Забава
Хали Бери возврати на коментар дека објавува голотија за да привлече внимание

Хали Бери му возврати на корисник на „Твитер“ кој ја прозва актерката дека позира гола бидејќи е желна за внимание.
Во саботата Бери на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која пие вино на балкон гола со натпис: „Го правам она што сакам да го правам. Среќна сабота“.
Но, додека фотографијата на Бери собра многубројни лајкови на „Инстаграм“ и „Твитер“, антифеминистот Шадаја Најт ја оспори нејзината одлука за ваков потег.
„Замислете дека сте во 50-тите години, а сè уште објавувате голи фотографии желни за внимание во менопауза кога би требало да кулирате со внуците. Достоинствено стареење повеќе не постои“, твитна Најт над фотографијата што Бери ја објави на „Инстаграм“.
Откако контроверзниот антифеминст на социјалните мрежи ја обвини дека објавува голи фотографии во менопауза, ѕвездата на „Х-мен“ духовито возврати: „Дали знаете дека срцето на морското ракче се наоѓа во неговата глава?“
Нејзиниот твит наиде на позитивни реакции кај фановите, кои ја пофалија актерката и изразија целосна поддршка.
Бери често споделува фотографии на своите платформи на социјалните мрежи, а неодамна го прослави 15. роденден на својата ќерка Нала со ретки снимки од тинејџерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Најодмаздољубивите жени се родени во три хороскопски знаци

Нивната одмазда можеби нема да биде брза, но секако ќе биде слатка. Ако мислите дека можете да измамите, лажете или изневерите една од овие дами – подобро подгответе се за последиците.
Шкорпија
Ако постои знак кој е синоним за одмазда, тоа е жената Шкорпија.
Не простува лесно, а не заборава. Кога ќе ја повредите, таа нема веднаш да реагира – смирено ќе ја разгледа ситуацијата, ќе смисли стратегија и ќе чека совршен момент да ви возврати во иста мера (или полошо).
Нејзината одмаздољубивост не е импулсивна, туку внимателно испланирана – кога ќе удри, ќе биде онаму каде што најмногу ќе ве боли. И најлошо од сè – нема ни да видите како доаѓа.
Лав
Лавиците се горди, моќни и не дозволуваат никој да ги понижи. Ако им направите нешто лошо, бидете подготвени – не само што нема да ви простат, туку ќе се погрижат сите да знаат за вашите грешки.
Нивната одмазда доаѓа со доза на драма и често вклучува јавно понижување или спектакуларен пресврт во кој сте оставени во загуба.
Лавицата не удира од сенка како Шкорпијата, туку со целосен рефлектор насочен кон вашиот срам – и таа ќе се погрижи вие и сите околу вас добро да се сеќавате на тоа.
Бик
Можеби мислите дека жените Бикови се смирени и сталожени, но штом ќе ги изневерите, можете да бидете сигурни дека сте потпишале доживотна затворска казна за себе во нивните очи.
Биковите се тврдоглави и не забораваат – можеби нема веднаш да планираат одмазда, но ќе се сетат на секој последен детал и ќе го чекаат совршениот момент за да ви покажат како се чувствува некој што ги изневерил.
Нивната одмазда е долготрајна, суптилна и понекогаш доаѓа кога веќе мислите дека ви простиле – и тогаш е предоцна.
Забава
(Видео) Нарачала чанта од Тему и се шокирала кога го отворила пакетот: „Плачам“

На „Тик ток“ повторно се шири видео од 2024 година, во кое тик-токерката Сали покажа што добила кога нарачала црна торба од Тему. Кога пристигнал пакетот, таа била шокирана. Имено, наместо чанта со стандардна големина, таа добила минијатурна верзија која е помала од нејзината дланка, а глетката насмеа многумина.
@sallytp_01 I’m crying 😂😂😭😭#fypシ゚viral #trendin #temudelivery #sallytp #tiktoksa #limpopotiktoker #2024 #viral #tiktok #newdancechallenge #newdancechallenge ♬ Oh No (Instrumental) – Kreepa
„Ме измами!“, напиша таа покрај видеото кое е прегледано 2,2 милиони пати, а во описот накратко додаде: „Плачам“.
„И мене ми се случи ова“, „Плачам од смеа“, „Само што ја нарачав истата чанта – веднаш ќе ја откажам нарачката“, „Не купивте чанта, купивте приврзок“, „Минатата недела добив мали чевли“, напиша тик-токерите, но некои коментираат дека можеби таа не го прочитала внимателно описот на производот.
Забава
Инфлуенсерка се пофали со необичен фустан, луѓето ја исмејуваат во коментари

Австралиската инфлуенсерка Картија Малан, која живее во Лондон, на Инстаграм се пофали со фотографии на кои позира во необичен фустан, привлекувајќи го вниманието на нејзините следбеници.
Инфлуенсерката, која има 486.000 следбеници на Инстаграм, се пофали како се подготвува за лондонската модна недела, позирајќи пред огледало во бел фустан со црвени дамки, креиран од брендот Ди Петса.
Слични фустани од овој бренд се продаваат за 7.000 долари (6.690 евра), но наместо цената, следбениците повеќе ги интересираше зошто фустанот ја прави да изгледа како да има менструален циклус, а имаше и забавни коментари.
„Ова е она што јас го фустан-менстурација“, „Тоа нешто кога ќе протече“, „Ова е лудо“, „Ајде да ја нормализираме менструацијата“, се само дел од коментарите.
Инаку, откако нејзината објава стана вирална, инфлуенсерката напиша дека не го забележала „проблемот“ и дека се чувствува „како сирена“ во фустанот.