минути! Им помагаме на baby2baby да ги поддржат децата низ Америка и да продолжат со нивната витална работа за обезбедување основни потреби на семејствата во нужда. ❤️🔥“, напиша Рамирез покрај објавата. Алба коментираше со емотикони во облик на срце.
Џесика, исто така, сподели фотографии и видеа од настанот, вклучувајќи групно селфи со Дени. „Каква прекрасна вечер на @Baby2Baby Гала – толку сум горда на виталната работа на Baby2Baby, која обезбедува основни залихи за над милион деца во нужда низ целата земја секоја година. Синоќа ја почестивме @serenawilliams со наградата The Giving Tree Award – и собравме 19,5 милиони долари (!!) за да продолжиме со оваа витална работа. Благодарна сум што сум дел од толку неверојатна заедница“, напиша актерката, а Дени одговори на нејзината објава со љубовни емотикони.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) „Има 53 години, каква кралица!“: Северина направи три ѕвезди во штикли
Во Арената „Загреб“, покрај падот на сцената за време на нејзиниот настап, Северина направи и три беспрекорни ѕвезди во високи потпетици.
Првиот од двата концерта беше комбинација од мали гафови и импресивни физички акробации, што на крајот ја остави публиката воодушевена.
Потоа се пошегува за ситуацијата на „Инстаграм“, каде што што објави видео од падот, но и снимка од нејзиното изведување на три ѕвезди во високи потпетици, што предизвика воодушевување кај нејзините обожаватели.
View this post on Instagram
„Вечерва, се надевам, нема да има паѓање… Иако не сакам да ве оставам без таа ‘сензационална’ сцена. Затоа, ако се случи, сметајте ја за намерна (чисто за ‘рамнотежата меѓу ѕвездите’)“, напиша таа заедно со видеото.
Набргу следуваа многубројни комплименти од нејзините обожаватели, кои во коментарите ѝ порачаа: „Драга Северина, повторно покажа колку си одлична! Паѓаш, стануваш и сјаеш уште посветло. Твојата енергија и насмевка секогаш го допираат срцето. Ти благодарам што остануваш толку автентична и силна“, „Само ти можеш да го направиш ова“, „Луѓе, оваа жена има 53 години… каква кралица е“, „Таа е во подобра форма од многу помлади девојки“.
фото: принтскрин

