Високите летни температури не се пријатни дури ни за возрасните, а камоли за бебињата. Ви донесуваме 7 важни правила кои ќе ви помогнат полесно да ги „преживеете“ со вашето малечко.
Пристигнаа високи температури, па затоа е добро да знаете како да им помогнете на бебињата полесно да го „преживеат“ летото. Тие се особено чувствителни на температурни промени, а ова се совети како да се грижите за најмалите за време на летните горештини.
1. Чести подои
Доколку бебето е на мајчино млеко, т.е. е исклучиво на доење, не треба да му давате вода (сè додека не почне да јаде цврста храна), но треба почесто да го доите.
2. Изберете памучни пелени
Памучните пелени се подобар избор од синтетичките во лето, а исто така, памучната облека дозволува воздухот да поминува и ѝ дозволува на кожата на детето да „дише“, па затоа полесно можете да избегнете осипи. Доколку имате можност, оставете го детето да помине некое време без пелена.
3. Осип и црвенило
Лосионите, маслата, кремите и пудрата во комбинација со висока топлина лесно можат да предизвикаат осип и црвенило, затоа избегнувајте или намалете ја нивната примена, освен навечер по капењето.
4. Креми со SPF не пред 6-ти месец
Не се препорачува креми со заштитен фактор да се користат кај бебиња помлади од шест месеци, а исто така не треба да ги изложувате на директна сончева светлина во тој период.
Доколку вашето бебе е постаро од шест месеци, можете да користите производи со заштитен фактор почесто и пообилно – кремот или лосионот треба да се нанесуваат на секои два часа, штом детето се намокри или се испоти, а треба да го нанесувате и под облеката.
5. Не ја покривајте количката
Отстранете ги дополнителните слоеви на влошки од количките или носачите бидејќи се загреваат дополнително на топлината. Во лето, добра идеја е да ставите памучна пелена под бебето во количката или носачот, за да не се загрее премногу од материјалите од кои се направени количката и носачот.
6. Не се сите очила добри
Очите на бебињата се многу чувствителни, затоа избегнувајте да купувате слатки, шарени очила од која било тезга – постои голема веројатност дека се направени од евтина пластика што може само да му наштети на детето, па затоа е подобро да се консултирате со лекар и да се држите до очила од докажани брендови.
7. Бидете внимателни со клима уредот
На бебињата им е дозволено да престојуваат во климатизирани простории под услов разликата помеѓу внатрешната и надворешната температура на воздухот да е најмногу три до пет степени. Најдобро е да ја користите функцијата за навлажнување и да се осигурате дека детето не е изложено директно на воздух од клима уредот.
Бидејќи воздухот од клима уредот ја суши слузницата на носот, се препорачува редовно да капнувате солен раствор во носот на бебето, особено ако се чини дека е потешко да дише низ носот.
Ако знаете колку ќе трае возењето со автомобил, почнете да го прилагодувате клима уредот еден час пред крајот на патувањето, така што полека ќе се прилагодите на надворешната температура до крајот на возењето. Можете да го направите истото дома или во хотелска соба. Исклучете го клима уредот еден час пред да излезете – на овој начин ќе избегнете опасни ненадејни промени на температурата.